Ти важно и помогна на бабичката? Шоферите и друг пат нервозно нека свират се додека има човечни ко тебе ќе има и нечовечни кои ќе свират зошто не знаат што е човечност.
Е така е, друг пат неа кога ќе и се случи такво нешто исто никој да не помогне дека нели нивно право.
Жената дур лежи на земја ја држи главата крената од асфалт што во превод значи може да стане. Да не можеше нема да имаше сила вратот да го држи така исправен. Зошто би подала рака кога намерно лежи!? И да. Не би се мешала во хулиганство, не би помогнала на дивјак.
Не е работата само рака да се подаде, треба да се превенира и тепањето. Рандом жена тоа тешко да го изведе.
Имаше дојдено мажи кои го спречуваа шоферот да направи поголема беља. Ај да не се филмаме што би било кад би било. Муабетот е никој не и подаде бар рака да се исправи. Женава се виде дека е во шок и исплашена по таквото насилство од страна на таксистот не ни мрдна на тротоарот откако овој ја залепи на него.
Жената беше во шок. И да твое право да навредуваш дивјак и да не мрднеш со мал прст. Така ќе ги видиш хуманоста и солидарноста како жена кон жена или поточно во твој случај нема да ги видиш.
Ти не знаеш дали била во шок. Двајцата се хулигани. Помагам кога има жртва а не кога некој демолира возило со цицките на сите страни.. Глеј си работа.
Ако се понашал ко што не треба требало да пријави во полиција. Не да демолира. Проценка на ситуација. Гледаш будала викаш полиција таа нека се ебава со него. Тужиш. А не трчаш со голи цицки да кршиш кола. Нигде не реков дека тој е нормален. Ама ни таа поарна не испаднала.
да а овде зад профили ќе се силат. не туку да те остави да му ја демолираш колата о да ти аплаудира цела ситуација е глупава им било досадно па да си кренат рејтинг сега. ако мислиш на мене скрос си во заблуда. Во ниедна тема не реков дека некој си бара да биде силуван. Ама кој си бара ќотек ќе си добие,дал јас или ти или кој и да е. па џабе ние и вие сме овде против насилство. Не рекле за џабе седи мадро за да не носиш модро.
Што не и подале тие рака? Не се филмам и не ми кажувај што да пишувам. Не пишувам конкретно за овој случај, туку констатирам дека обично луѓето стојат и не реагираат ко да не е нивна работа дури не ескалира ептен, некогаш ни тогаш, а на интернет доживиљај им е неколку дена да прават реконструкција. Никој овде не знае точно што и како. Гледате и надвор жега е, кај некои полабилни мава на психата, пред две години на неколку чекори од каде што минував се случи убиство.
Не ти кажувам што да пишуваш, темава сама кажува-таксист нападнал жена. Од кај јас да знам дека ти не пишуваш конкретно за овој случај? И ај сега жега е и оправдано им е на сите мажи да залепуваат жени по тротоар?
Тазе мажена 3ти, 4ти пат Не е нормална жената, ја познавам од мала, живееше кај мене во маало.. не би да пишувам детали, ама не е нормална, а има и деца. Особено пред 5г исто полугола во кафана една кога ја видов... со еден тип беше и ке се легнеа тука на маса за малку, срам ни беше да седиме веќе... а тогаш веќе беше со две деца... Јас кога бев 15тина год, она беше 19год и многу лоши работи слушав за неа и грозни . Плус а ја видевме, бегавме зашто не беше уште тогаш со сите, не бркаше и тепаше и не тераше да правиме и ние лоши работи. Испуштено девојче за жал... Не го правдам таксистот, ни па неа.. зашто точно не знаеме што се случило... Ама ств тоа што никој не и подаде рака кога ја бутна и падна на тротоарот не е во ред, како мисири стоеа и ја гледаа Бар провери ако си човек дали е во ред, после немора ништо да правиш..
Океј, ја видовте на канал5, вие малце поише интелигентните шо можете да "прочитате" не видовте за што калибар станува збор ? За ненормална бе луѓе, шо сеа е облаци зашо дошла до кадар, ваљда и тарифата позади мтв сеа ќе ја вивне ... Лош е секој физички контакт и за жал сама си го испровоцира со кршењето на бришачите. А уште полошо е дегенот смотан шо снимаше и не и помогна, е тоа типче желно за пажња си запази 5000 следачи на фејсбук и сеа е од табиетот на оние у Задруга шо влагаат, може и ќе се пријави ќе рече еј TOP NEWS напраив. Всушност и двајцата се за у реалити шоу!
Темава не е толку интересна колку што е сама по себе продуктивна од аспект да се види општествово колку е пристрасно кога се работи за пол. Не може бре ако сте паметни да ја браните и да ја оправдувате. Ни неа ни него. Реално треба да се гледа на стварите. Не феминизмот да ве понесува. Дивееле и двајцата.. И за двајцата казна. Среќа на мвр полот не им игра улога. Пред недела дена раскажував во 40 како жена со 2 деца беше жртва на будала и не останав рамнодушна на тоа туку реагирав. Не зашто е жена. Тули зошто беше навистина недолжна.