Не знаеш ли?? ту бе срамота ДА рчкаш на некого во неговите чуства. Јас тоа го првам постојано ама не ни се дешава како на другите ајде сеа ке не нема по месец дена тоа не Не има постојано и си играме топло ладно ,интерсно ни е. Абе како деца сме , и не може да не снема така лесно па не можеме еден без друг Сите ни се чудат зш му се качувам на глава ама што ми е гајле. Нека си гледаат сите за себе
детска работа,бившиот ја имаше таа навика,ке го има па ке го немаа иии ,нешто често почнав да го споменувам овде ама не зашто уште осекам нешто,напротив,немам никакви чувства туку со тек на време се повеке сфакам дека сум била со најголемиот идиот на светот ,значи крајно никаква особа уште се чудам како сум издржела ама како шо викат тоа што не те убива те прави посилен
Хааа, ја заинтересирана за него тој топло - ладно. Тој чека ја да му пишам, јас чекам тој да ми пише. И никако да ја почнеме приказната. Аууууу епа така ќе тераме брат. Ај да не должам. Сеуште играме топло-ладно.
.. ..топло-ладно...према заслуга...тој топло,јас топло...тој ладно јас двапати поќе ладно. .. . ..игра која траеше 2 год за на крај да сватам дека ќе пукнев...преголем кретен беше... . ...АКО ИМАШ РАБОТА СО КРЕТЕН НЕ СЕ РАСПРАВАЈ; СО НЕГО,ЌЕ ТЕ ПОБЕДИ СО ИСКУСТВО И ЌЕ ТЕ СПУШТИ НА НЕГОВО НИВО... .. .можи ме победи со искуството ама не ме спушти на неговото кретенско ниво.... ..
Хмм, тактикава повеќе ме смара и ме оддалечува од личноста отколку што ме задржува. Затоа не ја ни применувам.
Искрено не ми се допаѓа играње топло - ладно, повеќе сакам да знам на што сум. Ме нервира моментот ''пуштање - собирање водичка ''
топо ладно топо ладно со денесниот ми мм игравме 4 год после две години стабилна врска значи 6 години се на се, и после се попаривме и сега имаме слатка три годишна лузна син ни, да не идравме топло ладно сега немаше да сме заедно кузне кај ке пуштавме вода 2 та
За да ја играш тактикава според мене треба стварно да си талент. Неможе секој ова да го игра. Треба да си на некој начин манипулатор и да не паѓаш на туѓи провокации. Штознам, за мене не е воопшто привлечна и си признавам дека незнам да ја играм ама стварно незнам. За ништо во животот несакам да сум "ни навака ни натака", а со играва си баш на тоа. Сакам се да е конкретно и директно кажано, а вака само се лажеме. И повеќе ми е некако својствена за тинејџери. Ми се случувало порано да некој ми ја започне, и кога ќе сфатам што сака да каже спротивната страна мене не ми е интересно и се повлекувам. Мислам и дека впрочем со дечко ми и затоа најмногу започнав зашто не ми ја почна играва.
често сум против ваквата тактика али реално ако праиме муабет тоа е нешто на кое најмногу паѓаме не ни се свиѓа кога нон стоп ни трча по газот као превише смара а и знаеш дека може кога сакаш да го имаш, ти станува досаден.. не ни свиѓа па ни кога е недостижен се праи ко да не му е гајле постојано ја тупаш дали му се свиѓам, јас да не му досадувам.. па на крај сепак боље ти иде комбинирано а?
Експерт сум за тактика топло ладно И сакам кога некој ми игра така, ама нели со благи промени на температурата а не денес ме замара цел ден после една недела го нема. Ја применувам тактикава само во фазата флертување а може и почеток на врската. После мислам дека нема смисла у стабилна врска некој да го малтертираш. Оти тактика топло-ладно може да еинтересна до некоја граница, ама после границата преминува во малтретирање.
Ја викам најубаво одмереност. Ни игнорирање, ни смарање. А денес пример да го провоцирам и да флертувам, а утре да го одбијам за на кафе а ми се оди ми се плаче, ми е глупаво. Штознам, мислам дека ставовиве зависат од тоа како НИЕ реагираме на таков третман од други. Еве тврдам, никогаш не сум паднала на таква стратегија. Можеби звучи глупаво вака, но секогаш ми асоцирало на тоа дека треба да очекувам неискреност во врската.
Никогаш не сум играла ниту топло - ладно ниту пак други игри за докажувања и ќарувања. Ниту сум сакала, ниту сум умеела. Или те сакам и сум со тебе или не. Чиста игра. Така играм. Без задкулисни тактики и стратегии. Pure love. Но со доза резервираност, се разбира.
мислам дека тактикава навистина пали ама сепак би требало да се има некаква умереност и граница тактика топло ладно еден ден да пукаш од љубезност а другиот со навредливи зборови никако мислам дека најдобар начин играта да дејствува е да се правиш незаинтересирана и ладна кога е во твоја близина (не дај боже да сети колку си возбудена) а кога ќе ти зборни да бидеш љубезна но да внимаваш некогаш да изгледаш учтива од љубезност а некогаш и по малку но одмерено да му се пушташ еден ден да го гледаш и да го следиш со поглед а другиот ден да го избегнуваш неговиот поглед додека зборувате допушташ да ти ги види искрите во очите и возбудата а кога пробува да те прави љубоморна да останеш тотално ладна и секако да бидеш свесна дека го прави тоа намерно, да им се пушташ на другите машки, да не се противиш кога ќе те прегрне но и да не покажуваш дека ти годи ОВОЈ НАЧИН НА ТОПЛО ЛАДНО СЕКОГАШ ПАЛИ го имам практикувано и сум добила одлични резултати
Тактиката се применува пред мувањето или пред врската. Потоа веќе нема место за топло - ладно игри И, оваа тактика се применува во тинејџерството. И, искрено глупаво ми е некако тоа. Демек момчето сака да виде дали ,,ќе трчаш по него''