Даму го привлечеш вниманието на повозрасно момче од тебе ? На кој начин?Каков изглед?Какво однесување???
Неодамна, ја набавив книгата "Зошто мажите се женат со кучки?" Мислев дека ќе биде од типот ...15 начини како да стигнете до среќата... ама среќа што не е така. Има таму доста фини одговори во поглед на темава, така што ја препорачувам на сите. Уживајте во читањето P.S. не е само за оние што сакат да се омажат
Се изначитав на форумов..па еве и од мене едно прашање...долго време свиѓам еден колега, а и тој мене..ама работава е што имав дечко порано и му имам удрено мноооогу корпи, потоа детето си фати женска, па раскинаа...инт не е важно..важно сме двајцата сингл, ама тој е сменет некако кон мене, веројатно зашто му е повредена гордоста.. Знам дека му се допаѓам уште, пред некое време го истестирав и му пријдов со бош муабети...ама мислам дека треба нешто повеќе да направам за да собере храброст да ми пријде..сега тој глуми недостижен, а знам дека проклето многу му се свиѓам..а и тој мене. Што да правам, како да го освојам? опсесија ми е, не можам да го препуштам пак на некоја друга, мора да биде мој!
мој совет до тебе биди провокативна и секси (умерено)се разбира на работно место си или на факс нема врска иако велат сите дека физичкиот изглед не значи но тоа не е точно да сме реални за да му се допаднеш на некој на прв поглед треба да бидеш чиста средена дотерана ти веќе му се допаѓаш немаш голема мака но сепак за да го реактивираш повеќе човекот стави нешто на тебе во кое до сега те нема видено нека падни на газ што би се рекло верувај дека нема да остане рамнодушен ти фрлај повеќе погледи насмевки кон него биди поопуштена дај му до знаење дека овај пат ќе му биде возвратено него му е потребна таа сигурност се разбира дека нема да биде одбиен ајде тргнувај девојко на лов и борисе за тоа што го сакаш никакво препуштање на друга со среќа
Девојката треба да биде природна, ама не и вулгарна. Да знае да се шегува, ама во секое време да биде свесна каде е границата меѓу шегувањето и невкусното, да биде спастрена, ама тоа не значи да ги троши шминките на едно шминкање (според моите другари, нема машко кое сака да бакне девојка со дебел слој јак кармин на усните). Да дава дискретни сигнали дека момчето/мажот ѝ се допаѓа. Да не тупи со глупави муабети (цитирам машки ), да не озборува премногу, и тоа луѓе што типов абер нема кои се, да знае да направи нормален муабет... Потоа, да знае да се однесува во друштво (да не биде, како што викаше едно мое другарче „оваа ми е за по дома, не е за по надвор“ ), значи, да не му е срам на дечкото да ја запознае со друштвото... Скоро читав на еден (српски) форум, типот вика дека машките многу добро ги ловат женските сигнали, ама ако не трза, значи дека симпатиите не се возвратени . И уште нешто, да не брза со секс девојката. Да, да, иако е ова модерно време и бла, бла... машките главно не сакаат девојката да ја легнат премногу брзо/лесно, посебно ако сакаат врска со неа (пак да цитирам другарче мое, му се допаѓаше девојката онака, сериозно, и кога првиот пат пробал кај неа за „она“ , беше среќен што не успеал, верувале или не. Ми вика „Леле си викам, сега ако ми даде...“ Не за друго, машките убаво разграничуваат секс и симпатии/љубов, и плус, генерално мислат ако со нив лесно се предаде , дека лесно се предава и на други, а пак ќе кажам, тоа не им се допаѓа кај девојките со кои сакаат врска. (Иако, да не грешам душа, другарка моја, после една година заедничко работење со типот, му даде првата вечер кога се смуваа, и сега се веќе со години во брак... исклучок кој го потврдува правилото? )
А што ќе ви се тактики? Не е ова дресирање на животно. Да постоеја тактики сите ќе беа со оние кои посакуваат да се. Насмевката има голема улога, исто и добар заводлив поглед кој ќе направи да падне на г*з он, но тоа не се тактики сепак.
Девојќи имам еден проблем. Ми се свиѓа еден дечко и неколку пати имаме заедно излезено во друштво но, не знам како да го сфатам неговото однесување Вчера на пример останавме сами и почнавме да правиме муабет за сколо, ова она и ок беше. Не му ги влечев зборовите од уста ама не знам.. се плашам дека ми правеше муабет од што немаше друго некако како да не беше вдлабочен или искрено заинтересиран за темата.. ако пак не ме свиѓа значи сум му досаѓала со муабетот?? Како да го сфатам неговот однесување? Феминки, очекувам совет...
Па и немаш некој проблем. Имаш мушички во главчето Сама си кажа, не си му ги влечела зборовите од уста. Па и културно е да ти збори кога сте останале сами. А колку ќе ти зборува зависи и од тебе нели, дали ќе црвенееш од срам секогаш кога ќе ти каже нешто, на која тема ќе го вртиш муабетот и такви ствари. Нема ништо конкретно тука, можеби така бил расположен, не на сите им се прави муабет за школо, нели? Пиши ни пак, со повеќе информации и со нови дешалици па ќе ти помогнеме да сфатиш дали му се допаѓаш, или не.
Ау книгава мора да ја прочитам но како да одам во билиотека и да кажам ја имате ли книгата "Зошто мажите се женат со кучки?"
Девојки, иам еден проблем.Незнам дали е темава одбрана за него но се надевам.Ми се допаѓа еден дечко месец ипол и решив некако споро да си се фатам за работа, да не избрзувам со запознавање или со шмекање, бидејќи неќам да испаднам лесна.Ме загрижува тоа што си игра топло/ладно.Во викенд може цела вечер да ме гледа и да ме шмека, а наредниот ден, (иам приметено) ме гледа онака оддалеку коа идам, а потоа таман сум поминала покрај него он си ја врти главата. Дали е човеков срамежлив или што му е филмот?
Нема потреба да тактизирам ,оно само ќе си дојде Ич не се препичувам и не ми е опсесија дали сум го направила вистинскиот потег ,природна сум си ,таква летната и озабена од осумка до осумка ,си комуницирам најнормално,си се носам во мој стил... И што е најважно ,оставам впечаток на лејди која знае да го поднесе товарот на животот ,тоа е многу битно. А дали е така или не ,јас самата си знам
Прво вака: Спојлер Да се разбереме, јас сум таа која го држи цветот Следно, поминувам со штиклици нашприцана со Коко Шанел.И за крај еден ваков поглед мил...Иии... gotcha! Шала на страна, најчесто си паѓаат на леп осмех, не им сум јас крива што ми се прави забите
книгава ја имам дома, ја препрочитав неколку пати, и верувај дека навистина паметна инвестиција мозеш да ја најдеш и во Матица, не е скапа
A се' убаво, ама како да постапам на пример со машко кое е дури и посрамежливо од мене, а очигледно е дека му се допаѓам !? Досегашните обиди ми беа 50-50 успешни, ама ништо - типов е пресрамежлив, т.е. кога сме сами може да се задржи едно 10-15 минути уз муабет, ама кога ќе ме види макар со една другарка, муабетите ги врти 360 во секунда и си го фаќа патот. Не знам веќе што тактики да извадам од ракав... Апел до машките, да бидат послободни!
Па кажи му дека го свигаш иди у напад , ако биде нешто биде ако не онда имаш опција да го силуваш или да си идеш
Ме пресмеа човече, да не пукниш! Очигледно е дека ми се допаѓа, сигурна сум дека знае, ама срамле е , мајке ми - плаче за едно јако силовање, и ти во право си.