Тактики за освојување на машко?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 29 април 2010.

  1. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    70
    Тактики за освојувајње на машко?

    До пред 3 месеци бев сингл. Бев на екскурзија и со другарка ми си купивме маици 100% single. Мислам дека тоа најмногу ми помогна. :lol: :lol:
     
  2. bebufce

    bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Тактики за освојувајње на машко?

    Една заводлива насмевка и мислам дека би било доволно :)
     
  3. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    25
    Тактики за освојувајње на машко?

    Се согласувам дека заводлив поглед е клучно , ама за почеток.После тоа најдобро е мислам да не се искажуваат толку емоции пред него(да ве прочита дека лудеете пред него) и за нешто во што сум 100% сигурна е дека машките не сакаат девојка ,која се самосожалува,кука. Сакаат храбри, јаки и одлични девојки машките. Според мене е така.
     
    На Roxanne, Hopeful, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    Епа девојки може и го имам "малку" утнато форумов :tmi: ама мислам дека нема да имате штета ако добиете и некое машко мислење. :D Вака... јас сум доста слободоумен така што воопшто не би ми пречело тоа ако некоја девојка ми пријде и ми каже дека сака да се запознае со мене... не е ништо страшно или пак невообичаено... 21ви век е и мислам дека нема место за некакви стереотипи за тоа кој треба прв да пријде на некого... едноставно човекот е такво суштество што има потреба од други луѓе и секојдневно да го проширува својот круг на познаства.
    Кога сме веќе за тоа како да не освоите.. хмм... па ако ме прашувате мене би ви кажал дека не треба да постојат некои тактики и стратегии за тоа како да стигнете до нас... би навел некои работи што мислам дека ќе ви бидат од корист :)
    - Доколку се работи за ситуација негде во кафич/дискотека: долг и упорен поглед (ама онака убиствен :D само како што вие знаете да го направите) проследен со слатка насмевка... ако типот го забележи тоа, само едно ;) и многу нормално дека ќе сфати што е работата така што може и тој прв да ви пријде.
    - Ако веќе подолго време го "меркате" типот и ви е прв на листа за освојување распрашајте се повеќе за него од некои подалечни негови другари ама никогаш кај најдобрите зошто се ќе се урне додека сте трепнале. Бидете заинтересирани кои се неговите интереси, па ако во нешто заедничко и се пронаоѓате во нешто, ете ви причина плус некогаш да му пријдете и да отворите заедничка тема за разговор. Со тоа сигурно ќе го погодите.

    За вакви ситуации би можел до бескрај да пишувам ама во глобала најважно од се е:
    - Бидете секогаш самоуверени, ведри, расположени и пред се на ниво со култура и начинот на говорење-вие сте ДАМИТЕ. Едноставно нека сјајот од вашите очи сам говори за вас. Не се облекувајте и шминкајте претерано нападно(па дури и за искочување) затоа што во повеќето случаи тоа изгледа одбивно(барем за мене) и недофатливо! Бидете природни и оригинални во се што правите. Сигурно дека повеќето ќе го забележат тоа. Дргуго доста важно-бидете закачка на кои не може никој да и одолее.... со тоа ќе покажете дека сте заинтересирани а и ќе го разбудите интересот кај потенцијалниот. Тоа е тоа во кратки црти..
    Ако имате некое прашање ви стојам на раполагање. Поздрав и со среќа на сите храбри девојки! :angel:
     
    На Dog-lover, naughtygirl, LikeDomino и 7 други им се допаѓа ова.
  5. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    78
    Тактики за освојувајње на машко?

    Се надевам дека барем 2% од машките го делат твоето мислење.....
    Супер ти ова ме натера малку да размислам на тоа што се случува кога сум на пример излезана ке проабам барем дел од твоите совети па ке видиме шо ке постигнам. :lol:
     
  6. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    Секогаш постојат исклучоци, така што верувај дека има и такви кои го делат моето мислење само не го презентираат јавно. Баш ме радува тоа што можеш нешто корисно од советиве да извлечеш. Со среќа па наскоро очекувам известување дали има некој успех ;)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Тактики за освојувајње на машко?

    Сакам да те прашам од машка гледна точка да ми кажеш...Зошто во последно време толку несигурност,немање храброст или што да е...едноставно зошто немаат иницијатива,некако пасивни се машкиве?Мислам за во врска да и се приближат на девојка па и во врска кога се веќе?
     
  8. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    Па многу работи може да играат важна улога за тоа што повеќето се пасивни, несигурни и без желба да и пријдат на некоја девојка.
    -Како што кажав погоре, може самиот изглед на некои девојки на недофатиливост(премногу атрактивни и привлечни) да биде одбивен сигнал. Сите си велат: премногу се мали шансите баш ваква девојка да биде со мене, сигурно премногу услови има за да бидам со неа(самиот атрактивен изглед прави да бидете можеби класа над него).
    -Голем недостаток од самодоверба и храброст. Се плашат да ви пријдат затоа што можеби претходно некоја го изиграла во секоја смисла па сега повторно се плаши да не ја направи истата грешка па се обидува кога ќе биде сосема сигурен(а за тоа треба многу) да го направи првиот чекор.
    -Самата одбивност од некои девојки кои се ај да не речам, (ама ќе речам) "нафурани" дека тие се најдобрите, најубавите, најспособните и се нај, нај.... буквално нарциси... поголема одбивност од ова за едно машко не постои.
    -А за тоа кога веќе е во врска некој тип, тука нема што да кажам, најверојатно не сака да си ја уништи врската која ја има, ако не му е убаво многу нормално дека ќе побара друга солуција. На некој од што му е добро не би се осудил да бара замена со нешто друго.
    Во секој случак се зависи од личноста и карактерот, пример јас кога сум искочен секогаш гледам да се запознаам со некоја девојка па макар добил и корпа(што не е редок случај) :) зошто потоа знам дека нема да ми биде криво дека барем сум се обидел.
    Никако не ве осудувам сите девојки но во денешно време повеќето имаат високи критериуми, за условно речено, "идеален"(нема ништо идеално) дечко така што и тоа може да се рече дека е една причина плус за пасивноста кај машките.
     
    На unlucky и akita им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Тактики за освојувајње на машко?

    ^^Фала за одговорот :)
    Сега видов..за тоа во врска се мисли за дечкото кој е во врска неговото пасивно однесување кон девојката..А не за трета :)
     
  10. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    Нема за што ;).... Погрешно сум те разбрал за ситуацијата. Ама кога веќе ми појасни за што се работи би се обидел и на тоа да ти одговорам иако немам некое големо искуство.
    -Најверојатно пасивноста во таков случај е резултат на некој тежок период, можеби премногу исполнет со стрес, обврски и сл. и сето тоа резултира со недостаток на време и желба за поголема отвореност и подиректен пристап. Некогаш начинот на живеење во денешно време е премногу динамичен и секој не може да се носи со темпото и многу е нормално да има и некакви "жртви" како на пример се поретко искочување, дружење со пријателите и тн. За ваквата ситуација најдобро би било отворено да се разговара со типот за да едноставно си каже што го мачи.
    -Друго што би можело да игра голема улога во таквото однесување е недостаток од динамика во врската... многу е нормално да има падови и подеми но некогаш негативностите траат подолго како резултат на немање на нови заеднички работи кои би ве поврзувале понатаму. Внесете новости, се што е ново би допринело за некакво поместување од мртвата точка. Бидете инвентивни и обидувајте се да внесете најразлични работи во врската за да направат таа да биде поинтересна. Пр. нов стајлинг, сменете место за искочување и слично.
    И знам дека забегав премногу off-topik ама што да правам... се е во интерес на дамите кои имаат "проблеми" со машкиот род.
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Тактики за освојувајње на машко?

    Убаво е човек кога ќе чуе мислење од едната ама и од другата, машката страна :) Он топик, не знам дали постојат тактики за освојување на машко, или му се допаѓате или не, трето нема, па вие праеле финти или не, на таков начин според мое лично мислење нема да освоите некого кој нема интерес за вас.
    Сепак јас имам обичај да им дадам до знаење дека ми се допаѓаат - се разбира доколку гледам дека некој е заинтересиран за мене, значи не глумам ледена принцеза, а не се ни кезам претерано, едноставно сум најобична, најнормална, најприродна, и мислам дека машките тоа и го сакаат. Нормално дека несвесно можеби фрлам некои искри со очите и пријатна насмевка, ама па без тоа не иде, треба малце да ги охрабриме, сепак тие се тие кои приоѓаат први обично :) Значи девојки (или барем тие што бараа совет) опуштено, природно, и не се правете непристапни доколку некој ви се свиѓа при првиот контакт, мој совет. И нема поубаво од тоа да се биде искрен, барем според мое мислење, зошто колку и да се правиме од самиот почеток дека сме некои што не сме, кога - тогаш и тоа ќе избие на површина и после се паѓа у вода.
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Тактики за освојувајње на машко?

    TheBunny ме потсетува на времето кога јас бев на негови години ;) ....
    Прво, се согласувувам со се што кажа!
    Второ, убаво е што им објаснуваме на девојките некои аспекти од машка страна....оти сум ги приметил дека знаат да забегаат во погрешна насока (особено кога претпоставуваат што им се мота на мажите низ глава :D )
    Трето....во врска со делот од твојот одговор што го цитирав. Брат, имаш само 19 години и верувај, ова ти е најубавиот дел од животот. Сега може малку ќе те разочарам, ама ентузијазмот за бркање девојки кој го опиша погоре нема да те држи цел живот.... најверојатно некаде до 25-та година. До тогаш ќе насобереш доста искуство (па ќе знаеш каде имаш а каде немаш шанси), многу работи ќе ти бидат веќе видени (па штом тргне муабетот со девојката во одредена насока веќе ќе знаеш каде води), а и веќе ќе ти се здосади од добивање корпи, па нема така лесно да се решаваш да пристапиш на девојка ...... туку ќе ги оставиш тие да смислуваат тактики :lol:
    Него девојкиве ми се најинтересни кога смислуваат тактика како да се најдат со момчето на исто место :rofl: , а тоа да изгледа као да е случајно, па тој да им пристапи...
    Знаеш, ти си студент сега, па ќе си отидеш во библиотека да учиш, си се начукал во ќош и си читаш ко бајче. Доаѓа „господичната“, се сместува на место кое не можеш а да не го видиш, отвара книга за да чита и види случајност, спремате исти испит :lol: :lol: ! И упорно 2 саат чита иста страна :^) ?
    Поздрав....и се извинувам што ме немаше подолго време :)
     
    На Sara123, Justinna, roberta-rubi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Тактики за освојувајње на машко?

    АААААААААААА ова мора да ви го кажам! :rofl: :rofl: :rofl:
    Тактика која ми ја кажа една другарка! :D
    Другаркава работи во една од поголемите банки во Македонија. И и се допаѓал некој тип од ИТ секторот, ама никако да им се укрстат патиштата. И што ќе смисли, земала и си деинсталирала или избришала некои драјвери на компјутерот! :lol: Плус го откачила аудио кабелот за звучниците..... и нормално се јавила во ИТ да пријави проблем со компјутерот ;) . Доаѓа момчево да види што е проблемот, она глуми невиност и наивност, паралелно го испитува одокулу каде излегува, што прави надвор од работно време, има ли девојка и сл. Типот се измачил додека открил што е проблемот со компјутерот (не знам како не и било жал :?: ) и на крај уште го замолила да и го приклучи и кабелот за звучниците.
    Јас: „Па кабелот може и сама да си го приклучиш?“
    Другарката: „Е можам, ама има многу слатко газе малиот, морав да го натерам да се напупи и пикне под маса!“ :lol: :lol:
    И потоа ние мажите сме биле перверзни! :!:
     
    На Mrs.Styels, Anastasija245, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  14. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    271
    Тактики за освојувајње на машко?

    Тактики за освојување машко-Глуми незаинтересираност,успех загарантиран!Демек сакале предизвици па доколку му маваш корпи стално тој ќе иде ко кученце по тебе оти сакале да бидат во улога на освојувачи 8) МАЖИ,кој да ги разбере!А ако сакаш обратен ефект кажи му уште на третата средба дека веќе можеш да ја замислиш вашата венчавка :D
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.697
    Допаѓања:
    145.331
    Пол:
    Женски
    Тактики за освојувајње на машко?


    Мислам дека незаинтересираноста не пали кај секое машко, туку само кај оние кои се тн. ловци. Добро, сите мажи се ловци, ама тука конкретно јас мислев на оние кои лесно ги имаат свртено повеќето девојки симнувајќи им ѕвезди, и кога ќе наидат на таква што им ја знае тактиката, па глуми незаинтересирана, уште повеќе ќе се залетаат се додека конечно не ја освојат, на некој начин. И тогаш следниот ден - чао малечка!

    Како и да е, сите машки се различни, како што и сите девојки не се исти и посебни тактики нема - моја препорака е бидете она што сте!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Тактики за освојувајње на машко?

    Паааа, не баш..... Кај мене незаинтересираноста на девојката значеше незаинтересираност на девојката... и ако не е заинтересирана, big deal! Plenty of other fish in the sea!
     
  17. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    Тактики за освојувајње на машко?

    Машките не знаат што сакаат...ако многу мислите како да им погодите, најмногу ќе грешите.
    1. Машките најтешко подднесуваат да бидат игнорирани, а тоа понекогаш може да биде вистинско оружје ама во рацете на девојка која ќе знае да го користи.
    2. Изненадете те го кога најмалку очекува, откријте што го интересира и посготви стратегија/не нападно.
    3. Секојпат бидете расположени и оптимист, никој не сака жалопојки.
    4. Никојпат не откривајте ги до крај своите емотивни слабости.
    5 Не се правите кокета, туку девојка која има ниво.
    6. Борите се за тоа што ви припаѓа, ама со стил.
    :) Среќно
     
    На Sara123, srcekrsacka, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  18. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    271
    Тактики за освојувајње на машко?

    Нормално дека сите машки се различни,замислете кога би биле исти :) Тоа што го кажав немора да значи за сите дека се такви,сум запознала машки кај кои и мала незаинтересираност им ја кажува јасно намерата на девојката и се повлекуваат.Но,сепак тоа што кажав дека кај некои незаинтересираноста на девојката ги прави уште поупорни е точно.Зборам и од лично искуство,и тоа на дечко со кого сум се понашала дури и арогантно,за да сфати дека немам никаква намера со него,тој беше толку упорен и досаден што кога му реков дека му немам дадено никаков повод за да се однесува така,ми рече твојата незаинтересираност и ладнокрвност ме тераат да бидам уште поупорен,и ајде сега де! Значи не мислев на целата машка популација со тоа :)
     
  19. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Тактики за освојувајње на машко?

    abe aman :devil: od prvo beese se naj naj .. se druzefme ona premnogu ko brat mi bese se si kazuvafme i sea ja nekako se zatreskaf :$ haha :x i toj primetil po ponasanjeto moe deka sum osekjala neso za nego i praefme seriozen muabet ... i mi kaza deka nesakal da me izgubel kao drugarka deka mu se desavalo da imal drugarka pa da bile vo vrska pa da raskinele i da nemale voopsto kontakt .. i sea ja mu rekof dobro ... to e to .. i drugarkami mi re4e mavaj go na ignore ko ke se pisite ke vidis deka ke primeti deka neso se desava .. i ke se smenat rabotite .. i taka bese .. ama ona totalen ignore mavaf .. kako si : dobra .. so prajs : nisto .. novo so imat : nisto ... mu odgovaraf so po eden zvor dva na prasanje i rabotite se smenia nekako .. e sea koa ke se pisime i toj po4na da mava ignore .. :@ neznam svarno so da pram sea :worried: haha :worried: a svarno mn go sakam i bi sakala da iam takva licnost pokraj mene em e dobar em se nz ... :(
     
  20. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Тактики за освојувајње на машко?

    Еве ти го проблемот! :!:
    Која е таа другарка ти толку паметна?
    Значи, се супер идело со дечково, ти си се затрескала, тој (најверојатно) не се затрескал, па кога видел дека ти имаш чуства за него, седнал со тебе и направил искрен муабет за да го спаси другарството....и ти после тргаш по памет на другарка ти и го ставаш на ignore :^) ???
    Зошто го казнуваш?
    Оти игнорирањето од блиска личност е казнување, знаеш нели?
    Со што заслужил вакво однесување?
    Што е тој крив? Што не го чуствувал истото за тебе? Па не може на сила да го натераш да те засака!
    Сега е твој ред да ја голтнеш гордоста и да бидеш искена со него....кажи зошто си го направила тоа....и понатаму мисли со своја глава, не другарките да ти го кројат животот :!: !
     
    На Mrs.Styels, srcekrsacka, DESTIN и 5 други им се допаѓа ова.