@Mishela Ако си со другарка и он е тука,почни да и ги масираш рамената(и вратот) на твојата другарка.Пред тоа може да си правиш со неа муабет општо на тема масажа. Откако ќе завршиш со неа,прашај го дали он сака да му ги измасираш рамената.Ако се согласи,додека го масираш прашај го дали му се допаѓа како го масираш,и дали ужива.Ако те пофали,кажи му дека има фина(нежна ) и чувствителна кожа,затоа фино му е,и малце смешкај се,ама под брк.Ќе видиш каде ќе води ситуацијата. Треба да има реакција од негова страна.Ако нема,не превземај ништо.
Еве јас ќе дадам едно општо мое лично размислување, дека според мене најубава тактика е да бидеш она што си. Значи пред него биди природна, искрена, позитивна, нека те запознае таква каква што си, верувајте ова навистина и тоа како помага ако е тој заинтересиран.
Мислам дека I got it. Ха. Се важи сето ова доколку се работи за чешкање? Шала на страна,(со другарка ми секогаш се чешкаме по рацете, онака нежничко) успеав да му скренам внимание криво-лево со ова чешкањево. Ма ќе бара он вакво чешкало како мене, ама се сомневам дека ќе најде. И после пофалбите, цело време беше ладен - колку само мразам вакви типови, а секогаш налетувам на нив, оф.
Хаха, ми се допадна твојот коментар! Навистина и до големо откритие си дошла, но може да ти додадам нешто? Кучето треба да биде во стил онака ... развиено нап. вучјак, самојед хаска итн! Иначе фала!
Зашто мора све со планови , мислење и сл. идеш у диско и си помислуваш http://www.youtube.com/watch?v=GzSgz3R8oso
Темата ме потсеува на оние страници од тинејџерските списанија када на големо се раскажува како да се ќари симпатијата ! Искрено, смешно ми е и банално да се изнаога разработена тактика која ќе ни помага да стигнеме до срцето на некој! Ми се чини не постои таква тактика, или барем нашата тактика не може кај секого да влијае! Секој си е сам за себе, со свои интереси, желби и карактерни особени...па тргнувајќи од овде тоа значи дека во заведувањето не постои правило и уште помалку тактика која ќе не води до успех! Многу вештачки би изгледало ако целото запознавање и флертување се сведе на некоја замислена стратегија, полесно би било ако се се одвива спонтано! Мислам многу поприродно би било ако не се придржувате кон некој зацртан план...оваај тактика де... Ама ај вие си знаете, па како сакате правете! ЈАс не би се потпирала на некоја тактика за да заведам некој! Тактиката да, ама во врска или брак или пријателство кога некој веќе го познаваш и знаеш каква тактика да употребиш! :geek:
Девојки/машки давајте совети Одамна си се свиѓаме со еден тип, арно ама јас имав дечко па го одбивав, тој фати женска потоа..пред неколку месеци бевме на кафе, ама тој е многу стегнат,нема храброст да ми признае нешто, а јас по природа срамежлива па уште од ситуацијата како се стегнав..јазикот ми се врза..и ништо не бидна...престанавме да комуницираме од непознати причини сега на типот пак му текнало да ме викне на кафе, и јас сакам да биде нешто , ама не можам да ја трпам таа тензија..сакам да се опуштам, да го охрабрам и него малку (иначе и двајцата сме да кажам мутави зашто имавме долги врски и флертот ни е слаба страна) .
Епа смени ја таа монотонија девојко,најдете си теми за разговор,ти пробај да флеруваш со него,онака што се вика заведи го,погледот нека зборува,да видиш и тој како ќе се опушти.Тоа е,не бива ако се свиѓате да не испадне ништо.Потруди се
Дај му некој страствен поглед што нема да го заборави... што ке го натера да мисли на тебе нонстоп...тој самиот ке ти се приближи испробано е верувај...другарка ми му направи така .. ... по неколку дена тие веке беа во врска.
Ако мене ми се допаѓа неkоја девојка не треба да ме заведува,ако не ми се допаѓа бадијала ке заведува.
Е мене никогаш не ме бивало за тактикиве, можда зашто и не сум имала можност да ги користам. Јас едноставно пред машко што ми се свиѓа целата се кочам, незнам што да кажам и се плашам да не треснам некоја глупост а уствари плашејќи се стварно ќе лупнам нешто и после ми иде да се убијам! А вака ако ми било само за мување и ништо посериозно, сум немала некоја потреба за тактика за да го освојам, ми било само за една вечер (или еден ден ) или пак онака кога ќе ми притекне и не сум му се замарала многу многу. А и многу мразам кога ќе се затрескам во некој тип што си мислам дека е 'над моето ниво' па морам да внимавам што зборам пред него, да се прикажам во најдобро можно светло пред него и бла бла, разни тралалајки. А вака, имаше еден дечко што си постоеше некоја искра помеѓу нас иако it was never meant to be де, и со него бев тотално опуштена, се знаевме само една недела а можевме да зборуваме за скоро се, немавме никакви пречки меѓу нас и си бевме слободни. Ама кога подобро ќе размислам можеби така сум се чувствувала зашто не сум мислела со него нешто посериозно. Значи, тактикиве мои во главно ми зависат од типот на машкото и од тоа што јас го сакам во моментот. Ако типот е поопуштен, и не е некое главно фраериште околу кое се врти цело Скопје, т.е женската популација немам некои посебни тактики, ќе му пријдам најприродно и муабетот верувам ќе ни тече супер. Истово важи и ако не планирам нешто сериозно, само мување и тогаш не се замарам многу. Е сега, ако намеравам врска или типов е она истото фраериште што го опишав погоре, ќе бидам малку повнимателна, ќе мислам два пати пред да превземам некој чекор и така.
бидете сигурни дека вредите и игнорирајте го,ако не упали тоа сигурно нема со пуштање така брзо ќе ве откачи,ако не успеете сфатете дека иде нареден и може ќе знае да ве цени
На забава кај другарка ми...јас испаднав и тој испадна веднаш по мене..јас бев засрамена но не можев да се воздржам па го бакнав осетив дека и тој ми возврати...па во врска сме .. и лудо заљубени сме си