„Никој не можи да знае шо се случило“ „Ама не знаеме што се случило претходно“ Уште да напишевте дека има испровоцирано. Жената е нападната, и да е тотален и апсолутен asshole можеше само да ја тргни. Тепање, бруталност, туркање, удирање - е ниско, само гомно од човек го прави и јасно се гледа кој е тој гомно од човек. Еве, не спомнувам пол, да не одредени индивидуи со мандало се најдат увредени.
Без разлика каков и да е разговорот што го имале во таксито,таксистот во никој случај не смее да ја турне или на било каков начин да ја удри жената.Насилството никако не смее да се премолчува и треба да се казни.
Никад нема да сме исти, ама може да сме истоправни. Светот е константно подложен на промена, тргнете од тоа колку маргинализираните групи биле назад и колку само со борба се истуркале напред. Лика и прилика е вчерашната ситуација на државава. Врие од насилство врз жени, од фемициди, од жени кои трпат ќотек и од фраеришта со хехенце коментари кои бранат насилници. Ај тие што се ропаци кои се исти такви и кои би прекршиле жени од ќотек, девојка кога ќе видам кај што вика дека некоја жена сама си го барала косата ми се крева. Не знам како не ви е јасно дека и вие утре може да сте на место на физички/психички малтретирана жена, дека некој може да се дрзне од тротоар да ве тресне буквално. http://www.glasprotivnasilstvo.org.mk/wp-content/uploads/2013/11/Femicidi-mk.final_.pdf Еве ви колку има кај нас тепања, малтретирања и злоупотреба на жени. Нечии мајки, сестри, ќерки и сопруги. Ама не, најбитно е да се каже смешка за на твитер, да се покаже нели најсмешен кој е. Еве и во погорниве коментари гледам како повикуваат некои да се наведне главата доле оти нели наведната глава сабја не ја сече. Сфаќам колку само им го имаме стравот како нација, ќути за да не бидеш тепан. Епа не може така, затоа требаат казни за секој насилник и едукација на секоја жена дека не е должна ќотек да трпи оти на некој сељоптер денот не му бил. Ако му се тепа на некој, си има теретани, си има места кај што може кик бокс да тренира, таму нека иде и нека лупа нервоза да си истури. На жена - не. Кривична, одземање лиценца и затвор за овој. Ништо помалку не е прифатливо. Па пак нека земе нека удира жени после.
Феминизмот како да не е присутен кај многу жени овде ... ова да се случеше во Америка тоа ќе беше реки од народ на улица и барање на најстрога казна за сељаков .... не сакам никого да навредам ама некои жени се мазохисти и немам коментар за понатаму .
имаше по фејсбук групите членови кои коментираа во смисла -сите го браните таксистот никој не застана зад жената,а што ако не е она крива туку таксистот? Ко ќе подразмислиш.... Жената со самото појавување во полугола состојба ме наведува да помислам дека таксистот не е уопште виновен за ништо. па да била здрава полугола ли ќе излагала на улица?
Значи ако се појави некоја полугола на улица некој има право да ја залепи за тротоар само затоа што е полугола? Напаѓачот не е крив, она си го барала што има да шета така. А како дошло до тоа да се најде полугола не е битно а?
Не ја знаеме целата приказна за да донесеме заклучок кој е крив. Насилство не подржувам, во никој случај, без разлика кој е крив, луѓе сме, разумни суштества, можеме да се разбереме со зборови. Oд она што се гледа на видеото некој оштетува такси возило... ако се ставиме на место на таксист и тоа возило ни е едини начин да вадеме леб и прехранеме семејство шо знам колку е возможно да останеме смирени, без никаква реакција во таа афектна состојба. Што претходело на ваквата ситуација може само да се нагаѓа.
И такситов би го рекол истото можеби... Не сфаќам каков сексизам е ако ја кажеш реалноста. И тие што не биле насилни еден ден ќе бидат, мислам гледаме секојдневно.
Како сака нека се однесува.. ако него не го нападнала, па да се брани, нема никакво право да ја удира! За е*аните бришачи, главата ќе и' ја расцепеше на банкина! Нема оправдување за удирање. И никогаш нема да има. Што треба да знаеме бе? Доволно од видеото се гледа, дека применил прекумерна сила. И тоа го оправдува некого да ја удира и турка?
Значи двајцата се криви, што и да се случило пред видеото. И да ја вреѓал и кусур да не враќал, не се кршат ретровизори за тоа. И она да му украла новчаник или нејќела да плати за возењето, не се тепа жена за тоа. Ама како што рече една членка, што не ми се случи ова на мене? Сум плаќала со 1000ка во такси, и манијак таксист ми се паднал, па не сум завршила полугола на улица. И двајцата си имаат очигледно некакви ментални проблеми за да се најдат во оваа ситуација, и ако има докази за реалната ситуација мислам дека и двајцата заслужиле кривична пријава за нешто.