Талент ДА, Но Можности НЕ Извини дете вака директно,ама еден муабет со психолог да договориш најубаво и за тебе и за околината. Шо човек ќе беше бе толку таленти да се збрале у тебе?! Не дека Македонија,па не можеш да просперираш,туку у прашање се розевите очила,заљубеноста у себе која веројатно многу ја нервира околината,па ти виткаат у контекст,не се летај ова е Македонија,а мислат не се летај,не си ништо посебна и нервираш.А дека е тоа така е доказ дека ти си заљубена у професии (со исклучок на поезијата,освен ако не мислеше на лирики за песни а ла Бритни)кои бараат медиумско внимание и обожаватели..тебе злато ти фали внимание и потврда,ништо више.И ако без врска плачеш и при тоа го правиш туку така...пак нешто не штима и не е талент у прашање туку...нешто сосема друго.И зошто би плачела пред твоите соученици освен ако не си сакала внимание или им рече,еј сакате да ви плачам?! Симни си се од облаци дур е време...има далеку поталентирани деца со човечки квалитети,кои се скромни и примерни,а не кукаат вака како дополнителен ресурс за ширење на својот *талент*. Познавам една ваква,а ла Ким Кардашијан,талентирана шо да ти распраам,истиов муабет...сеа има околу 20 години и е тупо суштество кое едвај заврши во приватна гимназија и оди на фотосесии за кои самата си плаќа,односно нејзините родители,каде што шета позира чиниш порно ѕвезда,исто ја сликаат нејзините родители и...нема пријатели.Ниту еден.Погоди зошто?!
Талент ДА, Но Можности НЕ Добро starbucks сфативме. Божееее некој ќе помисли дека имаш нешто лично против неа. Ооо и тоа како се има можности. Ако навистина ги имаш тие таленти, ќе имаш и можности. Да, МОЖНОСТИ - во множина. Само излези надвор и покажи што знаеш. Еве, талентирана си, па направи нешто од себе. Да ти раскажам една приказна, што и мене ми ја раскажаа. Можеби и не постои нешто такво, можеби е измислена, ама добра е. Си бил еден сиромашен човек, работел како чистач. Среќа што бил скоромен и знаел да штеди. Давал пари само за неопходното. Почнал да чисти и на други места. Луѓето биле задоволни од него и постојано го барале. Па тој нашол уште еден сиромашен човек и му понудил како партнерство, да му помага и тој, бидејќи немал време и се договориле за парите. Денес овој човек заработува неколку илјади долари годишно, затоа што има вработено доста чистачи. И си има своја компанија. Е сега ова ти е како утопија, ама океј е. А човекот имал талент само да чисте. А види ти имаш многу таленти
Талент ДА, Но Можности НЕ Извини, но јас не сум уфурана глупача која бара внимание.. Барам само реализација, помош за реализација на тоите таленти и замисли.. Не сум како таа 20 годишна порно стар, учам , скроз одлична сум во школо и се тоа, и интелигентна сум.. значи учам, и не сум некоја кренаа, се дружам со сите, имам многу пријатели... Воооооооооопшто не сум крената, значи..
Талент ДА, Но Можности НЕ Талент - убав збор што кога ќе го кажам можам со дигната глава на широките гради да потапкам со раката и јас да се пофалам со неколку збора што можам Кога бев 6 одд ме бараше неколку пати проф. на Фестивалот Орфеј во Битола да пеам, ме премоли жената и можностите ми беа пристапни, ете пропуштив златна шанса сега да се пробијам и да станам позната... не е важно... јас сакам мирен живот. Се откажав! На моите цртежи сите се восхитуваат, кога цртам со секоја повлечена линија во мене одново и одново се раѓа нешто и се обновува, ми ја полни душата. Луѓето што ја знаат мојата страст кон сликањето, кога ќе ги видат моите цртежи велат ТИ СИ БУДАЛА што мирно седиш и ништо не превземаш... не е важно... Битола немаше такво средно, ни факултет, ако заминев Скопје ќе вложев труд и пари за мојот сон, а нема да просперирав за да можам да живеам од таа работа, а и се е со врски кај нас... Се откажав! Пишувам поезија и проза, мојот прв роман "Чуварот на моето срце" е скоро готов, од тој сон нема да се откажам, при првата можност што ќе ми се пружи ќе ја објавам книгата! Не е важно колку пари ќе ми донеси таа работа, зошто сум посветена на тој сон од љубов, а не од корист. Сакам моите зборови да стојат стиснати на старите страници, со старите корици на некој рафт од библиотека и некој да ги чита, да кажува за нив, да прераскажува и да ја најде поуката што јас му ја оставам... Ете тоа сакам! Зошто се откажав од двата мои соништа, од третиот не се откажувам! Учев медицинско, медицината не се пронаоѓам. Сакав да се запишам на психологија, ќе вложев, а немаше да добијам, 1000 евра секоја година, психолози има многу, ќе влезат на работа тие што се со врски ... ќе немав иднина каде што ќе просперирам! Ете како пропадна уште еден мој сон! Пак не е важно... ќе преживеам. Да би ми се пружила шанса не би размислувала два пати, а во меѓувреме ќе преживувам и со она што го имам Животот не е бајка!
Талент ДА, Но Можности НЕ Хахах, абе јас сум првата на светот која сум против тоа ПАРИТЕ СЕ СЕ. Со една другарка и со мајка ми се испокарав за да им докажам дека парите не се најважни.. Злато, мене не ми е се во парите, само сакам да ги поажам своите квалитети Немојте погрешно да ме сфатите. Благодарам на советот
Талент ДА, Но Можности НЕ Ако учиш,не значи дека си паметна. Може да значи дека си највечи бубатор,учиш на памет. Тоа не е интелегенција бре. Да си била паметна,ќе најдеше,ќе се избореше да најдеш начин да ги откриеш твоиве таленти на светов. И...тие 1000 пријатели на Фејсбук,не ти се другари,не не.
Талент ДА, Но Можности НЕ Крената си крената,и тоа до небо. Ако бараш реализација на твоите ТАЛЕНТИ,не барај од нас,ова не е некоја агенција,академија или што ти јас знам.Ако бараш реализација ќе одиш ќе прашаш,ќе се интересираш во разни агенции,школи и други институции. И јас бев скроз одлична на 14 години,па што? И јас имам идеи,таленти,па не барам друг да ми ги оствари. Велиш дека парите не се се’.А како мислеш да успееш без денар во џебот? Само со своите таленти?
Талент ДА, Но Можности НЕ Ајде олабавете малку. Инаку некој ќе помисли дека вие сте исфрустрирани Без навреди и викање.
Талент ДА, Но Можности НЕ Ама не те бива за билогија пошто не си хемичарка. И за географија исто така... Учиш... Не се секирај злато,ќе имаш пријатели уште некое време,дур те трпат и сте помали,а после сите почнуваат да сфаќаат дека не мора да трпат секој и дека имаат некој квалитет во себе,растат и созреваат и те...едноставно нели,откачуваат. Умислена си и точка.Плаче бе...талент да плачеш и после викаш,мене ме бива за глума. Па и јас имитирам гласови,особено ликови од цртани филмови,ама никој никогаш не ми рекол,па ни сама не сум помислила дека сум талентирана за глума. И Боки сметаше дека има талент и ете сеа шо прави...ние се срамиме. Ај тури еден текст тука да видиме талент за поезија,ај еве,те молиме,ама најискрено. Вети ни дека ќе донираш за Македонија кога ќе станеш селебрети и ќе ти помогнеме. Чизс луѓе...се плашам од овие генерации...Мене дур ме носела мајка ми у утроба се десил Чернобил,овие дур ги носеле нишо не се деси помеѓу,не знам шо им е?!Едино од тоа млекото у прав нешто...ама кој знае... И се појави уште една...со големо јас...се плашам бе,се плашам... Ако си талентирана,ќе бидеш забележана.Ама до сеа не слушнав за некоја опасен талент,македноската Ким Кардашијан (која патем има монструм на позадината,а не задник,почнав повеќе да не и го сакам,екстремен и огромен е човече,финтата е во пропорционалноста),рамо до рамо со Симон Трпчевски!
Талент ДА, Но Можности НЕ Гитаро самата кажа дека имате кеш, па нека ти купат, нека ти направат кариера твоите де, додека не ти пројде меракот. Текст имаш, одбери си продуцент, јави му се на Миличевич, спотче две и ако си толку талент ќе се истакнеш. Се да ви се каже што да праите, ццц.
Талент ДА, Но Можности НЕ Не сакам потплатена кариера.. Сакам да си ги покажам вистинските квалитети . Ако ми беше за тоа и книги друг ке ми напишеше и ке ја објавев, и ке снимев песни и што ти не.. Јас не сакам да играм валкано... Фер плеј.. Ке УСПЕАМ.
Талент ДА, Но Можности НЕ По можност оди во турбо-фолкерските води,најубаво ќе си поминеш. Со малку глас,скоро 0,тело како Кардашијан(изгледа вака се пишува), и парички на сметка.
Талент ДА, Но Можности НЕ Мразам турбо-фолк. Како и поп од типот на Селена, Џастин, Мичии.. и компанија.. ТОа не е музика и дело.. Хитови за една недела.. најмногу до две и крај. ЛЕгенда и дело е Лед Зепелин, Металика, Грин Деј, Гнс ен роузис, д килрс, и тн. Јас живеам рок, го сакам рокот, го сакам металот, панкот.. Тоа е музика.. Денеска нема дело
Талент ДА, Но Можности НЕ Ама ти ги помеша брзините,а?! Па никој не те тера потплатено,туку ајде со талентчето,напрај кариерче.Испаѓа тоа ко ти моеш кариера потплатено да правиш,а не моеш со талент,не те пуштаат бе едноставно. Ај стај текст тука,дај да не се расправаме,дај да се разубедиме со аргумент.
Талент ДА, Но Можности НЕ Види мајката.Браво,браво.Лед Цепелин,металика,гнр.Убаво,слушај ги,ама не се труди да станеш како нив,оти нема да успееш. Ајде сними некое видео,напиши нешто,да видеме,па да проценеме.
Талент ДА, Но Можности НЕ Девојко а да се одмориш ти малце. Земи пријави се на некое музичко шоу, оди во Црнокрак, пријави се да глумиш во театар ... избор колку сакаш...
Талент ДА, Но Можности НЕ Ако навистина сметаш дека си премногу добра и заслужуваш кариера тогаш почни со реализација.Мислам дека само со зборови повеке ги иритираш лугето.Кога би пишувала постојано во темата ваши дела – поезија или проза сите ке те забележат а потоа ке те пофалат и сами ке ти речат дека имаш талент ,а вака само со фалење никого не убедуваш.Ако пееш многу добро тогаш пријави се во некое шоу како македонски идол...Почни од мали нешто па ако си добра сите ке те подржуваат па може и ке стигнеш до светска слава.Само со седење на стол и пишување за твоите квалитете и мислење зошто немаш можности... не правиш ништо туку само се нервираш себе а како што гледам и другите.Може првиот чекор да ти биде да се запишеш на хор мора да се почни од некаде.А ако те мрзи мислам дека имаш голем проблем.Со мрза ништо не постигнуваш почни да реализираш Ајде со среќа!
Талент ДА, Но Можности НЕ Песните се долги..па од секоја по некое стихче ке извадам но од тие на ПЦ што ги имам.. 1. Ах, тие розови цветови Што ја красеа мојата коса, Се вивнуваа кон небото како ангелчиња, Ги одврзуваа панделките И од нивните косички Се разлетуваа најсветлите ѕвездички На темното небо. Ах, тие ѕвездички Кои како светли точки блескаа, Како да ставија точка на се што беше наше. 2. Патувам по улиците на скршени соништа И моите мисли ги обземаат Слатките мигови од детството Кои веќе не се на мојата дланка. Погледни нагоре, ене ги Таму горе во небесните височини На облакот на незаборав качени, Издигнати, возвишени, Таму се, таму во таа руменливост, Во таа непроменливост, Таму каде и што треба да бидат, Каде што им е местото, Каде што припаѓаат. И, јас газам понатаму Без да ми одекне чекорот.. Напоменав дека имам освоено и наградии. но тие епесни иги немам тука..еве чекам коментари за овие неколку стихови..
Талент ДА, Но Можности НЕ И јас имам 14 години. И јас идев на хор во основно. Па тоа баш и не ми значи многу. Јас мислам дека имам талент за професионално фотографирање. Бев на 2 натпревари на првиот 3то место ,а на вториот ништо али и самиот наставник што не однесе ни кажа дека е со врски е натпреварот од сите категории така да не очекував многу.. И сеа татко ми ми крши сон несака да ми купи Канон професионален, он си има у глава едно не и крај. И коа му кажав дека сама ќе си соберам пари за таков апарат ми се изнасмеа у фаца И сеа незнам што да правам, некој совет?