Значи ... шо е битен човечки живот, туку побитно е да се потчиниме на социјални норми по цена на човечки живот? Интересно.
Ниту туркање е во ред,ниту корнење бришач е во ред,ниту викање е во ред. И вербалното и физичкото насилство не чинат. Требало да викнат полиција или да побараат помош од минувачи.
Нормално дека не треба да се оправдува тој што ја турна, ама да бидеме реални, ни таа шо зеде да крши не е за оправдување. Можеби неговиот crime бил полош, но тоа не го намалува ниту нејзиниот престап, сепак двајцата треба да бидат казнети, секој за своето.
И двајцата се дивјаци уште по интервјуто на таа се гледа што калибар е и двајцата се насилници ,нека си добијат соодветна казна и двајцата. Ама гледам нема никакви новости за случајов како викаат секое чудо за три дена.
Така се збореше,ама небитно е кој почнал.И двајцата претерале.Целиот случај можел мирно да пројде,ама ете...
Секое чудо за три дена. За кршење бришачи се добива прекршочна,а за "туркање на асфалт" кривична. Зошто споредувате насилство со кршење бришачи? Се надевам дека ќе скапе таксистот во Идризово.Не менува ништо ако девојката е "уличарка" Насилство е буткање на асфалт и точка !
Да скапе во затвор за туркање?абе кај живееш знаеш?Каде Боки13 ти е најголем рекеташ во Мк,епа тука завруша секој разговор.
Утре ако бутне некој друг и го ничкоса на тротоар шо праиме? За секое дело мора да си постои соодветна казна и точка.
Ја ничкоса?Не,ке одговара за напад,тепачка,ке добие 3 год условна,ако има врски у полиција,суд,никому ништо.Во оваа вукојебина ни имало,ни ке има правност.
Ваша ќерка да "бутнат" вака ќе реагирате ? Можеби утре ваша ќерка ќе искрши бришачи..Ќе го браните ли тогаш напагачот?
Неможеме да знаеме дека ке помине казнено,ке го казнат ради тоа што има видео и се гледа туркањето,напад?Абе во оваа држава луѓе убивале,па не видеа све и свашата имало,па не лежеле затвор.Затоа и реков,во оваа вукојебина нема правда,тука во Мк ако имаш луѓе,полиција,суд,крај на сите приказни,барем гледате и сами што све се случува,да не се правиме мрднати. Во право си секој кој извршил напад треба да одговара,но во оваа мрдната држава,не е така,сепак правадата не секогаш иде на право место за жал.
Како па да не,одма во затвор ќе го стават. Луѓе во сообраќајка ќе утепаат некој недолжен пешак па во затвор по 2-3 години ќе добијат,овој за едно туркање ќе го затвореле, yeah sure
Да сме нормална држава треба и двајцата дивјаци да одговараат како прво за нарушување на јавен ред и мир .
Solzi mi potekoa od smeenje. Dali soferot dade izjava?Mislam deka nema smisla poveke da se diskutira ako ne se znaj drugata strana na prikaznata.