Никогаш, ама никогаш не ми стана јасно како се изведува оваа тактика. Кога ми се допаѓа некој, веројатно правам грешка, ама не го потиснувам тоа и го ставам начисто човекот. Што не било случај со мажите со кои досега сум имала работа - сите нешто ми применуваа некои финти и тактики, нешто да ги мозгаш, нешто да ги откриваш, да ги тумачиш ко да се предмет даден на повторно решавање ебате. А да не навлегувам во тоа колку не ми е забавно ниту мене да си играм со некој, ниту да ме играат. Да одбивам за на кафе, а умирам за да излезам со него? Не разбирам.
Мене ми се допаѓа оваа тактика затоа што по природа сум многу искрена. Уште на почеток му кажувам се што чувствувам и мислам за него, а зависно од реакцијата, многу добро ја изведувам тактикава. На пример ако се случи да бидам запоставена или забравена некогаш, а нему да не му е јасно дека згрешил, изигравам недостижна божица Кога на сиромашкиов, ќе му текни дека згрешил некаде, ќе почне да ми се извинува и да ме прашува зошто сум таква, и тогаш.. воопшто ќе немам време да му објаснувам нему што ми е Го оставам извесен период да сфати дека сум незаинтересирана, и после 5 дена му давам некое сигналче дека не ми е се исто дали ќе продолжиме или ќе раскинеме. После сите фази на играва, седнуваме и разговараме, отворено, како да сме во брак 50 години Интересна е играва, не ја практикувам често, колку да ја избегнеме досадната монотонија од секојдневието
Никогаш не ја научив и сите што ми ја играа ме излудуваа оти не знаев на што сум. Хаос. Како имате живци за ова браво
Тоа 998, не значи дека имаш 15-16 години, нели? Пошто инаку смешно би било да збориш дали прилега за тинејџерството или не?! Инаку, топло-ладно системот, не само што е сигурен начин за освојување некого, туку е сигурен начин и за задржување некого. Пред врска, за време на врска, засекогаш. Зошто? Затоа што човечкиот ум брзо се навикнува на она кое му е сервирано. Без разлика дали е девојка или дечко, ако влезете во врска, тоа е на некој начин завршена потрага, па понатаму, ако партнерите не се трудат меѓусебно да се анимираат, да бидат интересни еден за друг, тогаш врската ќе пукне. Затоа топло-ладно системот е одличен, зашто го држи партнерот заинтересиран. Секако, тоа не значи човек да не се јавува со денови, туку ситни детали. Машките особено паѓаат на оваа тактика, зашто по природа се ловци и сакаат да ловат, па што повеќе девојката им бега, за веднаш потоа да им даде да ја „помирисаат“ нејзината близина, толку посладок за нив ќе биде „уловот“. Е сега, добри девојки се оние кои знаат да не претераат.
Прво извинето што е долго не ве молам помош ми треба вистина.. Прашање за машките на форумов: Какво е мислењето за девојката односно дали е потобро за неа кога вие ќе се помачите да ја "добиете" или таа вас? Прашање за женските на форумов: Како вие постапувате дали оставате машкото да го прави чекорот и да се помачи за да ве "добие" или вие сте тие што го прават чекорот? А сега и за мојов случај...Кога ќе прашам за совет од друштвото, има 2 можни одговори, едни велат прави прв чекор не се прави недостижна а други обратно. Епа вака сега јас бев заљубена во еден што беше година постар од мене, беше гоелм женкар сите го посакуваа, а тој се ме засвгиѓа мене иако и јас го сакав премногу повеќе од се не му кажував се правев "недопирлива" и тој набрзо се заљуби во мене и тоа многу и успеа да ја победи гордоста и да ми каже, во моменотт скокав од среќа а него му реков абе и јас нешто чуствувам за тебе ама не многу а го сакав повеќе од се, а со тоа што се правев недостижна го освоив, и сам ми кажа кога беше се завршено... Потоа имав "муватори" кои си играа со мене и ме отавија по 1 мување, затоа што не бев таа недостижната, едниот по некое време почна пак да ми се пушта а јас изгубив желба за него ама сакав да му врат и го заебавав, и трчаше како куче по мене. ЗНАМ ДОЛГО Е НО СЕГА Е НАЈВАЖНИОТ ДЕЛ ЗА КОЈ МИ ТРЕБА ПОМОШ Сега пак женкар ме засвиѓа,и трчаше по мене и кога почнав да го спуштам "ѕидот" тој олади од мене... Сега си игра топло-ладно, а ми кажа дека ме свиѓа и и сама знам чуствувам, но не се труди како што се трудеше затоа што знае дека веќе ме има... Да пробам ли сега пак со недостижноста како метод или не? Ве молам помош аа очекувам кувам мислење и од машките плс ми треба совет од машка перспектива.. ФАЛА ОД НАПРЕД
Одговор на прашањето- Оставам на машкото да го направи чекорот, за да го поттикнам може да дадам некои знаци. За твојот случај, за почеток крени го "ѕидот" до пола, секогаш кога ке приметиш ситуација дека дечкото забушава насмевни се или игнорирај, со секое фино понашање и доза на искреност покажи интерес ама пак со граница. Дај му до знаење дека вреди да се потруди, биди своја и најважно не ги форсирај работите, ако вреди да биде со тебе ке заклучиш сама,ако е доволно пометен ке успее да те добие.
Оваа тактика е добра ако ги знаеш границите , бидејќи може да изгуби интерес за тебе , а може да се затреска во тебе толку многу што кога ќе сакаш да прекинеш со него ќе ги сече вените по тебе.Никако не си
цело време тој си игра топло-ладно, е сеага пријателите ми викаат као демек нема да те чека ти дур се за***аваш, ама тој е тој што за***ва не јас,и никао не сум со него незанм што да правам...
Јас ја практикувам оваа тактика и пали. Проблемот е што после некое време губам интерес и неможам да ги откачам или пак ќе се затрескам и јас и ја губам играта.
Баталете Г-6 финтаџии. На оној на којшто навистина му е до тоа да биде со вас, ќе се бори ни за момент да не се посомневате во неговите намери. Не се свесни дека кај некои луѓе, тактикава има спротивен ефект, дури и ако на почеток можеби изгледа како да е баш спротивниот случај. А за сечив карактер тешко дека ќе се обмисли добра стратегија. Дури и да е така, тоа е потрошено драгоцено време коешто можело да се искористи во размислување како да ја усреќиш личноста до тебе. И после Цацко ни` е крив... уствари не. Криви ни` се сите мажи/жени коишто магично и без исклучок се претвораат во ѓубриња/к**ви.
GossupGirlxoxo Кај него нема веќе тактика мене така ми се чини, или спушти го гардот, или одлетај на метла.
Епа вака пробав со поладно и тој почна со потопло, е сега дали да почнам и јас и дали да го викнам прва за излегување, нејќам затоа што имам фобијаааааааа од корпи Сакам бидејќи сакам да го видам, и да направам конечно по 46534783264932 месеци нешто со него.
Јас би го натерала он да ме викне. Посебно ако имате комуникација на социјалните мрежи , мн лесно можеш да го изведеш тоа. Биди си опуштена и мн лесно ќе ти падне...
Не ја сакам оваа тактика. Не би се осмелила да повредам некој на тој начин. Доколку не сум заинтересирана за некој, гледам што поскоро да му го дадам тоа до знаење дали вербално или не. Исто така не ја сакам затоа што веќе сум била дел од ваквата игра, се заљубив и на крај останав повредена.
и јас исто, ама кога некој ај применува на тееб мисалм дека и ти трба да укличиш bitch mode за а си помалце повредена... мое мислење