Талент ДА, но можности НЕ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од guitar, 10 август 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    секогаш талентите се најсиромавите :^)

    генијалец можеш да бидеш, ако другите од семејството те издржуваат, за жал!!!
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Јас не се согласувам со ова. Не треба да се генералазира врз поединци!
    Има многу од поскромни семејства кои се пробиле, а и многу од побогати кои иако сакаат не успеваат.
    Сепак, девојката која ја отвори темата не мислела на финансии, бидејки спомна дека се добро ситуирани, туку на друг вид можности. Ако ги прочиташ мислењата ќе сфатиш...
     
  3. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Си пишала дека наставничката по музичко те тера да одиш на хор,а тебе те мрзи ?!
    Не дека те напаѓам,ама ако сакаш нешто треба да се фатиш цврсто за тоа.Ниту една ѕвезда не успеала со тоа што кажувала дека има голем талент,дека за се ја бидува.
    Ниту еден спортист не успеал доколку не вежбал секој ден трошејки го последниот атом енергија.
    Ниту еден актер не би успеал доколку не вежбал,а имал талент.

    Успехот е 1 % талент,a 99 % работа,вежбање и трпеливост.

    Еве и јас лично сум разочарана од државава наша.Секое државно првенство успевам да се пласирам во репрезентација,а секое мегународно сама го плаќам,од свој џеб.Ни припреми ми имаат платено оваа година,а јас секој ден поминувам во сала.
    Ете и сестра ми глуми предобро за нејзините години,секаква сцена може да одглуми,но не се труди да го покаже својот талент да го надогради,па затоа игра хип-хоп,бидејќи тоа ја исполнува.
    Ти би требало да бидеш разочарана доколку си успешна навистина,докажана овде,а надвор од државата неможеш,тогаш треба да кажеш дека немаш можност,драга.
    Ти,како и јас,имаш 14 години,имаш цел живот пред себе.Вежбај да свириш,да пееш,пишувај поезија..живеј живот,труди се најважно,бори се за она по што копнееш,а резултатите сами ќе дојдат.Ако имаш вистински талент,тој кога тогаш ке си исплива на површина.

    Поздрав :)
     
  4. Sheena

    Sheena Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Дека си крената СИ ...
    Девојко многу леташ ... Ке падниш на земја верувај ....
    Не ти е Македонија крива... Крива си ти ... Ако ств имаш талент ке успееш .. Малку ли македонци успеале ? :o :o Еве чист пример ... Брат ми има 9 години ... Свири на гајда... ПРво се појави во градот наш на еден си концерт за песни и ора... Ај го слушнал директорот го викнал СККОПЈЕ... ГО СЛУШНАЛЕ ОД СКОПЈЕ го викнале во емисија .. ЕВЕ сеа го БАРААт пак за емисија да свири.. Значи има 9 години ... да го туркаме финансиски не го туркаме... Еден го слушнал, друг го слушнал ... ТОа е тоа доволно е ... На МАКЕДОНИЈА и требаат таленти .. Али прави таленти .. Ако имаш талент престани да кукаш ... Имаш доволно можности да го покажиш тоа ;)
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daniela1992

    daniela1992 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    nova sum ovde ,no nnemozev da ne se zaclenam a da ne go napisam moeto mislenje iako kasnam nekolku mese ova e strasno no ajde bez navredi prvo multitalent vakov neam videno ama ajde stavi klip da vidime so si ti tolku talentirana ,znaci jas imam brat na tvoj vozrast za zal ne e multitallen no talent spored mene e i spoored site deca i luge so go imaat videno talentot mu e gluma no negovata zelba ne e letanjevo oblaci za vo holivud tuku da glumi samo vo teatar a potoa ako mu se nasme srekata da glumi u neekoj makedonski film a ne vo holivud toa mu e zelba no onn ne misli deka tolku mnogu go biva misli deka imalo i mnogu bolje ,akterstvoto ne e samo placenje ,i urlanje ,ko prvo obidi se da naucis nekoj monolog so brat mi vise u son gi zbori a poslem placi no dur go kazuvas toj monoolog ima eden obid da sinhronizir nekoj film cel film sam go zzborese pa sea glej kolku glasa treba da smeni , pravi vicevi sam gi izmisluva i gi kazuva snimanekolku sketca znaci ova ne deka nekoj ke mu gi kupi ili neso posebno od toasto saka da se obide no nego go pogoduva tremata pred tuginci e toa e problemot so on go ima a ti spored mene go nemas bez falenje za ova no sakav da ti kazam so treba da pravis
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Јас си се пронаѓам во темава, но ќе речам дека многу повеќе влијаат внатрешните политики во организациите од кои зависиме (пример федерации), отколку парите.
    За жал многу пати сум осетила, кога сум била во нај нај форма, не сум заминувала на натревари.
    Но тоа не ме демотивира да тренирам уште повеќе, и потоа кога ќе достигнам резултати соодветни да се рамнам со врвот на светските рамки,ако и тогаш не ме пуштат, е тогаш постојат печатени и ТВ медиуми, па МОК, па ИОК па меѓународни федерации....но, првенствено кога бараме нешто треба да понудиме реални работи.А не само се лупаме у гради,и бараме нешто.
    Читам пред некој ден тренерот на мојата конкурентка за Лондон 2012(бидејќи само ние две сме во тој спорт), дава изјава како е жално да се нема пари за светски куп, а она била спремна да направи резултат еднаков за директен пласман на ЛОИ.А 2 недели пред тоа имавме натпревар.Што е најинтересно досега не направила таков резултат.Да направила па да речеш може да го повтори.Ама не му е ни блиску.
     
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    618
    Имам глас за пеење но ете немам доволно финансии за да започнам кариера.Моите тоа го немат забележано но дечко ми да и многу ме подржува.Прашав во Ск снимањето на една песна чини од 900-1100евра многу е :( :)
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.245
    Порано одев во играорно друштво.
    Но, кога ќе дојдеше време за некаква турнеја, настапи, инструкторот си одбираше група во која беа деца од неговите пријатели и роднини.
    И под цена да беа најслаби во групата. :^)

    Така, јас и другите бевме секогаш аут. И се откажавме од играорната.
    Кај нас како секогаш да мора да има нешто за да те кочи. :^)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.293
    Пол:
    Женски
    Се согласувам од овој аспект со тебе затоа што баш ова го имам на своја кожа почувствувано на не мал број наврати. Сеа не дотолку федерации/партии/организации, повеќе сум го почувствувала на база на пријателства.
    Ден денес, иако сум човек кој штедел и бил во состојба да се лиши од секакво задоволство за интелектуално да се надгради и да ги усоврши талентите, сепак мислам дека не ми е доволно ценет талентот и трудот.Брат ми на ова ми вика „буткај се, бори се.“ ама за такво нешто имаше на форумов на една друга тема коментар со кој во потполност се сложувам „ретко ти допуштаат да се бориш“, многу често се бориш со затворена врата, а не ми личи на образованието и интелектот да ја обијам таа затворена врата.
    Тоа е денес, утре ваљда подобро ќе биде, мора така да се размислува.
     
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.698
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да ве разберам, како само ја напѓате... :o |(

    Ако сте овде за са и солите памет, како (како што сфатив) сите други во нејзиниот живот прават, тогаш подобро не коментирајте...

    И јас имам спомнато дека напишав една книга, ете уште една пишувам, наставничката секогаш ме фали, но ете, не велам дека имам талент, бидејќи мислам дека немам...

    Гитар, ако навистина имаш талент, МОРАШ да успееш. Ако сето тоа е вистина, прво треба да те забележат твоите врсници кои не те познаваат. Имаш право, во Македонија ништо не се цени... за жал. Не се ценат уметничките души, јас би ти предложила да не одиш накај фото-моделство, или музика да речеме...

    Јас би за литература... Остави ги сите овие што те исмеваат, ако планираш да станеш славна, такви секако ќе ги има на секој чекор... Значи: ти зборам за списанието Наш Свет... Прати творба, прати цртеж, такви работи таму многу се ценат... Чинам имаше некоја рубрика „Таленти“, можеш да ги пратиш наградите... а ако навистина вредиш, тие секако ќе те забележат и ќе ти обрнат поголемо внимание.. :)

    Јас не би ти предложила да се занимаваш со фото-моделство.. Такви мноогу ги има.. Штом си таков талент - тебе дефинитивно ти треба нешто што ќе остане запаметено и запечатено во историјата.
    Но... ако решиш да се занимаваш со фото-моделство, (пак ќе го спомнам Наш Свет) тогаш пријави се како заштитно лице, ќе ти направат фотосесија... Така сите ќе дознаат за тебе...

    Има многу начини да го покажеш тоа што го можеш.. Па ја спомнав литературата, фото-моделството, спомна дека те бидува за музика... Овде нема те мрзи или не... ако САКАШ тогаш МОРАШ да направиш нешто за себеси... :!: Сите ти спомнале Идол, па вака, на идол НИКАКО нема да те примаат. Зашто прво, многу си мала, на таа возраст, не се надевај! А второ: Имало такви музички таленти како тебе на твоја возраст, но сега се повозрасни и ги примаа.. Но, гледаш, не стигнаа многу далеку, Ете ти ги Билјана, Виктор и Кико... 10 песни не направија... Ако сакаш накај музика да се насочиш, за тоа ти треба вистински талент.. Ти не можеш многу да се надеваш дека ќе станеш како Металика, Селин Дион, Мајкл Џексон или слично... :worried: Не такви луѓе се 1 во 1.000.000 :) Затоа музиката не ти е многу добра опција.. Јас не би ти ја препорачала... Но ако вистински сакаш, никој не те спречува...

    Велиш дека си добра за глума.. Ова според мене, ти е добра опција.. Јас не ги знам тие процеси, ни ако сакаш ти можеш да се запознаеш.. Ги гледаш турскиве серии?? Извираат, ги има и ќе ги има.. Имам една идеа. Зошто не отидеш на аудиции? Велиш дека можеш да плачеш кога сакаш, да се смееш... Мислам дека добро би дошла на серииве. Ги има некои ужасни како плачат. Сега, јас не знам колку си талент на оваа област, но ако те бидува ќе те изберат. :!: Синхронизирај, така повеќе ќе го чујат твојот глас... :)

    Не ми текнува за што друго спомна дека те бидува... Но ете, јас те подржувам, се надевам дека ти помогнав, не е се до спуштањето на земја, ако навистина те бидува, ако навистина сакаш, секако дека ќе успееш..
    Мислиш, на твоите идоли им било лесно? Не! Не им било... Зарем и тие не почнале од некаде? Барем 40% почнале како тебе! Мислам, не ти зборувам за работата и трудот што го вложиле, ти зборувам за тоа дека секое (дете) што ќе се пофали дека има талент, сите го сметаат за разгалено, невоспитано или премногу вообразено... А што? Кога ќе дојде 2025 уште ќе пеат Мајли, Селена, Џастин? Секако, ќе се појават други, а ти верувај дека ќе успееш... Не треба да ја рушиш својата самодоверба!.. Чекори сигурно, со цел и успехот сам ќе дојде!!

    Поздрав и со среќа! :*
     
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    502
    Докажи се во некое шоу, талентите кои се забележани не се испутштаат
    Ако ја сакаш музиката ти одамна ќе си била во тој хор, немало да те мрзи да одиш. Сакаш да просперираш, а те мрзи. Ако стварно сакаш тогаш почни, покажувај на дело, оди на хор таму ќе научиш да пееш поубаво од тоа што знаеш, оди на драма... ако тоа е тоа што го сакаш би требало да уживаш во тоа. Зошто да не почнеш во Македонија, тука ти е најлесно да почнеш па понатака ќе си градиш кариера. Се надевам дека ќе успееш затоа што го поддржувам талентот, само да знаеш мора да се потрудиш.
    Би се сложила со Doozy сите сме летале на тие години, и сме мислеле дека светот е наш.

    А btw познавам повеќе личности кои мислат дека знаат да пејат и упорно пејат на глас за сите да ги слушнат мислејќи дека преубаво пејат, а всушност за жал врска немаат. Значи секој нема слух за музика и мора професионалец да ти потврди дали навистина убаво пееш или не.
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    253

    Ни прати некоја песничка и те снема??
    хахах
    Ни се појави некое видео ниту пак слика.. Добро би било да се освестиш на време, или да почнеш околу нешто да се трудиш или пак да не се фалиш за џабе.
     
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    502
  14. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Епа мили мои добредојдовте во македонија. :rofl:
    Одсекогаш "сакав" да бидам модел/фотомодел било што. Имам се што е потребно (фаца, тело) ама државата ни е премногу затуцана да не речам!!
     
  15. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Машки
    И јас имам таленти па се пријавувам на некој такви натпревари
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Што ти е крива државата? Баш секоја втора девојка модел стана, незнам што е толку тешко па за тебе :^) Со една фотосесија станаа сите маникенки, модели, јаки пи*ки низ градов, барем за тоа е лесно. Ќе си уплатиш курс во агенција, ќе си праќаш цв насекаде после низ други агенции ако им се допаѓаш ќе те ангажираат по реклами, фотосесии за магазини итн... А ако не друго па по промоции ќе те праќаат и ќе фаќаш некој денар.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.293
    Пол:
    Женски
    Доволно говори фактот што Милчо Манчевски (мислам дека) не го примиле кај нас да студира на ФДУ, а цел свет му се воодушевува на талентот и производот од тој талент. И не, не ни` е владата крива (иако после на тоа се вадиме), ние како народ сме си криви. Треба прво да почнеме да работиме на самите себеси, да се сакаме малку за промена, а не она: Ај и јас ќе пропаднам ако треба, ама и овој иде со мене. Звучи познато?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.971
    Допаѓања:
    5.428
    Талентот затапува ако не го развивате. Во средно пеев одев на натпревари кога имаше можност. Професорот ми викаше дека имам специфична боја, исто и други деца талентирани пееја, награди земаа по средношколски фестивали, Француска шансона. Ама без врски и пари не се гради кариера, треба од негде да почнеш. Сега сите сме во други бранши. Исто поезија пишувам, ама книга да издадам, ма не ми паѓа на памет. Треба сама да ја платам и да ја подарувам за некој да ја фрли во ќош. Преведувам и ја закачувам на странски сајтови. Во биографијата имам наведено која сум од каде сум , и ете некои поети таму за првпат слушаат за Македонија. Си треба грб и пари за се.

    Кај нас луѓето се затуцани и тоа што пишувам поезија го доживуваат како нешто чудно, да не кажам попростите тоа го сметаат за забеганост. Мислат дека поетите само книга знаат да држат во рака и друго не разбираат. Интернетот е многу моќен и јас го користам да се промовирам. А книга, па ќе фаќа прашина, а сама да ја финансирам или да бркам спонзори, да ме понижуваат, не не сакам.
     
  19. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.698
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се згазив од смеење од девојченцето што ја направило темава. Застарен е тој случај ама се пресмеав. :rofl:
    Инаку јас имам талент да пеам. Одев на хор во основно. Кога наставничката ме проверуеше дали убаво пеам ми рече дека можам да го пеам кој глас сакам. Пеев први глас. Одкако завршив основно, планирав да одам на хор и во средно но слушнав дека таму хорот е срање,па се одлучив да не одам. Завршив средно и сега останав пеејќи дома со чешал за коса,сама,без никој да ме слуша. Секој ден пеам,но само кога сум сигурна дека никој не ме слуша. Кога некој ми вели да пеам,неможам,не излегува ништо од устава. Инаку не се разбирам во ноти,тонови,скали туку едноставно знам дека знам да пеам,имам осет,незнам како. Имам 18 години и не сакам да основам кариера на пеењето затоа што не сакам да пеам за пари. Сакам само да пеам затоа што,ќе изгледа глупо но...се чувствувам убава. Летам. Имам некое преубаво чувство додека пеам. Знам дека можам да пеам,но страв ми е пред народ. Дечко ми ме нема слушнато како пеам. Едната најдобра другарка не ни знае дека знам да пеам и секогаш ми се потсмева со тоа што ќе се спомне дека во четврта одев на хор (мислеше дека одам за да се ослободувам од часеви :| ) а другата најдобра другарка - што ми е од поодамна, исто така ме нема слушнато. Сакам да знаат дека знам да пеам ! Сакам да му пеам на дечко ми ! Неможам. Повеќето ќе помислите дека се глупирам и дека сум во филм влезена ама... ;( Се чувствувам убава,летам,уживам додека пеам ! А неможам пред некој...
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.