Излезете некаде, прошетајте низ парк сами, ова она одете на место каде што највеќе ви одговара. Штом се однесува така со тебе, те поздравува,те бакнува,те гушка, тогаш сигурно и ти му се допаѓаш, така да мислам дека нема да одбие една “прошетка“ Но, од друга страна, можеш и да почекаш тој тебе да те викне.. зависи ти како сакаш,така
да не се оптеретувате многу ке ви кажам .... ви треба што помалце облека и паѓа одма а за понатаму дали ке има врска или само ке ве помине зависи од самите вас
како прво незаборавај дека сум машко и мн нормално е мислењето у врска со ова да не ни се совпаѓа. како второ секое машко паѓа на тоа, кој мисли поинаку лаже, зборуваајки ти како на него си го привлекла и на крај освоила со пар паметни фрази притоа забораваајки да си ги избрише лигите кои му течат гледаајки у твоето длабоко деколте како трето ако сакаш да се увериш у ова напрај го тоа што реков и да видиш дали нема сите да се ѕверат и да те посакуваат (лесно е да го освоиш али тешко е да го задржиш, затоа и реков отпослем зависи од самите вас, дали ке му се допаѓа како се понашате, размислувате и ред други работи). и како четврто ако сеуште не веруваш у ова напрај го следново .... со некоја другарка кај е понеубава од тебе тргнте на прошетка. таа нека се облече поразголено а ти онака обично (ко калуѓерка де), и тогаш ке имаш шанса да се увериш у кого машките зјапаат безразлика на физичката убавина,интелигенција, добрина итн.
Да да, во другите теми, машките се изјаснуваат дека девојките со кратки миничи и длабоки деколтеа ги етикетираат како лесни, а сега демек облекувајте се што по оскудно за да ви се пуштаат машки. Па ако треба да се извадат градите за да се добие внимание треба да не излегуваме од дома. Машките и онака и овака се ѕверат во женските, доволно е само некои затегнати тренерки или фармерки, без притоа да откријат нешто повеќе. И чист пример, имам другарка која секогаш за излегување си носи кошулчиња и фармерчиња, без притоа да го открива своето раскошно деколте, и нема да излезе а да не и пријде некое машко. Секогаш има некој што сака да ја запознае. Што значи ова дека треба да се разголиш за да ти пријде машко нема никаква врска. Се знае на што мислат машките кога ќе видат девојка со облека која повеќе открива отколку што покрива, и не верувам дека таквите девојки ги планираат за врска. И да започне врска со неа, после ќе ја моли да не облекува фустанче или што знам јас. Тактика за освојување машко? Ма една упатена блага насмевка може да направи повеќе отколку две ц*цки стиснати мислиш ќе пукнат!
Како јас освојувам машко , многу лесно сега и сликовито ке ви покажам Нормално кафе се пие со тој што ке преживее
Мојата тактика, ако може да се нарече така е едноставна. Само погледни го неколку пати ама да те виде. И после само пројди му и започни разговор. Ако бидне бидне
Секоја чест за мислењето. Најреална си! Воопшто не се потребни кратки миничи и деколтиња. Важна а е фацата повеќе од телото
DeepBlue среќа што само дел од машките размислуваат вака како тебе. Алал да ви е стварно што првенствено кај девојка ви е битно деколтето, а моја среќа што не сум налетала на таков. Можам да се пофалам со прилично бујно декоте, ама со тоа да освојувам машки? Зарем не ти е битно што има девојката во глава, што муабет ќе ти направи, дали ти е интересно со неа? Очигледно ти би излегол и со некоја прилично простичка, али битно е да има добри ци*ки, лелее замисли што ќе речат другарите... брат каква цица-маца д***ш.
Грешка си, не памтам на ниедна тема некое машко од Фемина (тие двајца без тројца што останавме) да рекло дека девојки со кратки миничи и длабоки деколтеа ги етикетираме како лесни, напротив не ни смета и такви најпрво ги приметуваме (и тоа го кажавме ). Вие девојките ја етикетирате како лесна некоја што е поскудно облечена, нас тоа ама ич не ни смета под услов да не и се гледа цела цицка па сите да ја зјапаат, тоа секако ќе ни смета. Другарка ти со деколтето што и приоѓаат и кога е закопчана има веројатно добра фаца а плус ние имаме детектор да препознаеме бујни гради и кога се покриени, да не се лажеш дека ако е закопчана не се приметува што има испод . Секако после приметувањето и обостраната симпатија доаѓаат до израз карактерот и останатите квалитети на личноста .
Мој совет многу многу не смислувајте тактики за освојување на машко оставете тој да ве освои вас и тој да си мисли на тактитки за освојување оти на некои машки тие наши тактики за освојување им удираат во глава lol:
Мислам дека... Полека одење,исправено тело,широка насмевка се доволни некој да ве забележи и да му се допаднете. Секако треба да се однесуваме како дами,а не како простачки. Нема девојка која не е убава,секој си е убав на свој начин.И мислам нема потреба од миничи или откривање на декотлето само за да освоиш машко.Тој што ќе те бендиса и без тоа ќе те бендиса.Важно е и однесувањето на девојката,сигурно на некое машко нема да му се допадне некоја што постојано се ѕвере .Кога јас се запознав со дечко ми бев по тренерки,косата неуредна,без шминка бидејќи се запознавме на излет,па ете пак успеав да го освојам. Ама падна на мојата насмевка со дупчиња
Сето ова е океј, но некогаш нече па нече и овде нема што да се направи, каок во мојов случај. Неможе и тоа ти е тоа Чича мича завршила је причаа, колку и да се трудиш
Диди , може да ми кажеш кој е издавачот ? Се убив од тражење на книгава заедно со 1от дел од авторката (Зошто мажите сакаат кучки) и никако не ја најдов.
Мислам дека ако му покажете на машкото многу длабоко деколте, голи нозе, скоро г*зот да се види, и слични работи, кај него ќе се создаде одма некоја слика и ќе ве гледа како предмет за задоволство, а не како некоја со која што би имал посериозна врска и слично. За посериозни работи, покажете малку колку сте паметни, со голема насмевка “од 6ка до 6ка“ и барем малку смисла за хумор
Абее океј не треба женската да изгледа као ку*ва, али за да привлече внимание треба да е згодна , напукана , дотерана и откако ќе и пријде он, или она него преку разговор кје се види и карактерот, али ако на изглед не му е привлечна никад нема ни да и пријде.. Значи подеднакво се битни и карактерот и изгледот А најдобра тактика секако е насмевка, фрцкање(да не шантра ако е поднапиена и на штиkли) да му упати "поглед преко рамена" ..и така
Многу ми се свиѓа еден школски другар, заедно учиме незнам дали тоа е во ред.. но мислам дека и тој мене ме свиѓа но не сум баш сигурна...Како да му кажам дека ми се свиѓа ?? Ве молам за помош Феминарки .. Фала однапред!!
moe mislenje vo vrska so ova e deka ti ne treba da se menuvas za doticnata persona...odnosno ne treba da se menuvas za niedno masko...ako nekoj te saka, treba da te saka i da te prifaka takva kakva sto si...a tvojot drugar mu spomnal za tebe i toj rekol deka si simpaticna no mu se dopaga druga devojka...moj sovet e da ostavis se kako sto e...a ako m znacis ili bilo sto toj ke se pojavi
Ма го мавнав, пу брее . Тој цело школо така го заведувал со буквално исти реченици и фрази. Некако излитено ми делува, простичко. А и сака во исто време сите да ги врти и моментално сум решена додека некој не ми докаже дека вистински ме сака нема да паѓам на празни зборови