Од 10 сек видео, сите можевме да видиме: 1. Гневна гола жена која пробува да нанесе штета на такси возило; и 2. Гневен таксист, кој проба да ја оддалечи од своето возило, при што на крај ја оттурна применувајќи поголема сила. Како и секогаш, па и сега приказната се напумпа со што би било кога би било. Фактите се поинакви. 1. Жената не беше во опасност, жена во опасност бега. 2. Нормална жена ќе си го подигне топот кропот и ќе си замине, нема да напаѓа такси возило оти шоферот ја нарекол наркоманка. Еве што знам може требало да искршам многу бришачи оти шоферите во мое село ми нуделе пари со: “ој ми љочка, ела да те повозим у мој бмв, и прстен ќе ти купим”. Практично ми се обратиле како да сум проститутка. 3. За да нападнеш такси возило оти некој ти рекол наркоманка или треба некоја даска да ти фали или да си ја имаш мувата над капата. 4. Можел да ја ничкоса, можел глава да и скрши, можел ова, можел она, се хипотетички ситуации кои немаат врска со конкретниот случај, ниту некој суд каде било во светот би ги зел за аргумент. Што би било кога би било е фантазија. И баба да имаше к*р ќе беше дедо, ама нема и не е. 5. Таксистот ја носеше подалеку од неговото возило, не ја кршеше од ќутек уз пат, не ја шамараше, не ја газеше под нозе. 6. Употреби поголема сила на крај туркајќи ја на земја. Да беше маж може и немаше да падне, ама жена беше и падна. И за тоа негово непромислено однесување, нема оправдување и мора да одговара. 7. Намера да ја тепа или за било каков потежок вид на насилство на видеото немаше. Што претходно се дешавало во таксито, а за што не постои снимка, не знаеме, и џабе да претпоставуваме.
Вао јас го делам воздухот со тебе? Ако крадела да ја истепал а ако ја силувал што требала да направи?
Зошто ме цитираш мене кога не спомнав дека смее да го нападне физики под НЕКОЈА околност(во случај: силување)? Баш спротивното го тврдам, мислам можеш да заклучиш по контекстот на напишаното.