Искрено не ја практикувам оваа тактика, ко ми се допаѓа некој покажувам, за џабе не рекле старите -Не први го она што не сакаш тебе да ти го прават-
Има една јапонска поговорка која вели: Кога ќе реши Господ некој самурај да загине во борба ќе го направи да се уображи! Ах бе Мимс Ако некому не му се свиѓаш играј му топло ладно со вулкан и глечери пак нема да се помести
постојано си ја употребувам тактикава интересничко е, вистина тоа дека се се враќа, можеби еден ден, ама јас засега добро си се снаоѓам и вака
И јас сум за отворени карти,а не давање лажна надеж! Неколку пати ја употребив ама последниот пат пред 1 месец јас заглавив (читај се заљубив во дечко кој беше изневерен од девојка му и јас му бев рамо за плачење ) И после толку емоции, jaс се заљубив, а тој се повлече
Да ,ми се има случено ,но штом прејдам на ладното се деава да изгубам интерес и крај на приказната Таква сум ,моме со интензивни емоции ,давам се од себе додека сум загреана за некој ,но штом дошла на ред оваа тактика ,со мене нешто не е како што треба.
Лелеееее си игра тој со мене не викам не ! А мојот резултат е само нервоза....хххх Не практикувмам јас така...жал ќе ми падне ххх
Уф да, т.е не сме биле во врска.. Ама го засакав јас. Сфатив дека прави топло ладно, си игра со мене.. И после тоа веќе и го заборавив, ми се смачи од него И голем женкар е -.-' Сфатив дека има многу подобри
Типов мене ми прави топло ладно, фин се супер, контактираме, а некогаш ќе се изгубии. Ми врти муабети убаво ми е да зборувам со тебе, не излегувам вечерва, а следната недела го нема... само нека се осмели да ме повика да излезиме уште еднаш и ќе го ИЗГОНАМ У ПИ*КУ МАТЕР ...
Ретко,мн ретко практикувам ваков тип на тактики Понекогаш се интересни тие игри 'топло-ладно,маче-глувче' Али сепак..подобро е да сме на чисто..преферирам конкретни работи
Моментално сум во топло ладно ситуација и мнооооогу се нервирам....таман ќе го снема некое време оп ќе се појави. Таман ќе помислам дека потонале бродовите и ќе се откажам повторно ќе ми влее надеж , па ја убива.. неделата ми пиша ајде да се видиме оваа недела обавезно ! Ајде викам ќе те барам после среда. Средата го барам он никаде ! После ми пиша вечерта заспал па обврски ова она и ништо не спомна за ислегување...не знам зошто воопшто иницира да излеземе а не излегува. не ми е јасен....не не и не.. Дебилна тактика...кажи што имаш и да завршиме !
Со вакви глупости се бават недозреани личности. Значи, ако некој ти се свиѓа јасно и гласно му даваш до знаење дека тоа е така, ако не пак јасно и гласно му кажуваш дека не сакаш да му даваш лажна надеж и крај. Нема тука филозофија, или е црно или е бело.
Ми се има случено, и многу глупаво е. Еден дечко ми пишува на Фб, и океј ми се засвиѓа, и го видов во живо така се сретнавме. После некое време не ми пишеше, и ми рече дека сум го заборавила.. Пишевме 2 дена, и после престанавме, па пак.. и престанавме и сега пак.. Според мене глупаво! Според мене сите ги врти, сега ќе и пишам на една, демек сега ќе и викам неа ја сакам, после на друга, па пак на првата, ... Убаво рекоја погоре, само за деца е.. Ме нервира тоа. Ако има некој искрени чувства, според мене ќе биде цело време.. Ќе биде упорен и сл. А не цело време да го нема па да се појави пак..
Гледам скоро сите имаме исти став за топло-ладно. Можеби интересно е до 3та 4та година средно, или за искомплексирани личности. Мислам дека не е фер, некој да си игра со чувствата на др личност ако искрено не го мисли тоа. Или ако нема занимација, па ајдее сеа ке и пишам на фб, па после ке глумам нешто цел месец ке ме нема. Дебилна работа во секој случај!