Еве од кај да знаеш, од постот што го цитираше: Не ми извртувај мене зборови. Напишав пост каде се изјаснив дека ми е просто (простачки) кога мажи се тепаат и се расправаат со жени. Ама барем сум свесна дека со пишување на форум нема да ја оправам рајата.
И шо ако е таа ненормална? Тоа него го оправдува да ја тепа? Што има пристрасно? И маж да беше турнат, исто ќе реагирав.
Арно е што снимал! Поубав доказ во суд, нема од видео запис. Него... и тебе да те прашам, а Бога ми и сите.. уште еднаш: Таа ако е ненормална, треба и тие околу нејзе да се? Да го удреше таа прва, ќе разберам да се брани.. Ама за бришачот да ја акни на земја.. не е нормално, ама ич
Па којзнае што му правела во кола за да е толку испровоциран... толку многу човек не се нервира за ништо...
Не излегла полугола од дома. Туку носела тексас комбинезон без прерамки па во сета таа мешаница и се спуштил горниот дел, а она не го поткренала. Не ја знаеме целата вистина, што и како било. Ама никој ли не помислува на тоа дека таксистот се обидел да ја силува, па дека затоа е таква полугола. Зошто одма да се плука по жената? И зошто нејзината голотија ја прави нејзе виновна, а таксистот го правите невин, кога не знаете што навистина се случувало, ем не сте биле сведоци на целиот настан, ем видеото не е целосно, важно вие пресудивте одма кој е крив, а кој прав. До сега кога и да сум се возела со такси сум имала ситно. Но, што ако во иднина сум во брзање и немам време да раситнам, а ми е многу потребно такси? Не смеам да повикам такси штом немам ситно? 1000-ка е пара, значи важно имам пари да му платам, а тој треба да има кусур да ми врати. Треба да биде свесен дека со муштерии и со пари работи, па затоа треба да има да врати кусур, а не да се расправа.
Абе шо е то 'испровоциран'? Па секој тепач, без разлика кого тепа.. дали маж, жена, дете.. да го прашаш, ќе ти рече: “Тој/таа/тоа ме испровоцира“ Не бидете толку неинформирани. Никој нема право да ве удри! Освен ако не е во самоодбрана!
А неа што ја оправдува да ја корне колата? Се гледа дека човекот ја оттурна за да не му го уништува возилото,таа од што беше нестабилна падна. Да сакаше да ја тепа ќе продолжеше да ја мава со клоци и да ја гази дур беше доле легната.
Абе доста зборувате глупости По твојата логика, и син ти ако скрши нешто, треба да го турниш и да си ја чукни главата на земја
Спомнав претходно,се збори дека се обидела да му ги украде телефонот и паричникот,па се расправале и за плаќањето. Таа ја мава колата. И двајцата не се во ред.
Не викам дека е во ред што ја бутнал. Но познавајки ја лично, жената е насилна, удира, тепа. Не смееш ни поглед да и фрлиш незгоден, одма ке ти дојде и ке ти се нафрли што е проблемот?? Со дигната рака.
И? Требаше да ја акни. Јакиот маж е*ате Шо не викнал полиција кога му правела проблеми?? Не кај нас, се' со ќотеци се решава... Битно, сите имаат врски кај полицајците, и никој не им верува во работата. И ништо чудно, кога и тие од вакви ко вас се излезени... Дива лига сме
Многу сум нервозна кога ке слушнам маж удрил жена ама да е без причина или да и е дечко, маж да сакал да е по негово и ајде несмее да си каже што сака и да ја удре де бре да возам такси и тоа не моја кола и некој гол да ми се наметне да сака да крше и дивее не гледам ни маж дали е ни жена секако ке го побутнам како со се гледа он ја побутна првио пат она не се тргна па сакаше да продолже и мораше да ја удре посилно. Ајде да му крше а он со скрстени раци. Според мене жената треба да сноси одговорност во овој случај.
Абе јас не видов таа да го удри, туку тој нејзе ја турна заради бришачот. И нема да нагаѓам што било пред тоа. Конкретно за снимкава коментирам.
Колку пати да речам дека таа уништувала имот? Оштетување имот, и телесна повреда и/или смрт, е скроз различно дело. Ако некој ти криши, не смееш да го удираш. Ако беше така.. ќе можеш и да го отепаш за оштетување на имот, и да не одговараш. Ама очигледно, законот не мисли така.. а замисли, попаметни од нас го пишувале. Плус, човечки е да знаеш, дека човековата сигурност и здравје и живот, се побитни од било што друго на планетава.