Може за ситуацијава не се дознаа вистинските причини, но од ситуацијава го видовме на дело македонскиот менталитет закоравен од дваесет и друга... П.С што менува у ситуацијава дали женава е наркоманка или одела со многу?
Инаку, ќе се согласам и со уште еден факт, а со тоа ќе си го потврдам мислењето околу нашето најниско можно ниво на развој и самосвест. Не знам како одат статистиките во глобала, ама да речеме дека секоја трета женска особа е жртва на семејно насилство, па и не мора да е од сопруг, од дечко, татко... сеедно. Македонскиот менталитет не се гради од денес, па и во самата литература имаме примери дека тоа нѝ е вкоренето уште од минатото(Конкретно зборувам за Крпен Живот, каде што Доста зборува дека жената не била жена во селото, ако немала претходно "изедено" ќотег од мажот). Поентата ми е, со тој конзервативен став сме и години после, женското е послабиот пол, сосема нормално е мажот да е оној кој ќе се пресметува физички со неа за било каква ситница. И колку примери имаме каде што жената поради срам, поради "што ќе речат луѓето", фамилијата, ами децата...останува во токсичен брак и преминува преку насилство, оди напред? А, за оние што остануваат во врска со насилен партнер, патат од малограѓанштина и немање храброст за спротиставување. Насилството опстојува поради секоја една женска единка што го преќутува доживеаното искуство. Со самиот молк мажот си го набива егото и мисли дека светот може да го освојува преку шамари и клоци. Се ежам од самата помисла на насилство, а ми се чини дека би се ужаснала да го видам јавно. Секако рози не цветаат во животот, ама дека ќе решиме ако се исколиме секој со секого, не верувам. Како што се изјаснив, не ја оправдувам нејзината постапка, всушност не сум овде да судам некого, но ми се допаѓа што темава на некој начин отвора широк хоризонт за размислување и конечно да се сфати(ако се сфати) дека секоја физичка пресметка на маж кон жена НЕ Е НОРМАЛНА, и е насилство.
Не го плукајте тој/таа што снимал. Да не беше објавено јавно видеово, ситуацијава веројатно ќе поминеше како една обична улична караница без интервенција на полицијата. Вака барем полицијата беше принудена да реагира. Жално е што на фејсбук твитер и сл. мораме да ги буткаме институциите да работат, али јбг, и тоа е понекогаш начин.
Делумно се согласувам со твоето мислење, а конкретно за ова цитираново сакам неколку збора да напишам. Во случаи кога има насилство, снимањето може да е, и е корисно, затоа што ќе послужи како доказ дека се случило истото и оштетената страна ќе може да поднесе тужба. Барем насилство не треба да се молчи и да се крие. Ако нема снимка, ако нема доказ, ќе биде само било, поминало и никому ништо. Е сега, снимките такви на мора воопшто јавно да се објават, туку само да се приложат во станица ама ете има и некои кои сакаат да се истакнат. Ај тој снимал, ама оние другите чии гласови се слушаа и се гледаа во кадар, тие не снимаа, од нив некој требало да помогне. Значи, ако има повеќе луѓе, еден да снима а друг да помогне не мислам дека е лошо, но ако е еден, е во тој случај место да се фати за џебот да извади телефон, треба да помогне на жртвата. Но и sjdgo e во право, дали од немање храброст или не знам од што, ама стварно ретко се осудува некој да помогне и да се вмеша помеѓу две вжештени глави.
Сфаќам да го снимаат затоа што сакаат да предизвикаат акција кај надлежните, ама јас се сомневам дека причината со која некој ваѓа телефон при вакви ситуации, е таква. Вооошто не ми се допаѓа истото видео, преземено од илјада портали, а одоздола од младо до старо се препукува, пцуе, навредува, што не. Обожаваме да судиме туѓи животи и да оправаме, а при тоа да се служиме и со најгрдни зборови. А, за тоа дека луѓето отстрана се пасивни посматрачи, ќе се согласам, обично такви сме ние, не сакаме баш да се 'вплеткуваме' во ништо, стоиме на страна. Истото се случува кога треба да се заземе став или да се одбрани некој, ние сме први што ќе се задскриеме во некој ќош и ќе ќутиме, а утре истото нѝ се случува, па немаме право да збориме дека не сме добиле помош. Ако државата треба да ја потсетуваш дека треба да работи, да треба да иницираш МВР да си го решава случајот, плукни ѝ се на таа држава. Средена држава си има специјализиран кадар, си има безбедносни камери...ама убаво кажал некој претходно, сѐ тоа корумпирано и исполитизирано... па мора да се снаоѓаш. Или како што рече, доколку обичниот граѓанин на соц. мрежи не го засега оваа ситуација, а видеото се приложи таму каде што треба, ќе сметав дека е снимано со најдобра намера.
Многу значење му дадовте на инцидентов. Ова е посебен, изолиран случај. Нема потреба тука некој да превзема улога на народен правобранител. Постојат институции, соодветни постапки, па оштетената може да си побара правна заштита. Пс. Секој нека си го гледа сопствениот двор.
Ми врие вистина, не знам зошто ми се фати за тоа. Кога го видов видеото и видов како ја турна жената и оваа падна крв ми зовре, не знам што е толку контроверзно во тоа што го кажав? Не викам дека ако би видела обратно не би ми зоврела крвта, тоа се пробувам цело време да ти кажам дека тоа е друга тема. Не реков дека оправдувам насилство од женски кон машки пол. Исто мислиме, стварно не гледам причина зошто и понатаму да се убедуваме. Него дај кажи што правиме со оние 50% на форумов и 90% од фејс коментарине кои ја извреѓаа жената и кажаа дека она не е насилство, дека насилство би било да продолжел да ја тепа? Дека не е крив он и дека оваа сама си барала да јаде ќотек? И уште еднаш ќе те прашам, ако се утврди идентитет на господинов дали би се качила кај него у такси? Дали сметаш дека треба да работи со луѓе он? И последно, дали ако и се случи ова на твоја мајка/сестра/ќерка ќе сакаш да си сноси одговорност насилникот или ќе викаш ама чекајте луѓе и жени тепаат мажи?
Devojkata ne e gola tuku kombilizonot i se ima spusteno dolu neznam kako mozite da tropate samo gluposti,a kako i od koja pricina seuste neznajme bidejki nikoj od nas ne bese vnatre vkola. Ne opravduvam nikakvo nasilstvo posebno ne za 50 denari(ako bile tolku pari vo prasanje). Znam deka e tesko i znam deka lugeto se macat i denar po denar gi sobiraat parite,no ve molam kade e naseto covecko dostoinstvo da se sutka i turka na vakov nacin zena na sred ulica. Ako devojkata ima psihicki problemi ili problemi so narkoticite zarem vaka treba da ti tretirame lugeto na koj mu treba rehabilitacija ili soodvetna terapija?Razbiram nekoj da e nervozen no ni zivotno ne tretiras na vakov nacin koga si nervozen a kamoli covek. Ne sum tolku sokirana od sluckata kolku sto sum sokirana od faktot deka na sred bel den ova se slucuva i nikoj ne zastanva i ne prioga na devojkata barem da prasa sto se slucilo ili da viknat nekoj da intervenira,ne mora nikoj da ja dopira boze gospode. Decata koj vo toj moment bea okolu i go vidoa ova ili tinejgerite utre ke go pravat istoto i ke mislat deka toa e pravilno i taka treba.Gledam i nemozam da poveruvam kolku sme stanale surov i gaden narod bes troska milost. Uzas stramota,stram da ni e na site,go doprevme dnoto bez nikakva dilema.
Сум имала мал милион случаи каде таксисти се обиделе да ме украдат, имам пишувано и на форумов случка каде таксист се обиде да ме украде за ДЕСЕТ денари. Мојата реакција на тоа беше поставување на прашањето дали е сигурен дека сум му дала точна сума. Поставување на прашањето три пати. Е сега си размислувам, што ако му здосадев и ми ја залепеше една за да ме заќути? Зборот ми е дека не се сите таксисти срциња кои само се обидуваат да си заработат на ЧЕСЕН начин за да го истераат месецот. Ниту пак на сите таксисти им пишува на чело дали е агресивен или не, па да знаеш на пример дали воопшто да се обидеш да се разбереш во врска со плаќањето. Генерално од милион и еден пример досега што сум ги имала со нив, можам да кажам само дека имаат исклучиво непрофесионално однесување на работно место. Да, за нив таксито е „канцеларија“ и таму треба да се однесуваат професионално, што воопшто не ми изгледа така во ситуацијава штом женава е полугола и до тој степен исфрустрирана. Во однос на вината и двајцата се виновни, НО во однос на кој носи потешка вина дефинитивно е тој. За насилство се лежи во затвор, за кршење кола казната е парична. Оттука се гледа многу јасно што е за поголема осуда. Инаку читајќи ги коментарите на поединци во темава само ми се потврди теоријата дека оние кои еднаш оправдале насилство ќе оправдуваат СЕКОГАШ и СЕКАДЕ, без разлика дали се работи за удар по раче на дете или за залепување на жена за тротоар. Еднаш насилник, секогаш насилник. И слободно осеќајте се навредено, уопште не ми е гајле. А на вакво општество каде од петни жили треба да се трудиш за да останеш разумен, му нема оправање. Евр.
Ок, ќе се држиме стриктно до оваа тема и до тие 15 секунди од видеото и може да збориме за таксистот, жената, пукнатините на тротоарот и асфалтот, времето, птиците и сѐ што е опфатено на таа снимка. Никако други аспекти на насилство. И ете пак некако, со тоа што посочив дека доколку ова би се случило на жена, да нападне маж, испаѓа дека јас ја миноризирам сериозноста на актуелната случка, дека го оправдувам насилството врз жени правејќи дистракција со друг проблем кој е практично непознат (не дека не постои), и се разбира, спаѓам во групата на "сама си го барала, види ја како е облечена". Да се разберевме, немаше да ме прашуваш по вторпат за прашањата, затоа што мојот став за насилство е многу јасен. Но, во духот на мојот сарказам, ќе ти одговорам: 1. Би се качила, со тоа што секогаш ќе носам ситно, никако страплес маички, фустанчиња и комбинизони и на лице минимална шминка 2. Да, треба да работи со луѓе. Некогаш мора да има некој што ќе им покаже каде им е местото, на жени особено. Човеков се гледа дека е усовршен во буткање, а се гледа и дека не е насилен и да тепа, па сметам дека за шалтери во јавни институции е идеален 3. Ако се случи ова на моја блиска личност, ќе ја утешам со следните зборови: "Ќутиииии, има и полошо. Замисли машко да беше, сите ќе ти се смееја, никој немаше ни да ти верува дека физички те нападнала. Имам убави прерамки за комбинизонот, дојди да ги зашиеме." И да ти одговорам, што со тие што коментираат дека ова не е насилство. Јас уште водам борба со оние што мислат дека е во ред да маваш 2-3 воспитни на детето за добро утро, чисто да се знае кој е авторитет, односно кој родител, а кој дете. И не, не правам дистракција на проблемот со друг проблем, само ти укажувам колку насилството е секојдневие во животите на тие процентите погоре што ги кажа.
Не само меѓу две вжештени глави, мене ме револтира кога девојче е вознемирувано од манијак, а луѓето не би мрднале со прст. Евентуално некој помлад човек/дечко доколку се најде во близина би изреагирал, останатите само гледаат и прават да се осеќаш непријатно како ти да имаш вина ако се развикаш на будала од улица што те следи. А за вакви хулигански пресметки ниту јас не би се доближувала, искрено. Битно е да се викне полиција и тоа е тоа. Уште фали мене да ме нападнат и да вежбам карате, да ме има на портали. Зошто луѓето стојат и гледаат кога не прават ништо, не ми е јасно. Продолжи си по патот, бркај си работа, не барај непродуктивни теми за разговор наредните денови.
@NarCis@ Бреј ама не се разбираме. Никој тебе не те окриви за ништо, баш немам таков впечаток дека оправдуваш насилство, не знам од кај се пронајде во тоа. Баш напротив, ти прва ме цитираше мене дека било погрешно оти крвта ми вриела кога гледам како мажи тепаат жени. Ми врие, како што и треба да биде, ама ми врие и за сите други форми на насилство. Одлучив свесно да се фокусирам на оваа случка, што не значи дека немам коментирано и во други теми против насилство, си стојат моите коментари, во соодветните теми си се. Плус имам сто пати пишувано колку ме нервира тоа родово делење на дечињата, баш пред некое време пишував против таа на твитер што напишала дека машките не ги личи да плачат. Немаше да те прашам втор пат ако ми одговореше уште на прва. Ова каде ти саркастично одговараш не е сарказам за многу жени, еве ги тука на форумов ги имаш. Не измислувам, пак ко грамофонска плоча ќе се повторам дека имаше фокус фрлено на се што е небитно од типот на која е, со колку мажи била, што носела, како била нашминкана, каков молив за усни користела, дали користела наркотични средства, фали уште кои и се кумот и кумата да и ги пишат тука за онака да имаме целосен профил нејзин кој апсолутно никако не е релевантен во приказнава. Да, ако го нападнала прва у таксито и го повредила некако јас прва ќе дадам осуда и ќе речам дека треба да си сноси последици и ич нема да ми е битно што е жена, ако прва почнала со удари нема да ја бранам. Можеби се тригернувам олку пошто и мене ми се има случено многу непријатно искуство со таксист, кога си доаѓав од викенд у Охрид, надвор врнеше па се качив у првото такси што го видов. Типот беше нешто како овој, сам возеше такси а не за компанија. Почна да ми збори у таксито како тоа сама сум се движела низ Скопје, можело да ме украде некој, што правела убава девојка како мене сама, кај ми бил дечкото, дали сум сакала да ме носи по ручеци, почна да кружи по патишта кои дефинитивно не беа најкраток пат за да ме донесе до дома. Во моментот и пишав порака на другарка ми да ми се јави, па откако ми ѕвонеше телефонот се свести малку и заќуте. Кога ја кажав случкава знаеш што коментари добив? А ти што носеше, а да не му спомна нешто, а стварно кај си идела сама, а зашо не си му одговорила само културен бил муабет ти правел. Тоа е тоа што цело време го дробам во темава, дека акцентот пак се фрли врз мене, наместо на него дека е манијачиште кое смара девојки. Пак јас бев како пред инспекторат, да искочеше вака на видео веројатно и за мене ќе се коментираше како сум била облечена, што сум барала сама у такси, веројатно и сите бивши дечковци ќе ми ги најдеа. Не велам дека сите коментари ќе беа такви, ама голем број ќе беа. Како што уствари се случи и кога кажав. Again, не викам дека ти би го рекла тоа (стварно не помислив воопшто на тебе коа го пишав првичниот коментар, ако некој ми падне у очи го цитирам), ама дека го велат - го велат.
Како заклучивте и осудивте од снимка од 15секунди не ми е јасно. Во колата може жената да го има мавано по глава шоферот и се и сешто да се има случувано. Ама неее дека е маж па сигурно он им пробано да ја силува па оваа наместо да бега и да бара помош, почнува со демолирање на возилото и да се расправа со него. Вие така би реагирале да ви се случи истото? Па и да не е силување, туку ако ви се испонаша зошто немате ситно ќе испаднете и ќе пробате да го демолирате возоилото? Секоја приказна има две страни.
И тој невиниот, ќе ја турка и ќе врши насилство. Ако сакаше бацето да не виновен туку дотичната да беше само виновна, немаше да биди толкаво баце. Сега сам си ископа дупката.
Не сум за насилство било врз маж или жена, но таксистите не ретко се мета на секакви испади, напади, ограбувања и сл.
Се надевам дека и двајцата дивјаци ќе си добијат казна , со такво дивјачко однесување и двајцата заслужуваат казна . Инаку да го видам ова во живо би викнала полиција а не би доаѓала да помагам да се мешам ,мојата безбедност пред се ,од каде да знам какви се можам и јас да настрадам глумејќи мајка Тереза . Нека излезе веќе МВР да каже што навистина се случило.
Чекај како бе така осудувате без да знаете што навистина се случило? Можеби навистина пробала да краде, да не плати или пак тој пробал да ја силува. Ако е вистина дека пробала да избега или да не си ја плати сметката си заслужува и ќотек, безразлика што е жена. Човекот од таа кола лебот си го вади.