Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таксист нападнал жена

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од christinnn, 25 јули 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Едно прашање од милион долара каде и е на жената новчаникот и ташната и од каде извадила илјадарка? Сигурно у рака нема да го носе кусурот |(
     
    На zalosna и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.804
    Сомнителна е жената, лаже, ама кутар таксистот сега заради будала ќе мора да одговара.
     
    На nextredstyle и zalosna им се допаѓа ова.
  3. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.982
    Пол:
    Женски
    Мене муабетот "му извадив иљадарка и неќеше да ми раситни и ме нарече наркоманка" ми е муабет за мали деца. Чоекот на видеото беше здивен,има нешто друго тука шо смрди не дека малава е толку без грев.100 пати сум се возела со такси и сум прашувала дали има да ми врати кусур ако не сум раситнувала у тобако шо ќе ми се најде уз пут за да можам да платам.Фала Богу досеа никој не ме натепал,ниту ми рекол "наркоманко една".
    Не го оправдувам таксистот што ја удри бидејќи насилството не е мерка за докажување на вистината ниту пак мерка за решавање на конкретен проблем.
    На видеото цурава многу лошо падна на главата,и за малку можеше да се деси нешто опасно,па он да си го јаде по затворите и дома да остави деца и жена да тагуваат по него,и тоа поради што? Поради некоја безобразна жена.
     
    На Mrs. Lovett, ЕденЧлен, hellocity и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Kako pisuvas ko da se raboti za zivotno,a ne za covek.I ima bezobrazni taksisti sto vregjaat.
     
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    13.531
    Пол:
    Женски
    Па и вие за таксисот пишувате како за животно, а не ги знаете двете страни.
    И има и безобразни жени.
     
    На kim.k, Asparagus, ЕденЧлен и 7 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова ви се мажите што го бранат таксистот.
    IMG_20190729_135405.jpg
    П.с. коментарот е јавно достапен и преземен од јавна страна, имам секое право да го објавам со се име и презиме (личноста свесно и самостојно го поставила).
     
    На Srckata28, crimson, violetblue и 14 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.495
    Пол:
    Женски
    :o :o :o :o :o

    Луѓе кои го бранат овој се насилници кои тепаат жени? ШТО ЗБОРИШ?

    Исто не е тепање ова, ако можеше вратен прешлен да скрши и инвалид да остане или да угине. Малце ја подбутна само, гарант е дрогирана затоа вака лета.

    Физика чиста ти е тоа, ако не знаеш земи седни прочитај си.
     
    На Nausicaa, ocicka2014, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нов закон да се донесе, закон против гравитацијата.
     
    На Leviosa2503, Nausicaa, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Предлагам таксистот за светец да се прогласи. Кутар човек. Кој знае какви трауми преживеал со женава  :wasntme:
    А и споменик заслужува.

    Сите што поддржувате насилство сте исти како него. И да не сте кренале рака, пак сте исти. Поддржувате тепање и ова не е прва тема кај што некои членови си ја покажувате злобата.

    Таксистиве не се цвеќиња и напатени души. Има фини, ама има и сељаци насилници. Ако сте немале лошо искуство, не значи дека не постојат одвратни.

    Слична случка имаше и другарка на која немал кусур да и врати. Почнал да се дере, да вика и ја избркал од такси без да му плати.
    Му викала да раситнат, да ја почека, ама говедото се понашал како пештерски човек.

    Ама да, кутри таксисти. Само тие имаат лош ден.
    За корка леб дозволено им е и човек да убијат. Само тие работат и хранат семејства, па имаат право со палка да шетаат. Ние останатите собираме пари од дрво.

    Не очекував дека толку поддржувачи на насилство имало на форумот.
     
    На mime87, crimson, violetblue и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Кога одев средно и возачи на автобус им се дереа на патниците, уште да станеше еден шофер да се тепаше еднаш. Ама си го вадат лебот и дозволено им е се нели.(fingers)
     
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    По името не ме чуди. Така се учени и се сведоци на млатење жени во фамилија, нема менување на таквото размислување.

    Со такси не памтам од кога се немам возено, уште помалце пак сама. Не сум имала некое ептен непријатно искуство, али нејќам ни да создавам прилики за такво.
    На снимката се гледа насилството, типот за тоа треба да одговара зашто не сме ебан див запад, а како дошло до тоа насилство, ако уопште има причина, нека си испитаат надлежните. Среќа што немаме дозволи за оружје ко во америка, досега народов ќе се испоубиеше еден со друг ради тоа што не тргнал одма на зелено на семафор.

    Инаку, јас лично не би се мешала во тепачки што не ме засегаат. Реален муабет. Не би дозволила ни дечко, брат, братучед, било која машка особа ако имам до мене да се вмеша. Во многу случаеви баш тој што се вмешува знае да си го окрка, а со силеџии нејќам да си имам никаква работа.
     
    На tigrica92 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мене лично исто ми се фаќа дали утре ќе седнам во кола кај овој таксист или некој друг. Колку што може овој да ме нападне, толку верувам дека може и некој друг. Доверба немам во никој, па ни во близок.
     
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.567
    Прирачник за самопомош. Ова секако од моја гледна точка, како јас би се поставила со вакви нафурани сурати.

    Ако некоја ви крши кола или друг имот, од било која причина, пробајте следно: добро старомодно влечење за коса, заривање на нокти до крв, а ако возврати, пак наврати и` се. Па нека испаднам и насилник. Ова ако сте нестрпливи дури дојде полиција. А ако имате трпение, не ви е битен степенот на штета или нејќете конфликти од ваков вид, снимај со телефонот, па после бркај со полиции. Нека плаќа кучката поправки и нека се влече по судови.

    Ако бељаџијата е маж, физички конфликт никако. Ќе го јадеш подебелиот крај. Освен ако немаш некој црн појас по карате, па да се пробаш. Или ако имаш ротвајлер/маж/дечко во близина, тогаш свикај ги. ;) Па нека има фер борба. :muscle: Ако не, викај полиција и сведоци на настанот.

    А вие мажи, никогаш немојте да дозволите да бидете селски опинок и да удрите по жена. Поодвратно од ова нема. Па што и да е причината за бесот, останете со ладни глави.Бидете креативни и најдете начин да ја смирите ситуацијата. Од ова зависи дали ќе ве запаметат како селска џукела или џентлмен со многу висока точка на топење.
     
  14. grunf

    grunf Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Користете проверена такси компанија (компании). Фино ќе се јавите на бројот, ќе ве прашаат за релација и ќе ви кажат за колку време ќе дојде кола. Не би требало да чекате повеќе од 5 мин. ако сте во Центар. Ако немаат возило - друга компанија, има апликација за тел. со регистрирани комп.
    Не влегувајте во непознато такси возило, само затоа што во моментот ви притребало, може да се погоди и да е див таксист, кој чека жртва да го одере. (Што не значи дека и овие другиве им недостасува креативност). Знам за случај на жена која живее во странство, ја однел со колата на непозната пуста локација, ноќе и се заканил дека ќе ја остави ако не му ја исплати бараната сума на пари.
     
    На Martka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не дека вреѓам националности ама пола од албанците се вакви имам и во мало две семејства лабански жените несмеат да писнат..
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ја почитувам секоја Нација и Вера,али тука си потполно во право,како што жените не смеат да работат,така и не смеат да писнат за насилство.Едноставно за жал поголем дел од жените на Албанците,се како робови,раѓаат деца,и ги чуваат,ни работа,ни искачања,никакви права немаат.Не сакам никого да навредам,уште сега се извинувам,но гледаме и сме сведоци за жал,дека е како што опишав во постов.

    Иначе да се навратам на случкава,другар еден случајно видов на Фб пишал некој пост за девојкава,и му пишав абе ја знаеш оваа од видеово,и вика да бе брат,цела К.Вода порано ја имаше поминато,вика за пари се давала,плус и многу се дрогирала,и му реков само аха ок.Не е битно,дали се дрогира,или се продава за пари,едноставно никој нема право,вака диво да се однесува,колку и да викаме и лажеме дека не е насилство,насилство е,едноставно ја бутна и падна девојката на земја.Зашто било,и што било,они двајца само си знаат,секој ке си одговара за себе.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не е битно дали е проститутка и тоа е работа ако на некоја и треба пари за лекување пример за детето неможе од една фирма од 200 евра да го лече ако е сама мора да се снаоѓа тоа значи нема веза, не го знаеме на видеото кој е виновен ама мислам дека се и двајцата претходно незнаеме што се дешавало. Иако споменав дека жената ми личе на сомнителна особа ама изглед вара незнам...
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Реално, и мене некој да ми се закачи и демолира кола, прво шо ќе напраам е да го оттурнам одтука.
    Таксистот малку бурно изреагира,ја турна силно, ама не ја удри, а и не знаеме што е позадината. Муабетот дека немал ситно малку ми нема логика. Никој не беснее ради тоа. Според мене, ваљда му се соблекла и пробувала нешто со таксистот, па овој на семафори ја исфрлил.
    Инаку , посебно ми привлече внимание,што покрај толку минувачи, никој не и помогна на девојкава ни да стане од земја, ни да ја праша далли е ок ...македонска работа.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Абе толку ли и било тешко да си го поткрене корсетот?
    Јас во било каква ситуација да сум на нејзино место,прво градите ќе ги покријам па макар ме убиле на сред улица.
    Ни трошка срам нема типкава(facepalm)
     
    На Shalitra, Alisa22 и tigrica92 им се допаѓа ова.
  20. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Јас ја познавам тешка нарооманка и ороспија ефтина е и тоа плус сега брзо вреже ја зпознав и еден тип женет ми дава да изброшам слики пошто незнаел пу гадови сите