Тактикава топло-ладно, ја практикував со сегашниот дечко кога сеуште бевме на фаза на запознавање. Мислам дека треба да се игра фер и внимателно за да партнерот да не добие погрешна визија. Од женска страна, на пример јас кога се запознавме бев ''ладна'' и не паѓав на се што ќе ми кажеше. Ретко бев топла и мислам дека со тоа повеќе тој се навлече кон мене и сакаше да го открие оној дел кој што не го знае бидејќи секогаш му оставав нешто да му биде ''мистерија'' и со тоа беше многу заинтересиран. И мислам дека тоа е тајната на заведувањето. Не треба се наеднаш да се открие за да биде поинтересно и неизвесно... Мажите се ловци па треба да ги оставиме да ловат, а не да дадеме се од себе уште на самиот почеток, па да настане монотонијата премногу рано.
Тактикава не може да каже некој дека не ја применува, затоа што некогаш си тера и полека, така несвесно. Јас да, ја применувам, кога ќе осетам фидбек од другата страна, во стилот дечкото премногу озбилно да си ја сфатил тактикава па ми прави - сад ме видиш, сад ме не видиш. Не ги сакам тие фори, затоа што ми се проѕирни и не паѓам на нив, но ретко кој ти доаѓа со искрена намера при почеток на нешто. Затоа се филува на различни начини, за да биде поинтересно. Многу пати ми се има случено да изгубам интерес од премногу топло, па ладно, затоа и не е препорачлива во големи дози.
Девојки јас сепак мислам колку и да сме свесни дека тој од другата страна а и играта,а да не збориме да не сме свесни,допира до нас !Можеби нема да биде пресудно за да падниме,но прави да се заинтерсираме повеќе. Конкретно за мене.Имаше еден дечко кој незнам дали свесно или несвесно а играше играта,и денес го видов со друга девојка и се осетив многу лошо,и ме држи уште....А последниот контакт(мислам на смс порака) пред две недели...Не сме имале ништо сериозно 2-3 пати се видовме,а пишувавме многу на ФБ,смс од Октомври....И од тогаш релацијата ни е топло-ладно....Но после ова,а и од неговите знаци во последно време,изгледа ке биде ладно засекогаш За мене,понекогаш намерно а почесто онака инстиктивно а играм (што не беше исклучок и тој)
оваа тактика топло ладно е ок се додека не стане мраз хехех, мене ми се има случено тоа и затоа не ја употребувам многу многу во последно време
Никогаш не ја применувам од причина што сакам да сум директна. И ужасно се нервирам кога не знам на што сум. И мразам кога другата страна игра вакви игри. Знам како е, не е воопшто интересно.
Ја мразам тактикава.. јас лично не ја користам, и никогаш не сум ја користела!Едноставно премногу сум директна и сакам исто така и од другата страна, ако некој ми се допаѓа ми се допаѓа и тоа е тоа зашто да играме мајтап, да губиме време. Доколку не е заинтересиран, нејкам да го губам неговото време а најмалку па моето! Сакам да знам на што сум и тоа е тоа.. Само со отворени карти..
Сум ја применувала оваа тактика кога ќе сум ја осетела од другата страна . Обично дечките кои сакаат да си играат вакви игри па и многу паѓаат на неа . Инаку не сум за тоа, сакам отворени карти и можеби премногу се отварам на тој што ми се допаѓа, можеби малку и претерувам бидејки ме понесува моментот, а потоа може да се предомислам па тој да мисли дека си играм такви игри... Ладна можам да бидам само ако сметам дека некој заслужил, или ако некој друг ми станал поинтересен, а ако сум заинтересирана многу тешко го кријам тоа
Мене овие детски игрички не ми се допаѓаат воопшто. Мислам, ова ми е апла некој ме прави будала - м'e*e на здрав мозок. Никогаш не сум била во фазон да имам потреба или намера да се користам со ваквите ефтини финтици, како прво затоа што не сакам некој така со мене да се заебава. Таков карактер сум, не сакам ни да замислам како ќе ми биде доколку некој вака ме игра како сака, буквално ама. Директна сум, кога станува збор за врски, (иако понекогаш еве признавам дека не знам што сакам, ама тоа е друга тема за дискусија) па сакам да бидат директни и со мене. Ќе боли, ако не е онака како што очекувам, да, ама подобро така отколку да ме мафтаат од таму на таму.
функционираааа се смував со еден дечко и после некоја недела ме стаи на игнор некако у живо збориме онака општо а на фб многууууу ретко и јас го стаив на 100 посто игнор..со да ви кажам резултат ПРЕКРАСЕН хихихих иако после 3 месеци сепак сум пресрекна со успеав во мојата цел
баш во таква игра моментално се наоѓам и е многу лошо мене воопшто не ми се свиѓа што незнам на што сум со дечкото со кој се гледам.и еве полека оладувам и изгледа ќе му пропадне играта јас дефинитивно не сум за вакви тактики.си сакам да играм со отворени карти
Ма каква тактика? Не постојат правила во ваква работа. Дај не заебавајте. Се лажете себеси или некој друг.. Суштината е во тоа дека кога некој сака, ве посакува, ви се јавува и се чуствуваш убаво и посакувано. Ке сака да ве гледа се почесто и почесто зошто секогаш кога ке ве види се повеќе и повеќе му се допаѓате. А не кој некој манијак ке играте игри за мали деца нема јас да му се јавам он нека се јави или обратно. Нема никакви правила во оваа работа.. Ако не се јавува, немојте да мислите дека игра топло-ладно. Едноставно помирите се со тоа дека не е заинтересиран.. Мажот што те сака ке те сака само за тебе и нема да игра никакви игри и нема да прави никакви тактики..
Е овој мојов е таков Сад га видиш сад га не видиш Ке го нема ке го нема и ете го со некоја изјава на која јас би требало да паднам Како и да е, ми одговара што е таков. Рачунајки дека пред него имав човек кој се по кеиф ми одеше и каков што секоја женска би посакала...мене тоа ми е монотоно. Да не е ваков, досаден ке ми е и брзо ке го откачам
Тактика топло - ладно или тактика „Еј многу те сакам ми значиш највеќе на свет!!“ - „Кој те е*е“ Добра е тактикава, интересна е, но многупати била иницијатор на караници. Џ`ст а гуд гејм.
Добра е таа тактика коа незнаеш на што си.. ја практикував порано..ама и се изгорев на истата..кога баш нетребаше јас си играв топло ладно..затоа внимавајте