Навистина не можам да сфатам како толку се мразиме меѓу себе и толку ми е одвратно кога ќе прочитам :"Сама си го барала, ороспија била, ова била, она била..." Што ви е пак на вас гајле што била, нејзин проблем. Гледајте вие да сте поарни од луѓето што снимале и сеир фаќале. Ех, јас да сум била ќе сум и помогнела! Пред да ги заклучат коментарите по групите на фб, напишав дека дивите таксисти најчесто се бивши затвореници. Напишав дека во такво такси да ти е страв да се качиш. Со што ми се уфрли членка како не ми било срам да кажам такво нешто без да знае дека мене таксист ме нападна во такси, ме заклучи во кола и ми рече дека ќе ме носел во кафана наместо дома бидејќи сум имала убави нозе и можел убаво да заработи на мене. Ова се случи пред 2 години, искачајќи од привилиџ во парк. Јас мислев дека диви таксисти веќе не постојат бидејќи законски не беше дозволено, а баш кај дискотеките врие од полиција. Ама само сум мислела. Го памтам ко вчера да беше, како лекција да пазам кај влагам. Затоа не ме ни чуди постапката на овој што се прави јак маж фрлајќи жена на земја, па и гола. Овде да беше ова сигурна сум дека ќе беше во затвор. Можел да повика полиција, со помош на минувачите да ја смири жената, а не насилнички. Кога се случува сообраќајка, излагате да го натепате тој што ве удрил? Луѓе, кола се купува, човечки живот не. Имајте го тоа на ум.
Да, а додај на тоа дека таа и слични на неа константно напаѓаат други жени на форумот. Како што покажуваат и останатите твои постови тука, тоа што ќе го прочиташ, не го разбираш. Јас на пример го осудив начинот на кој жената беше турната, ама ти пак мораш да алудираш на мој пост и меѓу останатите и него да го извртиш во својата цел да бидеш форумска морална величина. Да, билдање его ти е тоа што сакаш да се претставиш како хуманитарката, највисокиот етички авторитет на темата, другите зли сеирџии кои треба да се нападнат со остри реплики, оти ти продуктивната за општеството преку коментари на теми каде се врткаат истите тие сеирџии. Дури и сама си свесна дека ништо во светот нема да поправиш нафрлајќи се на речиси секој што коментира (и тоа без да разбереш што коментира). Никој не ти брани да се активираш на терен, да бараш хулигани низ град и да им подаваш раце. Ама кога некој ќе напише нешто на форум, не му се обесувај, ниту индиректно немој да му извртуваш зборови, оти залудно го трошиш и неговото, и своето време. Освен лајкови, друго фајде тука немаш.
Толкава дискусија за проста тема за која не знаете ништо и само можете да се карате,браво Македонија У извинете Северна Македонија
Ако дојде некој и пример ти крши кола ако ништо не превзема никој да ти помогне да ја тргне психопатката шо ке направеш поарно да ја бутнеш отколку да имаш после 1000 стресови. изгубена работа, да ја плати колата, да траже друга работа.. Се гледа јасно на видеото дека и е нешто и дека од пијанство паѓа така доле повеке. Значи вака трезно нема шанси ајде сите голи ке шетаме ке кршеме па тоа у свето ке настане еден неред. А за таа дали е била пијана или дрогирана незнам, нормална била није...
Да и сметам дека жената е крива во овој случај и таксистот требаше да не покажува толку голем гнев ама жената ми личе на шизофренија или наркоманка на лсд ваквите во Америка полицајците ги тепаат бидејки наплашуваат и деца голи што се шетаат
Ехаа, а да видите пред два месеци некаде каков сеир имаше на клипче мажот кајшто ја клоца жената во ќоше кај Глобал во Струмица оти ја видел со швалерот. Па браво, па така требало местото да ѝ се покаже... ама немаше кој да го сподели на Твитер. Тоа беше претепување. Овде прекинав да читам после „Носи црн молив околу уста...курвите така носат.“ Повеќе од очигледно е дека Дијазепамот треба да го сместат во месечни примања. И курва да е. Ајде ќе ја убиеме. Ние со златните вагини, што бисерче ни се рони секојпат кога ќе не пипне машко. Значи рајава поаѓа од тој мајндсет и се занемарува секоја друга логика. Алал! Френкли, не е ни прв, ни последен случај, па да ме занима толку да копам што се десило и што психолошки профили имаат двајцава. Едино гледам што се погодил некој херој да снима за да си качи рич на Твитер, едно чиче што замавна со раката кон таксистов демек остај ја, и една буцка што кажува рецепт (чинам така рекоа експертите) по телефон дур другава лежи на тротоар. Као, не ѝ се поминува улица, сака да гледа сеир, ама демек презафатена е на телефон за да се вмеша. Епа, фиромче ин а натшел... Од друга страна, цигани у маало ми имаат крадено ретровизор и бришачи, а со тоа ми го пукнаа и ветробранското. Ги видов од тераса. Да бев во моментот долу, за уши, и право они ќе плаќаа како знаеја. Триста евра ко ништо фрлив за промени и мајстори. Реално, ваљда ја ќе го јадев ќотекот ако им излезев, ама па... Муабетот ми е: за проста раја не постои полиција, немаат доволно вијуги да решат по правен пат. А, и што полиција па способна имаме...
Како можете од едно видео да заклучете дека е шизофренична? Алал ви вера. И мене шминката ми бодше очи,но кој знае можеби така си ужива. Да ја затепал поради тоа што немала ситно е апсурдно. Во секој случај насилството не е решение.Можел уредно да повика полиција и ќе се среде работата по легален пат.Ама те мачо мен мора да се покаже со трескање од земја. Ни мажот ни жената не се китки за мирисање во дадената ситуација.
Многу брзо поставуваш дијагнози, алал да ти е. Ако учеше за психијатар, ќе знаеше дека ако жената има шизофренија не е крива, дека и треба терапија, а не ќотек. Доста се брукаш по форумот.
Посекако ќе изгуби работа, изврши насилство. Немаше да изгуби работа ако не ја шутнеше. Ако некој дојди и ми крши кола ќе викнам полиција, како цивилизиран човек.
Тој што е платен да не штити,како постапува со луѓе.... Цитирам: Државен службеник што го замолив да не ме турка буквално ми ја затна „муцката” со раце. Според него тоа беше соодветно за да не ме фрли по скалите како што заслужувам. Знаете што ќе смени ова, ништо. Ќе продолжиме да си живееме во земјава, кај што насилство иде по заслуга, особено кога не преќутуваш, пишува Сара Миленковска на Фејсбук, а потоа објаснува што се случило. Полиција изврши претрес на журка, и со тоа и заврши(ма да и до тогаш траеше). По завршувањето си се упативме сите по тесните скалички нагоре (Плажа Оревче). И они како се движеа се дереа и туркаа, и јас го замолив да не не турка. Веднаш почна со навреди и закани на кое јас го замолив да се легитимира, тука застана пред мене и крена рака за да ме уплаши и после ме стисна за уста. Бидејќи имаше др луѓе и колеги, го држеа за да не продолжи со тоа што наумил.
И двајцата се криви, кој повеќе кој помалку, и двајцата треба да одговараат, секој со соодветна казна за својата постапка.
Не ме интересира дали е проститутка, наркоманка, ненормална или било што друго што се врти по социјалните мрежи, оти што и да е не го оправдува насилството, освен ако е во самоодбрана а на видеото можеме да забележиме дека таа НЕГО лично не го нападна, па за да биде во самоодбрана, туку проба да му го скрши брисачот по што тој ја тргна и после тргањето ја бутна прилично силно иако можеше само да ја тргне на страна. За негова среќа поминала само со модринки и гребаници, да лупнеше со глава на лошо место дури тогаш ќе си направеше проблем таксистот. И да, да беше маж истото ќе го мислев, вие истите што зборите дека различно ќе сме реагирале доколку бил маж сте првите што оправдувате насилство ако е врз маж. Пожално од тоа што ја бутна, шо ја викаше ненормална дроља и шо избега на црвено таксистот е уствари оправдувањето на неговите постапки и „малку и беше“ досетките. Особено жални се тие од жени што не сфаќаат дека на нивната ќерка може да и се случи истото некад, ама тогаш нема да го оправдуваат оти нели за свое чедо боли. Со вакви жени во државава не ви требаат мажи сексисти, сами си ја вршите таа улога Е сега, изјавата дека ја нападнал оти немал ситно да и врати некако не ми држи вода и најверојатно крие нешто девојката, интервјуто беше прекратко и не ја ни прашаа зошто беше гола нагоре, што се случило детално пред да се обиде да му ги скрши брисачите, зошто имаше крв на носот и модринки пред да ја бутне и тн.
Не ми се верува дека сте посветиле 22 страни и сте во некој еф-би-ај фазон, па сами се обидувате да дознаете каква е всушност реалната приказна, па хипотези, па чуда... па едни мислења, па други шпекулации... Хаос. Мене едно ме загрижува. Како СЕКОГАШ, кога ќе се случи нешто што отскокнува од нормалното, се фаќате за телефон и успевате да снимите сѐ? Зошто никој не реагира, туку побитно е сеир да се фаќа? Не, озбилно... мене би ми било страв да фатам телефон и да вперам во некого. Ама воопшто не ми е гајле што точно се случило, насилство не е дозволено ни од маж ни од жена, ниту пак е дозволено демолирање на туѓи автомобили. Немањето осет за самоконтрола, лечење фрустрации и насилство станаа синоним за државава, греота. А, искрено се запрепастив од нецивилизацијава што владее, не мислев дека ситуацијата е отидена олку.
Да ти е страв да прочиташ вести у мкд : - маж и жена бркаат маж со сатар - таксист тепа гола девојка на улица -скопјанец претепан у кафана, итн. итн