Имаше еднаш просто истражување. Ги прашале во табела внесат и мажите и жените што земаат со себе пред излегување. Кај мажите само паричникот и телефонот, кај жените 100 вида на средства за сопствена безбедност. И мене ми е преку глава од мажи неандерталци. Не дај боже да трепнеш на погрешен начин
Абе ти си во право, ама ако госпожа добрила се бори за моите права како жена, онда не фала. Не може некој што кочијашки се понаша ради трула навреда од рандом лик мене да ме претставува.
Физичката пресметка се случила предходно во таксито , зароа останала без маичката , се работело овој не и го вратил кисурот и оваа сакала од бес да му ги искрши бришачите ... Типичен балканец ! Да се знае кој е мажот , алфа мужјак ....90% од балканците се као овој тешки сељак ! Да бевме нормална држава сељаков ке беше во зандана ... ама не сме
A она од што не е типично балкански воспитана излезе од таксито културно пријави во полиција со регистрација бр на табла и се тоа и почека полиција на лице место. И двајцата не ги бива. Нели гледате у што живееме?
Од каде ова пак сега жената убаво си кажа дека ја врејгал а не дека ја нападнал додека биле во таксиот. Она по грешка наместо парите да ги извади од новчаникот ги извадила ( . ) ( . )
Сите сме сведоци на едно видео,каде маж бутка жена,и жената паѓа на земја. Но во целата приказна не знаеме што точно се случило пред видеото да биде снимено. Постојат многу фактори,постојат многу причини. На видеото се гледа дека жената е жртва на насилство. Но можеби и мажот е жртва на насилство. Едно што ме разочара е следново: Снимателот и останатите зошто не помогнаа во целата ситуација,него неколку луѓе? Ако таксистот е виновен. Доживотен затвор. Ако жената е виновна. Исто важи и за неа. Сите сме еднакви. Не судам на едно видео,но не го оправдувам потегот како ја бутка. Што мислите вие за оваа ситуација,какво е вашето гледиште на ова?
Не знам она сама тоа треба да го кажи. Предпоставувам дека носот и е раскрварен надвор од таксиот и ако такво нешто не можам да приметам на снимката.
Од видеото се гледа дека немало потреба да ја турне на земја, доволно било само да ја оттргне. Доживотен затвор Јас мислам смртна казна со бесење или набивање на колец.
Можеби има причина тоа јавно да не го каже ... јас многу пати сум дошла до вакви ситуации и го избегнував конфликтот заради што не сакам вакви сељачки работи , ама како велат попаметниот попушта ,глупиот се сили..
Денешново време е толку стресно и напорен е животот така што веќе никој нема трпение ....нула толеранција кон секого
Светот можеби може да се смени, но исклучиво треба да тргнеме од промена на себе. Да жиреме позитива и да научиме да се браниме од онаа негативната.
Mажот жртва на насилство при јасен предизвикан пад на жена сред улица, дали си сериозен со интрото на постот? Што и да се случило, ништо не го оправдува или намалува овој брутален и безмилосен удар. Живееме во земја каде жени се злоуставуваат и физички и психички, а зборуваме за рамноправност. Какво опасно лицемерие и иронија.
Никој не може да знае што се случило навистина.Реков дека не ја оправдувам ни неа ни него.Ние не знаеме,имате видео од 1 минута и толку.Можете да ја видите само површината на работите а вистинската длабочина не и тоа е тоа.Исто мислам дека нема потреба од ваква тема зошто ќе се создадат караници меѓу феминките а како и да погледнеш секој излегува дека е во право и секој излегува дека не е во право.Не би и дала внимание толку на оваа ситуација и би оставила тие да си решат.
Лицемерие е да се тврди дека жената е жртва на насилство кога убаво се гледа дека таа прва почнува да ги корне брисачите па доаѓа таксистот и ја бутка, не ја удира. И уште мртва ладна излегува пред камера и си кажува дека таксистот немал да и раситни па она од нервоза му ги искршила брисачите. Друга работа за конкретнава жена е што се работи за крајно проблематична особа, позната по скандалозно и недолично однесување и агресивност и тоа може да го потврди било кој што ја познава.