Овие `тактики` од било која страна да се превземени ми се глупави и смешни. Синкир територија ќе освојуваш па треба тактика. Треба само искреност, ништо повеќе. Мене ми е здосадено од тактики и такви манипулативни средства за заведување. (што е и замамување, преправање во нешто што не сте). Биди тоа што си.
Да се разбереме, не постојат тактики. Сите ние сме различни и не секоја тактика "упалува" кај сите машки. А и зар воопшто ти треба некој, за кој ти би спремала тактики на заведување???? Не, туку девојко, тебе ти треба некој кој што ќе те бендиса таква - каква што си, и кога те нема и кога си досадна и кога си лута. Играње игри од типот топло-ладно е премногу замарање... Секој со своето, но јас дефинитивно не верувам во тактики ниту пак во генерализирање ( од типот машки род).
Во ред да бидеш искрен, ама денес ретко кој е искрен, па искреноста лесно можат да ја искористат и да те повредат. Така да, мој совет да внимавате со кого сте искрени!
Јас бев и сум искрена со партнерот. И до сега е добро, за натаму ќе видиме. А три години сме заедно. Па значи има сеуште такви луѓе. Епа тактики како тактики штознам, ама тука ви е насмевката и интелегенцијата. Бидете свои и итри. Со отворени карти од почеток.
Не зборувам за кога си во врска. Тогаш е друго, тогаш е во ред и двајцата да се искрени, ама кога користиш тактика ако воопшто се нарекува тактика или кога некој друг тебе се обидува да те освои треба да бидеш претпазлив.
Јас се раководам според онаа биди играч а,не играчка... Не користам никакви тактики за да освојам некој...туку оставам тој некој да биде креативен,заводлив,искрен и интелегентен во смислувањето на тактики за да ме освои... Па ако е вистински добар и храбар маж според моите критериуми ќе ме освои...(само малце ќе се помачи)...ама па затоа после ќе биде богато награден.... Девојки ако сакате да освоите некој само оставете го да трча зад вашите потпетици..! Тоа што потешко се добива е послатко и има повисока цена ..се разбира..
Искрено не кај сите пали,кај мене не пали тоа, за све има граница,ако гледам дека ме зеза или намерно не се дава да ја освојам,ја баталувам,не е еденствена има други,но тоа незначи дека треба да биде лесна како тоа што вие сакате да го кажете,умереноста е најдобра.
Зошто мислам дека повеќето врски од моето окружување се за**але или воопшто не се случиле ради тие глупи тактики? Па книги за самопомош, па глупости. Освен за правење пари, за друга намена не се тие напишани, сигурна сум. Да користам некоја стратегија за да фатам некој ми е како да си признавам дека не се ценам доволно себеси таква каква што сум и не се сметам за доволно интересна личност за да привлечам нечие внимание, туку за да освојам некого треба да изигрувам некој друг. Сум била посуптилна, дискретна и срамежлива додека да запознаам некого (што не било стратегија никаква, туку било дел од мене едноставно), но откако се ствара близина, никогаш не сум почувствувала потреба да ги кријам моите чувства. Тој кој вреди за моето внимание, ќе ја вреднува и ќе го привлекува и таа искреност. Никогаш не сум го можела тоа. Кај мене омотот е проѕирен. Таква сум каква што сум. И само тогаш можам да бидам сигурна дека некој се заинтересирал за мене, а не за која и да ја претставувам со моето тактизирање. Кога сум лута, лута сум, не ја прчам устата и не го брчкам челото цел ден туку си кажувам бре „Ми смета тоа и тоа.“ Поаѓам од себе. Кога гледам некој дека ми шета по нервите и си игра топло-ладно со мене, веднаш се ладам и во најкус можен рок го откачувам.
Во правo си Теси. Нема потреба од никакви игри или тактики за да се освои некого.На некој може да му сум привлечна,на некој не. Ако некој мене ме привлекува повторно ќе си бидам онаква каква што сум во целост и не би можела да глумам нешто што не сум,замо за да ме погледне некој.
да не се разбереме погрешно...не дека јас намерно ќе се правам неосвоива тврдина или пак сакам некој да трча маратон по мене, не одам до таа екстремност.. Поентата е друга..јас сум таа што сум, не сакам да глумам нешто што не сум,задоволна сум од самата себеси и сметам дека нема потреба од глума. Ниту пак сакам некој друг да глуми и лажно да се претставува а, уште помалку ќе дозволам некој да ме влече за нос и да си играме топло ладно.Природна сум и спонтана,тешко стекнувам доверба во некој и кај мене нештата се одвиваат бавно и постепено.(не е глума во прашање)Човек може да ме види во секакви изданиа и најдобри и најлоши и оној што ќе ме прифати и засака во такво светло искрено..тој е и вистинскиот... Прво теба да се соберат доволно поени па да го положи тестот. Со тек на време научив дека не треба јас да го правам првиот чекор(не дека некогаш не сум правела)за да не ме сметаат за лесна или очајна за дечко.Сепак она што е понедостапно и мистериозно е попосакувано,тоа ни е во природата и на двата пола.
Според мене не треба тактики. Биди природна, биди своја. Гледај во него, насмевни му се. Така е најдобро
Избери си мета и пушти ТОЈ да биде ловецот! Контрадикторно така ? Нема многу смисла ? ИМА И ТЕ КАКО! Баш зашто во генетскиот код кај машките им е да си бидат ‘‘алфа‘‘, и потсвесно да ја задоволат жената еднаш кога ќе станат блиски (секако тоа е фаза 2), па зошто би му го скратувала тоа задоволство да го прави тоа што му е својствено ? Kај мене секогаш палело.. 1. Акција внатрешно - си ја пумпаш личната самодоверба и континуирано работиш на себе, за кога ќе те запознае да си биде на чисто дека има работа со карактерна, силна и независна женска што ќе сака да ја задржи покрај себе (ова важи не само за дечко, туку и за сите останати сфери каде треба да градам односи со другите) 2. Постепено да станува свесен дека постоиш, дури постепено ти влага во мрежата - ја вртиш топката да се осеќа дека TOJ ги држи картите. 3. Eднаш кога ќе остварите контакт, мене најмногу ми успева кога сум си природна, кога ги кршам тие некои норми за како треба да се понашаш на прв дејт, зашто она што ќе го натера да биде и да OСТАНЕ со мене е тоа колку сум автентична со него и колку ќе се поврземе. 4. СЕКОГАШ задржувај работи за себе!! Резервираноста на почеток е пожелна, зашто сум приметила дека на ниедно машко не му се свиѓа кога се е на тацна, кога може да те прочита и кога знае што следува. Подоцна секако ова ќе се намали, ама никогаш не се отварам до крај. 5. Kакво што е времево денес, кој па не игра игрици да си добие тоа што сака ?! СИТЕ тоа го правиме, на овој или оној начин. Поентата ми е да ИГРАШ ИГРИ, ама цело време да си свесна што сакаш, каква си карактерно и за кои цели и вредности се залагаш, зашто сепак тука ‘‘игричките‘‘ лесно можат да се преминат во манипулации и борба чие его ќе преовлада. Mислам дека на крајот е битно да се градат црвсти односи, во целост да се доживува особата до тебе со сите нејзини доблести и мани , ама сепак да си се држиме до тие некои работи што ни се својствени како женски (girls you know what I mean!).
Го свиѓам повеќе време тој незнае. Го гледам на 4аршија многу 4есто кажете некоја тактика што тој 4е ме примете или па нешто да направам за да го привлечам