1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Талент ДА, но можности НЕ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од guitar, 10 август 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Belieber и јас сакам професионален. Дури и го одбрав. Никон, не Канон, ама нема врска. Имам 16 години и тука некаде сме со годините и интересите. Пред година-две ми донесоа од странство камера и апарат. Непрофесионални, обични. Почнав со нив. Правев видеа, слики, фотографии... Не се со најдобар квалитет, ама добри се...задоволителни. Побарав професионален од татко ми и не ми рече не. Рече распрашај се. најди и ќе купиме. На сите други што им кажав ми се изнасмеаа в лице. Несфатливо им е.
    Најдов апарат, ама знам дека му излегоа други тршоци. Ми купи некои други работи, кои исто коштаа.
    Не се откажувам од сонот и од апаратот и од тоа дека еден ден нешто ќе биде со моите слики, ама не брзам. Пубертетот е тука, што ако в година веќе не сакам, ми здосади фотографирањето и го баталам апаратот? 25000 сме ги фрлиле во вц шолја и сме пуштиле вода... Така е, пратично е така!
    Не брзај и ти, може човекот не може моментално да плати толку пари. Прави добри слики со тој кој го имаш. Рече бил 12 мп, тој е подобар од мојот со 5мп... :) Покажувај ги најдобрите слики, нека ја гледа твојата желба и талент. Така убеди го, не е се во зборовите....

    Гитар, од стиховите кои ги напиша јасно се виде дека плачеш за внимание и кариера, а не за да се докажеш со своите таленти. Во темата „Ваши дела-поезија и проза“ има далеку подобри стихови и текстови од твоите. Ни останува да видиме како пееш и да ти го видиме телото на Ким (и тоа можеш преку слика да ни го покажеш)... Мене лично баш ме интересира како на 14 години може да имаш такво тело.
    Искрено, сурово или како сакаш свати го тоа, немаш талент за поезија.
    Разгалена си, тоа е се. Секогаш веројатно си добивала се, е сега, твоите не можат да ни купат кариера зашто гледаат дека не те бива, па ти плачеш!! Така јас заклучив!!
    И во Македониоја се може, ако се сака и ако се знае!!! Секој почнува од нула и успева, а тој што почнува од 100, не оди кон 1000, туку надолу!! Имаш 14 години и ако навистина си талентирана за нешто друго имаш време да успееш!! А за пишување не те бива!!
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Се тоа сфаќам дека те исполнува, но биди стрплива. Ќе видиш дека на крај се ќе биде океј. Талентот нема кај да ти избега, само ти полека и стрпливо развивај си. Мирна вода брег рони. Плус, имаш бааги солиден апарат, еј, 12 мегапиксели, јас со 5 шкрапам наоколу. :D

    А кога еден ден, ако уште ти остане желбата за тоа, да ме пишеш прва на листата за сликање. Сакам поза ала Роуз од Тајтаник. Е така. :rofl: Остани со арно и не се секирај, се ќе биде. ;)
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    WhiteAngel кој модел си го одбрала? иначе и Никон и Канон се на исто ниво според мене. И двете се јапонски фирми, ќути не се кинески :D иначе да, ќе му покажувам слики после кога ќе се врати од работа :) па вајда ќе го убедам..
    Doozy супер ми е апаратот 12 мегапиксели али батеријата е тапа. Од многу што сум сликала и сеа брзо се троши ,а таков модел кај нас мислам дека уште не е излезен пошто од Германија ми е апаратов :(
    И секако дека ќе бидеш прва на листата :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Леле зошто на тие години претежно летаме и мислиме дека сме некој и нешто и дека можеме да го шекнеме светот со нашата појава?!? :?:

    Јас на пр. на 12-13 години бев најдобрата глумица во моето училиште, потоа и во другото училиште каде што се преселив. ПОтоа и во драмското студио кое почнав да го посетувам. Птоа ме бараа за аранжмани и надвор од студиото. И јас? Абе у облаци со цели нозе :tmi: И така едно 2 години додека моите не рекоа СТОП. Ауу колку им бев лута, им велев дека незнаат што му одземаат на светот. Следната Мерлин Монро. Хахахахх :D :D :D

    Али светот функционираше супер и без мене, очигледно не пропуштил многу.Па аман секој ден се раѓаат таленти како мене и баш јас ќе сум стигнела до Холивуд. Каква бујна фантазија сум имала значи ЕЕЕЈЈЈЈ !!!
    Затоа кога ќе прочитам вакво нешто одма се сеќавам на мене. Добро, нормално е секој да си мисли дека е најдобар и дека се издвојува од толпата. Но тоа е само негово мислење и ништо друго.

    Колку побрзо си ги разбиеш тие фантазии толку подобро за тебе, иначе до сеа Холивуд ќе беше преполн со Македонци. И сите ќе глумевме лудо и незаборавно. И ќе танцувавме и ќе пеевме и сами ќе си ги пишувавме сценаријата.
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    И јас сум „опседната„ со DSLR апаратите.
    Одамна тоа го посакувам,минатата Нова Година ми го купија првиот апарат ( Nikon Coolpix ) со 12 мега пиксели.На прв поглед бев разочарана зошто на мајка ми и кажав дека сакам DSLR апарат..но,ете сликам со него и ми вади супер слики.Мајка ми тоа го забележи,дека сакам да фотографирам и дека фотографирањето е моето хоби и решија со татко ми следната година да ми купат Nikon D3100.
    Затоа,никогаш не се откажувајте од вашите соништа и ако сметате дека имате талент покажете го! :)
     
  6. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Абе и ја сватив јас поентата на девојчево
    Она не сака да биде пеачка како тие од идол или како елена ристевска...она сака да биде како еве на пример Мајли. Во Македонија реално гледано никој не е така познат , еве може се Елена, Каролина и Тоше беше, еве сега и Слаткар, ама никој не вришти по нив на улица, никој не се тепа за нив, никој не ги смета за нивни идоли како што ја сметаат Мајли. А и никој не им дава милиони за 1 песна и не одат на светси турнеи каде што ги пречекуваат 1000000 фанови кои се тепаат за нивнaтa искористена влошка |( Она не сака да биде позната како македонските глумици кои за разлика од пеачките никој не ги ни знае, а немаме ни филмови. Она сака да зима милиони од филм, па да оди на свечени премиери, па да ја сликаат папараци блаблабла...Не сака да биде како македонските модели, сака да биде како Ким . Не сака да биде како македонски писате , сака да биде Ј.К Rowlings, па да и снимаат и филм по книгата по можност она да глуми во него....После тоа ќе и текне дека она има и неоткриен талент за дизајнирање и за правење на парфеми како што и на другите холивудски ѕвезди им текнува па и тоа ќе го направи. Знаете на што ми звучи вака кога ја читам? На девојче кое сака по секоја цена да биде познато. А пошто сто посто нема вистински талент туку глуми како Мајли и пее како Селена( многуууу лошо) па сака да оди во Дизни. Или па на глупава разгалена американка што ке отиде и на 16 and pregnant само за да се појави на ТВ....Епа може го немаш телото на Ким , а ама затоа ја имаш нејзината голема желба за да бидеш позната и патетичност. Ете и Ким така се прослави со порно клипче , па си направи смотано америчко шоу за ретардирани со сестрите и , па после си направи песничка за бебиња, ша модна линија во која креира црни фустанчиња и црни салонки ( црни салонки ееејјј) кои можете да ги видите во секоја втора продавница, ама битно Ким сега си зима милиончиња и си оди на премиери и доделувања на награди и ја сликаат папараци...Ваууу...ете тоа гои сака девојчето...

    Слободно можеш да ми докажеш дека грешам, снимај се како пееш и сликајси го телото...или еве стави нешто во модни критики за храбри феминки или стави ни линк од твојот ју туб канал...е тогаш ако си во право од се срце ке ти се извинам и ке те испофалам за талентите, дури и ке те рекламирам кај другарките мои, да си стекнеш повеке фанови нели...ајде баш да видам
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Nikon D3100-го одбрав преку нет, не знам дали го има тоа кај нас. Ми се виде добар, сепак кога тато ќе реши дефинитивно да ми купи ќе се консултирам со фотограф да ми каже подобро.
    Како што рече Дузи, талентот ни мене ни тебе не ни бега, затоа и ти не брзај. Не форсирај го татко ти. Кога сам ќе сфати дека тоа те исполнува, а воедно и знаеш како да го направиш сам ќе се понуди и ќе ти подари... :)
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Како бе, не ја видов порано темава? - Чекајте да се изнасмеам :D

    Имала талент за пеење, ама ја мрзело да иде во хор, и кука овде како немала можности. Од такви како тебе ми се плаче, со потенцијал и услови а паразитираат наоколу и кукаат. Па што сакаш мори ти, дома ли да дојдат и да те молат? :fubar: Другарките не и кажувале дека пее убаво зашто и љубомореле :D А кој ти кажа дека пееш убаво? Мајка ти и татко ти дома? :D :D :D
     
    На Monna.Monna, La.Reina.Del.Sur, white.kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Него мене ме интересира кој ми го избришал мислењето. Ако може објаснување во ЛП. Пошо јас не можам да сфанам, колку дрски и безобразни мислења има тука, а моето избришано.

    А и 100% се соглсувам со Енца. И да е мрзеливо девојчето и да има само 14 години, глупаво е оваа исмејување. Колку е жално тоа да исмејуваш 14годишно девојче? Ако ве нервира темата, не ја читајте.
     
    На tessie и LoVeR им се допаѓа ова.
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Значи Гитара искрено не ми се допаднаа песничкиве. Не си толку мала ѕвездичките и цвеќињата да ти бидат инспирација. И стилот не ми се допадна. Како под притисок да си ги пишувала(не ми се пишува ама со сите сили се трудам да напишам нешто-вака ми делуваш).

    Пробај да напишеш нешто со повеќе емоции. Ја знаеш онаа поезија што наежува и создава морници?
    Ова не го сваќај како исмејување. Ако веќе толку мислиш дека имаш талент постојат литературни, драмски секции, музички идол, м2, средни музички училишта итн.

    Не вели дека немаш можности во Македонија. Секаде ги имаш само дома не.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Многу одамна имаше едно детенце од некое кочанско село кое тргнало на натпревар на ниво на Балканот, математика или физика не се сеќавам, не ме фаќајте за збор.
    Детево било толку сиромашно, морало да патува со воз, а имале пари само за една карта.
    Замислете, само детенце да патува, а сите дошле со родители, со некој близок.
    Нејсе, решило што решило, и трк веднаш назад на железничка, да не си го испушти возот за дома, зашто немало ниту каде да преспие.
    Инаку ја освоило првата награда и не било присутно ниту да слушне, ниту да си ја земе.
    Меѓутоа го пронашле, му рекле дека ќе го следат како се развива понатаму и ако се' уште е толку добро, секако ќе добие целосна стипендија на некој престижен универзитет.

    Поентата?

    Ако си добар и ако дотолку те бидува, нема шанси да не успееш.

    А ти покрај многуте таленти, велиш дека и финансиски си поткована.
    Не голтај апчиња, туку почни да вложуваш во себеси и да се претставиш на било каков начин.
    Ако си така талентирана, нема да останеш незабележана.
    Ако од друга страна најголемите пофалби ти доаѓаат само од мама и тато кои ти го полнат егото, како и сите дечиња денеска живееш во убав, розев свет и под влијание на Мајли, Џастин Бибер и Селена летате во фантазии за вртоглава кариера.
     
    На tessie, do-re-mi, AnaKarenina и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    А зарем вакви коментари би му дале на сопственото дете ако еден ден дојде и ви каже дека сака да објави збирка поезија, ви дава неколку песнички. Ги читате прилично ви делуваат детски, затоа што еј, па да од дете се напишани. И што ќе му кажете? -Ај гитла во пубертет си, сега за се си мислиш дека те бива, нарцисоидно дете стануваш, не збори нигде за своите квалитети и таленти, ги немаш, за година друго ќе ти текне!
    :worried:
    Стварно нема смисла, кој не поминал низ ова, па сега тука да соли памет дека песничкиве биле не знам какви, а може да клика лајкови на глупи коментари, со која цел, стварно не знам, дали и на форумов има гзолижачи, или па мислат така се стекнува пријателство, сеедно.
    Дете си, пробај се на секое поле, имаш време колку сакаш. Можности има, ете поразговарај дома со некој, запиши се на глума оди месец дена, ако те пофалат остани, ако не оди на друго. Оди на играорна, на хор. Оди месец дена на некоја ликовна академја, читај книги пробај постручна литература, прошири го својот речник лично за тебе. Најбитна е желбата, се друго се надоградува, па дури и во Македонија :)
    И убавината остави ја на страна, ако за 50 луѓе си убава и личиш на Ким Кардашијан, други 50 ќе те гледаат како неинтересна физичка појава.
    И последно, довери им се само на најблиските за своите можни таленти, инаку стварно ќе останеш без друштво, самоувереноста скоро секогаш се поистоветува со нарцисоидност.
     
    На tessie, guitar и enca.69 им се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Да бидам искрена се пронајдов во твојов пост Гитар, но јас немам некој слух за музика, ниту глас за пеење значи минус тоа.
    Мислев дека имам тело и фаца-и знаеш што не дремев пред ПЦ, отидов во Црнокрак, ме примија, снимав некои фотосесии за тогаш некои реклами, каталози и сл. Бев баш колку тебе, и се занимавав со тоа година, две и ми пројде меракот, ги откачив, ми се јавуваа да снимам повторно едноставно несакав...

    Имав талент за Математика и Хемија, во основно освоив 1 место на ниво на Македонија, и 3 на ниво на Балканот. Но тоа беше во основно, во средно се запишав нешто што нема врска со математика, и отупев :| , имам совршено познавање само од основна математика, предвидена до 8 одделение.

    Праќав цртежи и состави во Ѕвон, Наш свет и други тогаш актуелни списанија, медимуми и често освојував награди...
    И јас мислев дека сум мултиталент, но никогаш не велев, дека другите ми љубоморат, дека не ме ценат, едноставно сакав да пробам, сметав дека имав квалитети и пробав, моите ме подржуваа, и морам да напоменам дека и не беа финансиски моќни, но сепак наоѓаа некој денар да ми дадат да пробам, да видат дали ќе се пронајдам. Но ете јас сум сепак просечен човек, кој не е ништо над другите луѓе, и сум поминала незабележано, она што се вика 5 минути слава, иако јас никогаш не се чуствував така, јас тоа го правев лично заради себе, сакав да пробам се-и пробав, ништо не ме исполнуваше толку многу, колку што ме исполнува тоа што моментално го студирам. И се насочив кон тоа, единствената цел ми е да успеам на тоа поле, неможев да се запишам во две средни училишта во едно да учам право, а во друго Математика, едноставно не е можно, одбери тоа што највеќе сакаш и насочи се кон тоа, образувај се, па ако навистина имаш толку голем талент сигурно нема да останеш не забележана.

    Ете ова нека ти послужи како репер, немој да мислиш дека ако овде си пишала, ќе се најде некој продуцент и ќе ти понуди соработка, нема ние овде сме само обични луѓе, ете имаш финансиска можност, оди пробај сними некоја песничка и спотче. Не значи дека твоите ќе ти ја платат кариерата, тие само ќе те потурнат на некој начин, потоа ако навистина имаш некој посебен талент ќе бидеш забележана и луѓето сами ќе те бараат.
    И немора толку да се фрустрираш со тоа дека ти си над сите, сигурно постои некое друго девојче/момче од твоето одделение кое пее подобро од тебе, друго кое подобро пишува, трето кое повеќе му одат јазици...
    Сите ние овде имаме по некој талент, само треба да го откриеме и да му се посветиме, да го негуваме и да се надоградуваме, ништо не паѓа од небо. И не се залетувај толку имаш само 14 години, мораш од негде да почнеш, нема да дојде Роберт Билбилов или ЈЈ и да те поканат да снимиш албум, едноставно мораш да се потрудиш.
    И оние Дизни ѕвезди што ги гледаш, па и нив не им дошол некој чичко на врата и ги одвлекол во студио, туку работеле од мали нозе, затоа без работа-нема производ...

    И овде на формуов има извонредно интелигентни личности, има и девојчиња на твоја возраст кои морам да кажам дека ме воодушевуваат со нивните размислувања, но јас од нив никогаш не сум прочитала ваков пост, затоа што реално размислуваат. Знаеш, убаво е да си ги цениш способностите и да си свесна какви таленти поседуваш, но мораш да бидеш по скромна, ваквиот став и размислување само ќе ги оддалечи луѓето од тебе, никој не сака пријател кој е себичен, кој мисли дека е најдобар...скромноста е навистина ретка особина во денешно време ;)
     
    На anste, Meggy и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Што да правиш?
    Почекај да ти пројде пубертетот.
     
    На mims-89 и Seznajka2 им се допаѓа ова.
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Прво, јас исто како најубава2010.
    Второ, зошто го нападнавте веднаш девојчето? Зарем не слушаме секојдневно за мултиталенти насекаде? ;)
    Трето, аман со тој пубертет. |( За се оправдание е пубертетот, аха да. ;)

    Мултиталент сум.(?)Да, и жалам за тоа. Не знаете колку би сакала да ме биваше само за едно нешто, ама онака докрај. Да го сакав со сета душа само тоа и за него да живеев. Но, не. И многумина би посакала да ги имаат оние квалитети што јас ги поседувам, но јас не сакам.
    Како прво да не испадне дека се фалам, за нарцис не сум, секогаш сум самокритична и свесна за моите квалитети.

    Пеам- Не велам дека сум Бијонси, Селен Дион или бог знае која, но многумина ми велат дека имам убав глас. Одев на хор во државното музичко училиште, но бидејки се оди само до крај на основно училиште морав да прекинам. Ќе напоменам, не сум перфектна во тоа.

    Свирам- Завршив нижо музичко, отсек виолина. Тоа е еден од потешките инструменти, но јас го совладав.Ќе напоменам, не сум перфектна во тоа.

    Пишувам поезија и проза- Пишувам убави текстови и песни, имам учевствувано во многу конкурси и имам прилично многу дипломи. Исто така рецитирам. Оваа година бев избрана меѓу првите 14 учесници од цела Македонија. Јас тоа го сметам за огромен успех. Пак ќе напоменам,не сум перфектна во тоа.

    Имам тело за манекенка(?)- Досега не сум испробала во некој курс, но планирам во иднина. Не дека сум којзнае каква, но за 14 годиншно девојче, имам прилично добро тело за манекенка.

    Ме бива за учење- Учам без мака. Најмногу ме бива а математика. Ги совладувам сите предмети без претерано учење. Исто така и цртам. Но од сите по малку. Неможам да се пофалам дека нешто знам перфектно.

    Заклучок- Овој пост не беше само за да се испофалам што знам и умеам(како што многу од вас би помислиле) туку да кажам дека не треба да судиме на прв поглед, има повеќе како девојчето што ја направило темата.Навистина е тешко кога незнаеш во кој правец да отидеш. Ех, колку би сакала да си бев предодредена за едно нешто и цел живот да си го следам тоа. А, за успех во Македонија-Не барај. Овде само успеале Претседателот и Премиерот. Толку од мене. :)
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе сето е во ред тоа дека таа има талент, тоа никој не го негира де. Туку мене најмногу ме извади од такт тоа што и рекле да иде на хор, а не сакала, ја мрзело. Епа сега што? Има можности - нема воља и ја мрзи. Тоа е тоа. Ако нешто навистина многу сакаш ќе се стремиш бре да го имаш, нема да те мрзи и точка. Еве и јас сакам работа да си најдам, што и да е, прашувам, оставам број, чекам да се јават... Не седам дома и чекам работата од небо да ми падне, никој нема да ми дојде дома да ме извлечка и да ми рече дојди да работиш кај мене. Сфаќаш? Или превземи нешто или прекини да се фалиш зашто и тоа што го имаш ќе го изгубиш поради недостатокот на волја. Одреди што сакаш да бидеш и терај, нема мрза, нема срам... Пријави се на Идол ете, на М2, кога ќе стекнеш малку да речам слава потоа полесно ќе ти биде, немораш да бидеш пејачка од калибарот на Елена Ристевска, ти ќе си одредиш каква сакаш да бидеш. Сега барем се има можности на такви аудиции. Порано ами кога ги немало? Како се снаоѓале оние талентираните? Еее сега е доволно ти да се пријавиш само, натаму е нивна работа.
     
    На belieber и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Девојче (guitar) немој никогаш да ја изгубиш таа слика за себе што сега ја имаш...
    Не слушај коментари од типот 'што се занесуваш', 'спушти се на земја' и сл...Тие само ти ја размрдуваат самодовербата па дури и да си стварно мултиталент (или малку преувеличуваш-не е битно)-ќе згаснеш...Дури и да се во право, ти еден ден сама ќе осетиш, реалноста кога тогаш ќе те стигне, така да дали некој те предупредил порано-не е битно...важно е дека си имала цел, сон, надеж и си го правела тоа што го сакаш, тоа што те прави среќна...(ако нели се трудиш, а не само сонуваш)
    Значи, ако се трудиш и веруваш во себе-големи се шансите да успееш
    Но ако се разочараш и некој те разубеди дека не вредиш и 'само се занесуваш'-сигурно нема да успееш...
     
    На tessie и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ако веќе така играме, таленти има во изобилие. Секој напишал неколку творби во моменти на инспирација, знае да долови убави песни, случајно нацртал некој убав цртеж, научил балет/хипхоп/карате чекори, се обидувал да ја овековечи природната убавина во фотографија...

    99% е работата и упорност, само 1 % е талентот.
    Многумина од славните , не звучеле така на почетокот, но со труд и работа го постигнале тоа.

    Според мене секој може да го постигне, но не секој го одбира тоа.
    Некои своите со своите таленти забавуваат милионска публика, некои не им треба публика да им аплаудира, задоволни се со тоа што го имаат.

    Ако си решила дека навистина сакаш да му се отвориш на светот, почни, пријави се, има каде, а и ако навистина си добро спремна, нема шанси некој да те одбие и да не ти даде шанса.
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Белиберче, гледам решена си да купиш апарат. Фотките се добри, не велам не, на форумов има и постручни, па прашај ги преку ЛП. Тие и подобро ќе ти кажат. Само пак ќе речам не брзај.
    И да ви шепнам нешто:
    мене ми пројде желбата за професионален. Си нарачав никон с4000, розов(тоа мораше да биде розово), со 12мп. Сфатив дека сум мала и немам доволно познавање од светот на фотографијата. Ама кога ќе ми биде в раце и официјално ќе се пофалам. Нели си имаме и таква тема?! ;)
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.