Сакаат да си играат топло-ладно и да се шетате по тавани. Може и да не знае што сака, зависи колку е зрел(без разлика на годините.) Затоа, немој многу да очекуваш. Ниту па да го молиш. За љубов не се моли. Ако навистина сакаш да бидеш со него, следен пат кога ќе те побара, зборувајте со отворени карти. Нема потреба да си го губиш времето.Никој не заслужува такво однесување. Ќе си се посветиш на некој кој ќе сака да биде со тебе. И јас сум имала такви искуства.Да сум сега со овај памет, ах
Јасно ми е се. Nobody can fuck with my intelligence. Not even my feelings. Клише ми е ова искуство, веќе знам како треба.
Здраво форумци! Велам форумци, затоа што добредојдено е секакво мислење, било да е од женска или од машка особа. Ми се допаѓа еден дечко, ама тој не ме забележува. Јас сум по природа комуникативна и мошне добро започнувам разговори. Е сега проблем ми се јавува, момчево е некомуникативно, што би се рекло "еден збор, еден алтан" или намќор. Ако може некој совет како да почнам разговор, а со тоа и да му дадам до знаење дека ми се допаѓа.
Има чаре и за такви Насмевни му се како за почеток, нека се опушти. Штом си комуникативна, нема да ти биде тешко да започнеш муабет. Едно здраво, како си, општи муабети, па ќе се надоврзат темите. Ќе видиш како ќе реагира. Дали бр.ќе ти побара, фб и сл. Или ако имате заеднички пријатели, уште поубаво. Ќе договорите заедничка средба. Со такви карактери, мора малку трпение додека се пробие бариерата
Тоа е точно дека треба да бидеш своја, ама некогаш треба мало насочување или стратегија која ќе ја изведеш на сопствен начин
Е добро ај да не бидам сурова Ако ете убави нема потреба да има да се обидувате со тактики тие ќе ве забележат Attract don’t chase
Од секогаш сум била своја,без глумење финоќа или компромиси само за му се допаднам на некој или да ме примети,многу сум комуникативна,не сум ловела мажи некако шознам,сум бирала само кој ми се свиѓа од тие што ми приоѓале. Инаку од типс,зависи дали дечкото ви е во друштво,дали имате контакт или не,можда насмевка и дирек поглед а ако сте во друштво валда ако му се свиѓате ќе ви пријде нема потреба од тактики и стратегии.
Тоа е сосема точно дека е така. Ако на некој не си му привлечна, што сакаш прави, не бива. Ама јас зборувам за случај кога ти прво си приметила некого и сакаш да бидеш во негова близина, па откако ќе почнеш да комуницираш со личноста што те засега, ќе забележиш дали ќе може да има нешто повеќе од обична службена, другарска или чисто познаничка комуникација. Јас побарав помош, затоа што сме колеги со типов, а комуникацијата ни е чисто службена со полуформални разговори и со прилично лаконски одговори, а мене во последно време ми го привлекува вниманието. Твојава постапка е сосем океј, ама како што спомнав погоре, што ако некој сосема случајно ти привлечи внимание?! Или досега се нема десено ти да му пристапиш прва на некој дечко!?
Ја би одел со ептен директива и без лигавење. Здраво јас сум таа и таа... and the rest.... ќе видиш како ќе реагира тој. Се сметав.... за позатворен тип (сега сум само позабеган ), некоја ако ми пристапи рандом личност со ептен лигавење и така некоја финкоќа апла, да речиме токсична, ќе ми е одбивна. xD
Само еднаш,дечкото го знам од претходно онака и почнав да му пишувам на фб,навиваме за ист тим,ист тенисер и муабет,ама си попив корпа,ми враќаше дури му пишев,ок беше комуникацијата ама очигледно не сакаше ништо повеќе од другарство. Ти со колегата пробај отвори тема,неслужбена па види како ќе се одвиваат работите.
Ау, лигавење!? И мене ми е одвратно такво однесување. Ајде ќе изнајдам некоја тема додека имаме пауза.
Од тоа играње топло-ладно ќе останите сами. Дајте малку искреност, не туку си играјте со машките, после ќе цимите дека никој не ве сакал. Или сакаш да имаш нешто со некој, или не сакаш.
Дечко мене темава ми се прочита како Тактики за посвојување машко? А те читам и си викам со малиот да играш топло-ладно, ќе го прегрееш па настинеш па некој ќе цимоли, кога препрочитав тоа да ти било Тактики за освојување машко Нема тактики или кликнувате или не.
Се надоврзав на претходна дискусија на неколку членови. Поентата ми е дека поради тие тактити ние, машките, знаеме да оладиме и да се насочиме кон друга. Како и да е, фали искреноста кај луѓето. Се плашат да ти кажат што планираат со тебе, па да не те повределе одолговлекуваат и после сето е веќе мачење
сакам совет...бевме излезени друштво машки и женски од кои имаше нови и не се знаевме сите ..јас пошто сум сингл и еден другар ми рече ајде да ти го местиме овој и покажа кон еден(нов беше не го знаев) и реков не сакам такви работи,потоа тој другарот ми вика ела и го викна тој што ќе ми го местеа и ми вика ајде и јас онака зачудено што ајде ,епа ајде да се запознајте и тој се смееше и се гледаше во другарот и јас се тргнав бидејќи сум страшно страмежлива и не знам да му се приближам на машко и така да не се запознав,поседавме малку заедно и ниту еден збор не ми кажа тој зборуваше само со еден другар и по некое време си замина а во меѓувреме ме погледнуваше онака скришно е сега дали мислите дека не му се допаѓам па затоа не ми пријде тој или можам да го аднам пример на инста и да му пишам?ама што да му пишам немам врска ептен сум тапа за пуштање