Епа ми се случило да ме манијачи будала по улица два пати. Од пубертет кога ме фати на 13 години, не знам колку пати ме застанувале на улица, ми се бутале во автобус, дури и апла ми имаат речено "девојче, дали си за секс?" Ама само два пати било сериозно, касно навечер, немало народ околу мене, може да ме грабне, стави во кола и да ме најдат во грмушка после некој ден. Затоа вадам телефонот и звонам на полиција. Да видиш како одма ги снемува. Не кршам ретровизори. Ако некој е моќен да ме совлада и тепа/силува/малтретира, сигурно ако му оштетам физичка сопственост нема да ми рече еј извини сеа гледам дека лошо ти направив.
Па биолошки не се тачно ама општествено на некој начин се, за жал. Проблемот е ко што реков некои порано некои покасно го вадат насилникот на виделина. Затоа мислиш дека не се сите, а всушност не сите се покажале. Кажи ми го тој макар и еден што не е таков го частам одма. Ако се прашуваш дали истото мислење го имам и за мУжи во блиско опкружување, да, го имам.
Си била малтретирана на улица, и не знаеш дека не е во ред малтретирањето? Не треба да кршиш туѓ имот.. ама тоа е криминал врз имот. А да удираш некој, е загрозување на здравје и живот на човек.. или исто му иди бришач и глава?
ако се појави некоја полугола узмини ја да била добра не излагала во таква состојба ама ем си ја заборавила маицата дома ем ги ремети луѓево. Па и ти да сретнеш таква и да те задева што,ќе ја изгушиш ќе и речеш браво? Нема да реагираш? и јас сакав ова да го кажам.
Старо, џентлменско правило е маж да не се тепа (и расправа) со жени и јас со тоа правило се согласувам (сѐ додека не се работи за некоја животозагрозувачка ситуација). Е сега, не ни личат овие од видеото на луѓе кои се разбираат од добри манири.
Не знам кај си пошла со ова твоево од преска сите мажи се насилници.. Можеби во твојот избор и околина се такви.. Или ги знаеш сите мажи на светот.. Модератори реагирајте, ова сепак е навреда за секој машки член на форумов.
Дали ти тоа предлагаш дека насилство е уствари решението? Абе гола да шета нема зошто некој да ја тепа. Па си заслужила. Засрами се, од жена ова да иди за друга жена шо е тепана. Не ми се гади толку многу од мажи шо се кретени, пак „нивно“ си бранат, колку шо ми се гади од жени кретени зошто плукаат по „нивно“. Гола шетала, си го барала. И за силовање ова го мислиш? Онака уз муабет да си прашам. Си земате премногу за право да реагирате, или подобро кажано - да пикате нос кај шо не му е место. Чинам вратата ги фаќала таквите носеви кои надушнуваат.
Колку и да се испонашала жената, колку и да е проблематична, дрска или безобразна, евидентно е и јасно се гледа на снимката, НАСИЛСТВО НАД ЖЕНА. Не ја оправдувам така што изреагирала, ама врз основа на тоа што го видов на снимката таа е жртва, а мажот насилник, а тоа не ги прави сите мажи потенцијални насилници. Не, никако.
Според нејзината теорија и маж ти кад тад ќе стане. Јер она знае точно у генетскиот код од биолошки аспект да ти каже. Верувај и. Сите се такви. И дечко и. И татко и. Сите.
на ова еве го моето мислење па и јас да излезам без гаќи и да се зафаќам со луѓево ќе треба да очекувам дека ништо нема да ми направат? Или ти еве просто да се ставиш во ситуација. Излагаш полугола и им се качуваш по хауби на луѓево,што сакаш да те слезат и да ти речат жена си ајде терај не ти возвраќаме. Не си го бара таа што излегла полугола туку што бара бе да се сили? Да те нападне некој тебе нема да се браниш?
И двајцата треба да си јадат казна за нарушување на јавен ред и мир. Во јавност тоа е 600 еу од човек. Бонус за него насилство казна. Бонус за неа демолирање туѓа сопственост. Па нека им текне пак. Што е ова бе дивиот запад!? Јас да сум налетала и јас ќе сум ги тужела на основ траума. Па нека се чешат после.
По дифолт, излегуваш гола и очекуваш некој ... пази ... ДА ТЕ ИСТЕПА? Турка на тротоар, омаловажува? Не, Марчи, не. Како шо на никој не ни е гајле кој се капи, кој е веган, не ни е гајле и некој дали гол се шета. Најискрено ако некој е куку нека е, ако некој си го лади - упм не ќе го истепам. Ќе ми е непријатно, можи ќе пријавам во полиција, можи ќе му кажам ама нема да тепам. Главна причина? - Насилство вродва насилство.
Ти си ми пример на форумов, за тоа како не треба да рразмислува човек... На еден куп теми ти се чудам на мислењата. Иначе, не си во право. Не смее никој да те удира, освен ако ти не го удриш, па да се брани. Ако некој ти досаѓа или ти крши нешто, тогаш викаш полиција... Или во ред е ти да го гњавиш маж ти, и да ти зашигари две-три, за да не збораш и прајш глупости?
На фб дали видовте какви коментари излегоа за ситуацијава? Мене искрено ми се згади од тие таму какви се не податоци извадија, па филмови, па ваква била, таква била, одела со не знам какви... Недај боже нешто да ти се случи, цела историја и невистини ќе ти извадат по нет. Каков народ сме значи, загреота.
не очекувам насилство ако јас излезам полугола,нити јас би реагирала да видам некој/а таква ама да се зафаќа??? Што да им правам? Или јас да би се зафаќала? Нормално логички дека ќе ми реагираат. Или што да ја оставеше да ја демолира колата па тој да одговара за неа? А што не можела ли таа да пријави во полиција во моментот кога била оштетена место да посегне по колата?
Lele kakvo razmisluvanje,sacuvaj boze. Ova mu doagja isto ko da kazes nekoja setala vo minic i opravdano e da ja siluva nekoj jer predizvikuva.
Марчи, не ми е гајле дали мислиш дека не би останала рамнодушна на друг чоек, ама збораме тука за маж кој фрли жена на тротоар. Факт. Искористи насилство. Не се попалвај дека напаѓаме луѓе кои вршат насилство, а уз пат да велиш дека не очекуваш насилство за даена ситуација. Сврти топката ко така.
Нормално, логички е да те истепа некој оти 'не си умна'? Признај дека си ги толчиш децата, и маж ти те плеска. Признај, жити се'!