Ама зошто е гола? Тој дел не ми е јасен. И зошто ја снимаат овие дебилите од Канал 5 во модрата рака.
А не помисли дека се обидел нешто да и направи ? Aма не, ти одма го опрвдуваш него, дури па и насилство. Секоја чест
Се качуваш у јсп или шофер те тепа или контролор те тепа. У такси таксистот те тепа. Ако малце не си помудар во моментот го јадеш. Повлечи се со време за да те нема по телевизии форуми и фб. Не си турај трн у здрава нога. Заштити се себеси. Не се сили. Еднаквост меѓу полови нема и нема да има се дур не сфатиме дека физички се појаки.
А жена таксист вака да исфрлеше маж, ќе беше во самоодбрана, ќе беше храбра, ќе беше "за греота, кој знае шо ја малтретирал". СДК, понекогаш двојни аршини.
Браво, храбар маж. Што убаво ја исфрли, за дивење. Ете, да нема двојни аршини. Убаво звучи? Не сфаќате дека 90% од насилтвата се од мажи? Дури и оние што се врз мажи во поголем случај се од машко лице. ај заштитена категорија да ви гинаправиме мажиштава, да не смее некој ни да ги погледне на криво. Кутрите души напатени. За градите. Не носам градник. цицка - слобода, ако летаат ќе летаат, јбг. Комшијата утрово без маица се шеташе. Неговите поголеми се од моите.
А зошто е горе гола .. нешто не ми се уклапа у приказнава мислам дека е друго ,не верувам дека од што не сакал 1000ка да и раситни па полу гола му тегне бришач..
Зошто извртуваш зборови? Јас никаде не го одбранив таксистот, само не завземам страна за случка во која не сум учесник. Сѐ уште стојам на тоа, дека и двајцата може да се подеднакво виновни или жртви. И дека ова да ѝ се случеше на жена ќе беше гледано со други очи. Јас не сакам да бидам дел од таква рамноправност.
Не е ни прв ни последен пат таксисти да се однесуваат недолично. Мене лично ми се има случено да ми одврати кога му имам дадено покрупна банкнота ,1000ка. Што да ти правам ма сега со иљадарката? Јас само си излегов,без да му кажам ништо.Вриев ама се исконтролирав. Којзнае што се не и кажал на женава, сигурно и се споиле. Можеби не требала така да реагира ама да бидеме реални ,на сите нас ни се има случено жута минута. И никој не заслужува да биде турнат на тој начин ,што и да направил. А да била бремена и да се случило нешто?
И двајцата може да се подеднакво виновни = си го барала. Јас не видов никаде таксистот со исти интензитет да си го доби како жената. Значи ако биле подеднакво виновни не добиле еднаков третман. Ај вака од сега да ги решаваме ситуациите. Тој ја истреска, следно него да го истреска некој. Барем кога знае дека исто ќе си го добие ќе размисли два пати пред да дигне рака.
Имаше и друг случај кај што таксист нападнал девојка затоа што немала ситно. Ни прва ни последна. Утре некој ќе силува некоја за да си наплати "во натура". Пак ќе речат дека си го барала.
Јас потенцирав нешто друго. Насилството не е решение секако. Но доколку тоа го направеше жена, со други очи ќе се гледаше на случајот, а не треба.
Човек да не излезе од дома без пепер спреј е работава, во 21ви Век ние треба да бидеме на штрек цело време да не наидеме на искомплексирани амеби. Сфатете сите дека буквално на секоја од нас може да и се случи вакво нешто. Никој не е поштеден. Затоа треба да се регира бурно на вакви случаеви.
баш не треба да реагираш бурно ако немаш намера да завршиш во гепек. Муабетот ем шуто ем боде се работи и за ова. Кога гледаш дека е улав а посилен глеј да се спасиш себеси. Не да се силиш па да те натепаат. Откако ќе изедеш ќотек џабе ти е се. Ќе се бркаш по судови ама траумата ќе ти остане колку и да си била во право.
Познавам доста таксисти кои да сум надлежен ќе им одземам лиценца. *Пијан. *Дрогиран. *Усмрдена цела кола. *Манијаци Но неможе никој да го обвини таксистот кога не ја знае целата приказна. Можеби ја возел па немала да му плати,можеби и можеби ние може до утре да судиме и нагаѓаме. (Не оправдувам што ја бутнал,тоа само) Но има очевидци,има камери нека си истражат тие за што се платени. А ние може до утре да кажуваме и судиме. Македонче јбг.
Да беше обратно (жена бутка маж) во тоа не би видела ништо погрешно. Кога биологијата била пофер кон нив, општествено треба да се подолу, не еднакви. Така се поништуваат разликите и ете ти еднаквост. А и секој маж секако крие насилник во себе ама го вади на виделина порано или подоцна. Спојлер Некогаш мислев дека ова е погрешно ама сум била во заблуда.
мислев бурно да реагираме сите ние, да не се заташкуваат вакви работи цел живот и никој да не сносува никаква одговорност.