Девојки ми се допаѓа другар на брат ми поголем е 5 години од мене.Сме се сретнале неколку пати и постојано избегнува да ме погледне во очи,но кога ќе останеме сами многу добро се однесува со мене,сме имале и неколку романтични моменти...проблемот е што неможам да откријам дали и нему му се допаѓам или не бидејки ги додаде сите другарки по фејс,инста,снап само мене не
Па можеби чека ти да пристапиш прва....сепак и машките сакаат внимание и да видат дека се интересираш за нив..додади го ти (не паѓа круната хаха) и тој самиот ќе почне разговор ќе видиш со среќааа
Оваа тактика е добра за функција со туш 30 секунди топло - 30 секунди ладно. За циркулација и рефреш! Сакајте се нормално, искажете си ги чувствата и уживајте. Постојат милион техники и стратегии како да освоиш некој али тоа се применува евентуално при луѓе со не толку развиен социјален ум и љубовно искуство. Нормалното е да си бидеме искрени во намерите и тоа да биде матрицата на врската. Нема потреба од рационализирање на работите пошто Љубовта во суштина е ирационална појава.
Кај мене таа тактика не проаѓа. Ако се олади се ладам и јас дури и повеќе од него. Ништо чудно ако го шутнам. Тој мене ќе ми игра топло - ладно...
Јас се мислам дали да ја применам оваа тактика за да го вратам бившиот кој сеуште има чувства за мене.. ама проблемот е шо незнам како не сум ја играла оваа игра до сега..
ја мразам таа игра ниту сакам така да си играм со некој ниту он со мене,многу ми е детско и несериозно глупо всушност повеќе ме одалечува од партнерот отколку што ме зближува.Имам другарка што ја практикува играва подолго време ...ама џабе врската ради тоа играње топло ладно со партнерот не и иде напред ко што треба веќе подол период така да хел ноууу
Мене една пред 3 години на одмор во Албанија (Sarandë) ми го правеше ова, првата вечер излегуваме во кафич седиме јас она, другар ми и другарка нејзина, и нонстоп ми се лепи, ми се смешка, ме гушка, ме бакнува на образ, ми пушта да се држиме за раце, накрај ми брцна јазик у уста и добро, и следното второ утро се договараме да одиме рано на плажа заедно гледам нешто се одалечува од мене, некако не ми прави муабет, хмм си викам ајде ќе ја оставам може и има лош ден што ти ја знам, и после 3-ти ден ноќта одиме во дискотека пак ми се "пушта", и да ја испратам накај хотелот да ја бакнам за добра ноќ пак "ладна" ми се смешка и врти глава, аааа си викам у себе. Толку бев бесен но смирено и викам "ај срце утре чекај ме пред кафичот за наутро да одиме заедно на плажа" ми вика "ок ама сигурно стани во 9" Викам сигурно! Биди тука чекај ме. И од инает не станав у 9 продолжив да спијам и другар ми преку балкон ја гледал како чекала 20 минути! Ja мразам таа тактика топло/ладно
Не. Само нека проба и ниту две секунди нема да му потрае понатамошниот контакт со мене. А јас понекогаш си играм така, интересно ми е Ништо страшно, мажите имаат помала суета од жените и повеќе толерираат.
Ми се случило со еден но на 16 години некаде. Кратко бев со него и од оваа причина раскинав. Мразам вакво однесување а мислам дека е типично за мали деца.
Ми се случило . Сум играла и јас , играле и со мене . На мои 15-16 години . После ми помина меракот за тактикава и прекинав . Се сеќавам , и денес многу жалам што така го измачив дечкото ( се надевам денес е среќен и не му прават вакви работи девојките ) , ми беше роденден , полнев 17 тогаш . Дечкото и пред тоа ми покажуваше дека му се допаѓам , ама јас занесена се правев дека не ги разбирам нотите кои ми ги праќа . На 17-тиот мој роденден , бевме во кафиќ , шанкерка до шанкерка , па кога сите пивнаа по 2-3 пијачки , веќе се измешавме и нивната маса стана и наша и нашата стана и нивна . Тогаш за прв пат ми се доближи и птворено ми кажа дека му се допаѓам . Прво се двоумев , бидејќи излегував со друго момче ( не ми беше дечко тој , онака мувач ) , потоа прифатив . Излеговме на цигара надвор , а се вративме премрзнати ( 40 минути бевме надвор во декември , без јакни ) . Штом влеговме , тој беше видно насмеан ( немаше ништо друго само мување но тој беше среќен ) а јас .. онака како некоја карикатура .. сериозна и " ладна " . Ова беше прв и последен пат што излеговме . Потоа тој сакаше да продолжиме , да пробаме и врска , меѓутоа јас веќе влегов во врска со сегашниот сопруг ( кој пак со мене играше топло-ладно , карма де ) , и иако излегувавме во исто друштво , пред другите не врзував 2 реда муабет со него , затоа на фб бевме бфф , дури и имавме некои муабети као шта би било кад би било .. Знам дека сакаше да е со мене , се додека не се дозна дека се мажам со друг . Баш пред некое време ја прашував другарка ми ( сеуште се дружат и излегуваат со друштвото ) како е тој и што прави , ми кажа излегува со некое девојче и навидум е среќен , ама секогаш гледа со некоја носталгија во очите .. Се надевам не сум јас причина за таа носталгија . Откако почуствував на своја кожа како изгледа играва , престанав да си играм . Уф , ама се распишав
Одлика што ме вади од такт .. Само што зрели личности не си играат..само оние незаинтересираните за нормални работи во животов..
Ми успевала оваа тактика и сум ја практикувала на почеток, додека ни сама не сум сигурна дека доволно ми се свиѓа. После тоа ги баталувам игрите. А на мене исто така успевале ако се во мала доза, не да го снема 3 дена или да ми одговара по 5 саати. Во спротивно турам пепел.
Интересно беше ова кога имав 17/18 години.Сега барам нешто постојано или сама ке си бидам.Стара излитена игра,ако проба пак некој така да ме игра од старт се ладам повеќе од него.Немам намера да водам битки такви оти многу ги мразам од искуство.
Ја мразам оваа работа!!! И верувајте и возрасни луге ја употребуваат ! Ги мразам таквите "мушкарци" !!