Ние едноставно се разбиравме со поглед, и секогаш кога беше нешто тажен ме гледаше толку натажено со очите и ја наведнуваше главата... Или пак еднаш се возев во кола и поминавме по тој пат со татко ми аа тој излегуваше од неговата куќа ии кога ме виде толку се свртее наеднаш и цело време гледашее додека не заминев а исто и јас во него од прозорецот.. А кога за прв пат ме освои ми нажмикна со окото, ми прати кисче ехх убави времиња сега ке сакам пак да си го освојам, бидејки не сме во добри односи а многу го сакам тој ми е прва љубов и сакам да ми биде последна, ке си пробам јас пак со старите тактики мислам дека паѓа на тоа.. напоменав нешто од тоа што јас го знам ама не е тоа само има уште многуу многу вакви работи со мојот сакан ако ве интересира уште нешто пишете ми слободно.. П.С МНОГУ Е ТЕШКО КОГА ТИ КЕ ГО ЗАСАКАШ ПРВА А ПО ТЕБЕ СИТЕ ДРУГИ ЗА ДА ТИ ГО ПРЕЗЕМАТ Е ОД ТАКВИТЕ ЧУВАЈТЕ ГИИ СЕ ДРУГО Е ДОЗВОЛЕНО ВО ЉУБОВТА СЕКАКВА ТАКТИКА
Нема "тактики".. Многу глупаво ми звучи ова.. како да треба воени стратегии да креираме за да освоиме некого. Или е заинтересиран или не е.. Каква сакаш тактика избери - џабе ти е. Биди своја Биди природна. Најдобрата тактика е тоа..
Заинтересиран е се познава, ама многу малку..... и дури чека се јас прва да кажам нешто и сл не скараа после мене уште 5-6 го засакаа скоро сите мои другарки што сватив и дека не ми биле
Мила.. За да засакаш некого е потребно повеќе од поглед.. Повеќе од 2 реда муабет Тие 5-6 што велиш дека го засакале, всушност можеш да кажеш дека - им се допаѓа.. Сакање и допаѓање се две различни категории... А ти.. Преземи иницијатива.. не чекај. Утре може навистина ќе го засакаш..па ќе го разбереш значењето на тој збор
Во ист град живееме во исто основно учевме само 1 год е постар од мене секогаш заедно бевме се шетавме она ова исрекно го сакам јас аа јас ке преземам секако само се плашам од тоа што ке се случи
Јас го немам тој проблем околу приогањето но сум приметила дека машко кога ќе примети дека девојката е малку послободна околу приогањето, околу иницирање на секс.... се однесуваат многу поинаку како да губат интерес. Имам впечаток како да сакаат да глумиме, да не дозволуваме толку лесно да ни пријдат... не знам зошто е така но моето досегашно искуство лично и она на блиски особи говори во прилог на мојава теза, Секако не генерализџирам дека баш сите мажи не сакаат да им пријдат девојките први, но во глобала е така Не би можела баш да ја опишам тактиката или начинот на заведување кој го применувам но секако дека постои но тоа не се телесни атрибути туку повеќе се вербални или шарм.
Можеби тој те рангира како пријател, а ти не сакаш да видиш. Тој што ќе е со тебе нема ниту една да го преземе лесно. Точно е тоа дека сакаат да глумиме потешки малку. Сепак сме женски и им одговара женско со свое јас. Поточно сакаат да се помачат, но сепак се е до човек. Сите различни.
Не се согласувам деа девојките кои прфаќаат лесно врска или секс, кои не се либат да иницираат самите они, дека се девојки без карактер. Не е карактер дали веднаш или после еден месец ќе рашириш нозе туку е нешто сосема друго. Јас не сум од оние кои лесно даваат но не сметам дека имам посилен карактер од нив, едноставно така сум воспитана Всушност не е ни до воспитувањето, јас и сестра ми исто сме воспитани таа е помала 3 години од мене а имала многу повеќе врски од мене. Пример она уште кога беше малолетна ги носеше дечковците дома а јас и ден денес ми е непријатно да донесам дечко дома да се затворам да правам разни работи а моите да се во другата соба.
Не напоменав ниту врска ниту секс, тоа си е индивидуално. Сексот го манифицирам како потреба како кај машко така и кај женско, не правам споредба дека девојката за секс нема карактер наспроти девојката за врска. Машко како машко, дали ќе му дадеш од 1 или последна вечер ако е маж ќе те цени, ако е ѓубре некое тешко размазено што не знае да те цени тој од последна вечер ќе те откачи. Поточно те цитирав поради тактиките за освојување на машките, ни потешко ни полесно не е. Се е повеќе до човекот, како размислува, дали е зрел и какво гледиште има нештата.
Машкото срце сака да освојува. Женското да биде освоено. Играта со заведувањето не треба да трае ни прекратко, ни предолго. Ако ти иницирал 2 пати, иницирај му и ти еднаш, нема да ти падне круната.
Боже мили... Лесно можете да нѐ "освоите". Потрудете се да нѐ задржите. Да немаме време и потреба да помислиме на друга, или да помислиме на тоа колку се среќни другите момци со нивните девојки. Поработете на тоа.