се имавме гледано, ама испаднавме некна затоа на прв дејт пишав..И се беше топ..Офф ке почекам уште еден ден па ќе пишам
Дечкото рекол дека ќе и пише, поминале два дена и не и пишал, му пишала она и после тоа пак го немало два дена иако рекол дека ќе и пише. Очигледно во моментот има други приоритети. Секој има 10 мин во денот да одвои ако сака.
Тактикава ме потсеќа на средношколски денови. Тогаш можеби беше интересно, сега на овие години јок, не пали ова кај мене, одбивно ми е
Колку и да зборувам дека ми е одбивно, знам да „наседнам“ на вакво однесување. Сакам да сум ловец и да се борам ако сум заинтересирана за некого, па ваквите игри ми го зголемуваат интересот и возбудата. Не сакам кога се' ми е лесно достапно.
Ич не ми се допаѓа ова. Веднаш добивам впечаток дека станува збор за несериозна личност и автоматски ми станува одбивна. Уште полошо ако веќе си во врска со некој и почнува да си игра топло-ладно. Не ти треба таков покрај тебе да ти кине нерви и да те тестира.
Јас не применувам никакви тактики. Директно секогаш кажувам. Ми се свиѓаш и готово или да останеме другари.
Повеќе сакате дечко смирен кој е грижлив за вас или дечко кој не е заинтересиран за тоа дали сте добро и сл?
Девојчиња шо се до 27 макс може да се ,,палат,, на дечко шо не е заинтересиран за нив, но на девојка поготово ако е 30+ со работа, со кариера, што е веќе целосно оформена како карактер и што знае што сака во животот верувај и те како нема да биде заинтересирана за некој шо нема време за неа.
Или топло или ладно. А тактикава топло-ладно е кинење нерви и лупање глава во ѕид со личност што ги практикува тактикиве, според мене.
Топло ладно не толерирам, додуша и ми се нема одамна десено, ама ми е црвено знаме. Зашо? Пошо значи дека е нешо неодлучен, можда седи на две столици, можда ми тестира карактер и толеранција, а тоа би ме натерало само да му го загорчам животот. Никад не сум се ни палела на оваа ‘тактика’, сакам да играм со отворени карти уше од сам старт и не оставам простор за ваква глупост. Нити па го правам ова. Небулозно губење на време ми е.
Оној што е заентересиран за вас постојано ќе ве бара и ќе биде упорен и загреан, тој што користи вакви тактики е само обичен манипулатор и вакви тактики на 30+ годишни не палат