Талент ДА, но можности НЕ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од guitar, 10 август 2011.

  1. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Многу се нервирам. Талентирана сум, но тука во нашата држава просперитет во ништо нема. Чувствувам дека сум посебна.. и некако чудно талентирана.. Чувствувам дека имам талент и некоја посебна мок со која ке можам да постигнам светска слава. Но .. немам поддршка.
    Не би сакала да мислите дека се фалам но ке мора да ги кажам своите светли страни за да видите за што се имам талент.
    Литература- Пишувам поезија и проза и сум доста успешна. Пишувам и песни на англиски кои можат да се испеат и текстовите се стварно добри.
    Музика- Убаво пеам. Не посетувам курс по соло пеење или пак часови по некој инструмент иако планирам да си купам гитара. И ке научам да свирам.
    Актерство-Предобро глумам . Но каде и кому да покажам и докажам. Глумам одлично, како холивудските глумици .Да живеев во Америка веројатно ке бев Дизниева Ѕвезда.
    Модел- Да бидам манекенка не би можела. Анорексична не сум. Но имам лице. Телото ми е како на Ким КАрдашијан , баш такво , а лицето ми е перфектно. Можам да сминам реклами и се тоа. Фотомодел Да, но Модел немам шанси барем сега-за сега. :sweat: :sweat:
    Имам стил , фризура, талент, понашање како ѕвезда. Не знам што да правам, постојано мислам дека мојата ѕвезда ке згасне. Кога ке кажам нешто за кариера она-ова мајка ми веднаш вика ШТО СИ ЗАМИСЛУВАШ-ОВА ТИ Е МАКЕДОНИЈА,КАДЕ ЛЕТАШ... Сите ме нервираат , главата ме боли, отсабајле два аналгина испив. Се нервирам веке и сум опседната со кариерата. Ве молам за помош. Дајте ми некои он-лајн аудиции. Од каде да почнам , што да правам. Само не би сакала да се промовирам во Македонија прв пат. Само тоа не би сакала. И без курсеви јас сум талент, роден. Додека ги гледам сериите на пример онаа Гоусип Грл си викам Ах јас таму да бев, сигурно ке ме избереа ситурно, имам изглед и талент за глума. Имаме и средства дома, имаме приватна фирма и финансиски сме супер. Имам 14 години.
    Што да правам?
    Однапред ви благодарам.
     
    На Lolo5 и Liebe.Love им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Убаво што си ти таков таленат,али темава нема врска со образование.
    Или има?

    Ако си јака музичарка,иди у музичко.
    Ако си јака глумица,иди у театар негде,што знам.
    Ако си јака пејачка,пријави се на Идол.
    Ако си толку згодна,иди у Црнокрак.
    Ако си јака поетеса,напиши книга.


    Не можеш ти да си сањаш вака,еј што ако јас бев ваму,ако бев таму.За да успееш,треба да го мрднеш газот.
    На Бијонсе сигурно не и дошле дома на вечера,ејјј ти убаво пееш,знам јас,ај со нас да станеш славна.

    П.С Стај слика,стај клип како глумиш и пееш,стај песничка твоја. Чисто да видиме дека не си само нарцисоидна,туку дека си талентирана. :lol:
     
    На twilight123, Deniere danse, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Талент ДА, Но Можности НЕ


    MacaLove е во право. Со дома седење не постигнуваш ништо. И сама велиш дека финансиски добро стоите. Па запиши се во некое училиште, или направи нешто. Никој не успеал без да се размрда, па колку сакаш имај си ти талент :)
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    85.530
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    +
    или пак ти е “испод части“ да застанеш во ред и да тропаш по врати?
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Маца навистина има право...Од нигде никаде не се станува славна...И јас би сакала да видам како глумиш, да слушнам како пееш или да прочитам твое дело, да видам/видиме дали навистина си талентирана или само нарцис ;)
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    :o Мулти талент!!! Би било штета да седиш дома и да не се промовираш, башка уште поглема би била штетата ако финансиски можете а не преземата реализаиција! |(

    Ќе бидам искрена...првото што ми падна на ум откако го прочотав постот помислив ,,Кој Нарцис еееј :^) ? Да се има талент баш за се? За се,ама бааааш за се? Абе ааајде бе, ова ни во шпанска серија го нема! Дај малку самокритичност бре, едноставно не е возможно да си толку талентиран и перфектен во се а да бидеш толку незабележлив! Да пишеше дека имаш талент за нешто ќе верував, ама толку перфектност на едно место мене ми е неверојатно дека постои, а ако постоеше сигурно не ќе поминеше незабележано!

    И ете совет од мене, ако веќе сонуваш за кариера тогаш насочи ги своите амбиции кон една област (пример кон музика) и развивај се на тоа поле! Така е полесно да постигнеш успех отколку да си мислиш колку си совршена во се а ете не ти оди од рака!
    И уште нешто! Ти рекол некој друг дека имаш талент или тоа се твои проценки?
    Поздрав!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Ова ме потсеќа на поплаки од типот:
    Убава сум, згодна, паметна. Како е можно да немам дечко или никој да не ме сака?
    Епа тој некој нема да ти чукне на врата и да ги праша твоите случајно да не имаат ќерка за мажење?

    Поентата ми е ако стварно си толку талентирана како што викаш преземи нешто во врска со тоа.
    Искрено и да пробаш нешто не верувам дека во Македонија ќе ги добиеш вистинските можности
    Понуда за актерсто од Дизни нема да добиеш ако пишуваш на Фемина дека знаеш да глумиш.
    Знам и јас и што сеа??? :D
    Ако имаш можност замини во странство, поднеси барање за стипендија на некои странски универзитети, усовршувај се полека. Шансите нема да ти избегаат
    Само треба време, трпение и УПОРНОСТ


    Ау сеа видов. 14 години имаш?
    Ваква амбициозност од 14-годишно девојче?
    И тело на Ким Кардашиан на тие години??
    Хммм :^)
     
    На eliesaab и ariela09 им се допаѓа ова.
  8. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Даа... не сум виновна, сакам да сум послаба, всушност телото и не си го сакам... и диети држам и сешто ..
    Види ако сакаш стомакот на Кардашијан и задникот и нозе и се.. епа таква сум.. али не сакам да сум..мсилам дека не сум доволно слаба.. А гради нее.. Градите ми се баш како за моја озраст, малку поголеми но не како тие на Кардашијан..
    Имам можности за во странство.. следното лето заминувам за Австрија, Виена, цело лето ке сумтаму, со семејството, сите, кај тетка ми.. Мислиш дека имам можности за просперитет таму.. Имам само три месеци.. Што да направамм?
    Епааа, ете незабележана сум.
    Да, за актерство ми имаат кажано дека сум талент многумина. Плачам кога сакам, гласот го менувам, викам, трескам, абе таква сум... Се си глумам.. За пеење исто така ми имаат кажано но не многу затоа што не преферирам да пеам насекаде а школскиве не признаваат, завидливи се.
    Литература изгледа најјака страна ми е, многу сум фалена од страна на професорката, додека читам мои деа и професорите солзи пуштаат, добро ги доловувам емоциите.Кажав дека манекенка не можам да бидам но фото модел или рекламно лице да, иако засега и не се интересирам за тоа многу... Инаку не сум воопшто нарцис, реков дека ке ги кажувам своите светли страни, на што ке личеше да речам не ме бива за математика, за историја за географија и хемија и биологија како да сум хемичака.. Мислам..
    А... во литературата..талентот го имам потврдено и со освоени награди..
     
  9. palacinka

    palacinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    "Сите ме нервираат , главата ме боли, отсабајле два аналгина испив.Само не би сакала да се промовирам во Македонија прв пат. Само тоа не би сакала." - Хахаххаха, јас би рекла имаш уште еден талент - за глупости трескање :D :D :D Алоо, чупее имаш само 14 години и се замараш со кариера да станиш светски позната, ти мислиш позната се станува преку ноќ? Па уште и не си сакала Македонија, ее не ти се чини и дека премногу бараш? Ако си толку талентирана, зошто не се определиш само на едно и движи се во тој смер. Ако не сакаш Македонија, шо не се преселиш, па таму учи негувај кариера и стани позната? Ако толку добро пееш ете имаше Идол, шо не се пријаве? Шанси има само за тој шо знај шо сака и за тој шо знај да ги искористи 8)
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    58.555
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Кога го прочитав насловот, помислив на некое дете генијалец, од типот на Марко Чаласан. Памет на претек, интелигенција, ама ете, паричиња фалат. Па си викам де да прочитам за што се работи, можеби можеме да помогнеме. Кога, што ќе видам. :D

    Абе девојко, сфаќам јас исфрустрирана си. Државава пропаст, едно та исто, монотонија не отепа сите. Ама едно не сфаќам - зошто мислиш дека само ТИ имаш таленти ??! Свесна ли си за останатиот свет околу тебе, за другите... Па секој го бива за нешто. Половината што пишуваат на форумот се добри во пишување, погледни ги постовите. Едни прават прекрасни комбинации од алишта, други пишуваат поезија за добро утро и добар ден. Не можеш да тврдиш дека си најдобра во се, никој не е најдобар во се. Или и да си, молим фино лепо, приложи докази. Тие што ги бива сами испливуваат на површината.

    Мој совет ти е, затоа што мислам дека уште си во основно, е малку да ја смириш топката. Сите фантазираме на таа возраст, ехе, јас ќе бев главен неврохирург, другарка ми ќе беше новата Руби. :rofl: Друга е реалноста. ТИ ги гледаш тие што станале ,,ѕвезди,, а дали си свесна за останатиот МАЛ МИЛИОН кои биле на аудиција и не ги добиле улогите ?! Се што свети не е злато, Америка ако ти изгледа како земја од соништата, многу грешиш. :D Помини средно, факултет... Ќе се смееш на постов и темава за 4-5 години, гарантирам.

    Чукни си ја малку главичката, мислам дека имаш што да ти тропка во неа. И да, ќе те замолам, немој да запаѓаш во филм - Јас чинам, сите други не чинат. Е тоа не било и не може да биде. Жалам, ама не можеш да ме увериш дека сите од љубомора и завист не ти ги признаваат талентите.
     
    На senza.parole, eliesaab, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Абе види не можам јас или било кој од тука да ти кажува што да правиш. Тоа што ти посочуваме е сама да си преземеш мерки. Ете викаш ќе идеш во Виена оди по агенции,што ти знам. Распрашувај се за снимања, за фотосесии, прашувај по дискографски куќи за текстови на песни
    Иако би ти препорачала да се надоградуваш со тек со време и фокусирај се на една работа или две.
    Сеуште си мала. Понатака барај си ги шансите
     
  12. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Не реков сите таленти.. Моите соученици на газ паднаа кога видоа како за без врска плачам, и глумам.. Ама некои од нив кои ме имаат слушнато како пеам , останатите ме немаат слушнато, си молчат, а наставничката по музичко веке 3 години ме вика во хор да идам.. Ама мене ме мрзи и сега вика, ако некога акаш да дојдеш слободно... А мислам дека и ти самата знаеш какви се лугето завидливи на ова време.. но има многу луге кои ми имаат кажано дека за актерство сум стварно добра..
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Ама слушај сеа...Ако те викаат во хор не значи дека треба сите да се надеваат на кариера во музика.
    Јас на хор одев 4 години. И во хорот бевме накај 30 деца. Ако хорот е критериум до сега ќе имаше музички ѕвезди со лопата да ги собираш...и пак да ти останат
    Убаво ти кажаа погоре, ако сакаш да се прославиш не се срами. Испеј нешто и стави го на Фемина или Јутуб да го слушнеме
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Извини ако те навредам, ама кога прочитав на крајот 14 години се ми стана јасно од твојот пост.

    Кога го прочитав насловот помислив дека имаш некој конкретен талент, а не можеш да го покажеш и доградуваш, а не дека ќе прочитам дека имаш тело како на Кардашиан и дека за се те бива и музика и глума.Како прво, може и не си во се толку добра како што мислиш, второ не можеш да бидеш на сите полиња.Ако сакаш да успееш одбери нешто од се набројано, ако си толку добра и работи на тоа.Второ, ми делуваш малку летната во облаци, посебно кога прочитав тоа со Госип Грл и ни малку скромна, што не е одлика на големите звезди и таленти.

    Дај малку соземи се, смешно ми е да слушнам дека некој пиел два аналгина зашто немал како да докаже својот сестран талент и одбери нешто што најмногу го сакаш, посвети се на тоа, а ако си толка добра некој кога-тогаш ќе те забележи ;)
     
    На Strumfeta93 и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    даааааааа, тоа е тоа... ти благодарам многу, баш пред некој ден направив акаунт на ју туб. Ке се снимам во скоро време ке поставам на ју тјуб и ке ви дадам линк. Ти благодарам за советот.
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    На 14години си мулти талентирана :o :^) Неверојатно!!
    Ако си талентирана за пишување, напиши книга
    Ако си текстописец, напиши песна,
    Ако си талентирана за музика и пеење пријави се во некое шоу
    За се има начин да се покажеш!! Велиш имате финансии, па можеш и книга да објавиш... Сними се како пееш и стави се на јутјуб... Оди во некоја модна агенција и снимај спотови и реклами со телото на Ким...
    Никој не станал славен преку ноќ. Можеш и во Македонија да успееш, а потоа да се пролславиш и во странство, ако си навистина талентирана! А ако тоа се чисти зборови, збогувај се со славата!
    Искрено, од твојот пост добив впечаток дека ти плачиш за слава по секоја цена, а не дека си навистина талентирана во сите тие бранши!!
     
  17. LadyDaget

    LadyDaget Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    23
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    ауу е ова коа го прочитав и останатите коментари од девојчево паа сеа излегува ова од типот јас чинам другите не. Те викала професорката во хор тебе те мрзи...со мрза никаде.. македонија е малку за тебе.. не си единствена има мн деца кои нема каде да си ѓи покажат своите квалитети и она што умеат да го направат .. но ти како прво и основно штом сакаш да бидеш нешто во тие фејмус води тогаш треба да почнеш од некаде па било и во македонија да е.. како второ имаш -јас имам талент шоу, потоа идол.. М2... и ред други имаш такви модни студиа и што др незнам каде што бараат лица за во реклами и како што знаеме таму е потрбно тато да фрле пара.. па така да ти спомна дека сте супер финансиски.... и за крај како што кажаа пред мене постои мал милион такви деца во кои и јас спаѓам пофалена од мн други.. но несакам да се движам во таа насока.. па така позз и се надевам ќе бидеш некој ден тоа што посакуваш со среќа ;)
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Ехејј и јас одев на хор дури 4ри години, и ми викаа убаво сум пеела, а јас си бев свесна дека како магарица пеам. И јас си мислев дека имам J-Ло задник.. дека личам на незнам која... :)

    И јас знам да си плачам кога ќе ми текне, да се смеам. Ете и на хор сум одела. И сега што, најдобра сум? :D
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    15.700
    Пол:
    Женски
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Ај може ке изгледам дрска, ама барем реална ке сум.
    А да намалиш со гледање Дизни програма? Со само 14 години, паметот насекаде ти лета, не само тебе, општо зборам за децата на таа возраст. И братучед ми еве го во тие години е отприлика, и се мисли дека е Леброн Џејмс, а всушност единствено би го бивало да изиграва топка на терен, па дебел е и за тоа, нема да скака.
    Не одма да ме мислиш љубоморна или нешто, напротив, дај Боже некој во мутавава Македонија да ги има сите тие таленти што ги наброја, ама сепак мислам дека премногу си опседната да бидеш како тие Дизни „ѕвезди“ кои инаку воопшто не се талентирани во споредба со остатокот од Холивуд, ама ете, ги има насекаде, од хуманитарни акции на кои донираат влошка од првата менструација, до креирање „модни“ линии за деца со пеперутчиња и пуфчиња додека тие шетаат полуголи на сцена и заработуваат благодарение на деца кои сакаат да се како нив. Ако се восхитуваш на тинејџери актерки, угледај се на Натали Портман на пример, таа на свои 13 години одлично има одиграно сериозни улоги кои лигавиве дизниевчиња нема да може да ги одглумат за 50 години, или за пеење угледај се на Мараја Кери, Селин Дион итн, а не на Селена Гомез која во живо звучи како стрина која има запек. Абре деца...
    Ова ми е повеќе за гламстик, а темава како тема си е добра, навистина има таленти кои за жал немаат можности да просперираат.
     
    На julie77, mims-89 и MacaLove им се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Доста ми беше читање, ај оди поиграј со некоја кукла дур можеш жити се...
    Бог да чува и да брани бе,аналгини пиела,талентована до небо,али ја мрзи у хор да иде.


    Оф мори мајко...:смајлиштосекрсти:

    И јас добро глумам бе. Еве сеа глумам дека не сум многу изнервирана,али сум пошто читам инкредибли глуп нарцисоиден текст од размазена мала што мисли дека е Парис Хилтон...

    Нека ми простат другиве што мрчам вака,али таква сум,на вакви ствари не се премолчува.
     
    На senza.parole, Lella, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.