Чудни се маживе. Еден период ѕвезди ти симнуваат, заљубени се во тебе до уши, друг период ги нема никаде. Его ли е тоа или што? Како може да постојат такви луѓе, и што сакаат да постигнат со тоа?
Како така за 1 ден може да ти здосади од некој? Колку и да имат обврски секогаш се наоѓа 3 секунди време да се јави или да пише. Ако се сака само.
Само што уште му нема успеано да ме легни. Можеби се откажал од чекање. Како и да е, машките треба да се научат отворено да зборуваат за тоа што сакаат или не сакаат од девојката. А, не да бегат од обичен разговор.
Поголем дел од машките за жал се прават додека не легнат некого.. За жал сексот денеска е сведен колку ќе легнеш а не со кого ќе уживаш..
Од толку слободни мажи ти по зафатен трчаш ?користи малце тоа мозокот. Едноставно не си му веќе интересна ,да си му значела немало да го снема.
Никогаш на сам почеток нема да ти кажи дека сака сериозно со тебе... ако ти го кажи тоа нешто не е нормално... Ти треба да му дадеш дознањње за што си заинтересирана... ама не директива ...
Машко никогаш нема да ти каже дека сака нешто сериозно со тебе се додека не се осети самиот зрел и сериозен за тоа! Машко како машко пати од тоа девојчето да го моли и да инсистира за се така да нема машко на млади години да биде сериозно никогаш
Ни во позрели госини нема одма да ти кажи сакам сериозно со тебе на стартот... си сакате да шврљате такви сте си... Но ако видите малку повеќе отпор тогаш подруго е малку
Ете ти го одговорот Али од друга страна имаш и луѓе (ретки) на кои им треба одмор од комуникација со луѓе. Од време на време ги снемува за да ги наполнат социјалните батерии и исклучуваат контакт без разлика дали е женска, друштво, било што. Не знам колкави се шансите твојот да е таков, само да ти напоменам.
Еј, значи му фалело нешто на дечко ми што на 21г не сум го молела, ни глумел недостижен и бил сериозен, а и од старт си кажа намери дека со месеци сум му се допаѓала и сака врска, замисли. Како не сум знаела до сега, цц, зар не приметив вакво нешто година ипол. А може тек сега ќе почне да глуми недостижен? Можеби треба да се загрижам, млад е, несериозен е значи... Ако вие сте такви, не значи дека секој млад е несериозен, па и чекал женското да го молела, свашта еј.
Не беше таа порака наменета за сите машки.. 95 % се такви колку сакаш ти не играј и објаснувај реалноста е таа
Абе доста веќе со тие генерализации. Ако ти си несозреан и недораснат, не се сите. Имам другари за пример што се целосна спротива од тоа ти шо кажуваш. Ај бар ќе спиам мирно, се дружам со сериозни луѓе.
Има нешто. Ама што и да е, оставам време и простор. Не форсирам. Chill. Ако сака ќе биде. Интересни мислења, и точни.
Не се затрескав до толку за недела дена ми поминаа не ми е во мисли цело време..погрешно си ги прогнозирав чуствата не е вреден за да се замарам Хахаха како и да е фала ти