1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Талент ДА, но можности НЕ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од guitar, 10 август 2011.

  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    После една година на форумот сега ја приметувам темата :tmi:
    Јас сум талентирана да пејам :nod: . Кога ке седнам да размислам така бистро со главата од една страна виновни се родителите-што не ме запишале музичко бидејки ако сум одела музичко ке можев и средно да се запишам и така ке имам поголеми можности да го усовршам гласот, од дрга страна во оваа проклета држава ништо не се може освен да се биде турбо фолк пејачка или како се вика и да се пее "Раке пуке, раке шлаќе". Јас сакам да се занимавам со музика, да пејам и да бидам пејачка ама џабе ни сега можам да се запишам музичко ни ништо. Незнам ако има некоја аудиција за деца дали би ме примале, едно време сакав да одам во Супер ѕвезда ама ништо не ме однесоа... Многу ми е жал што не можам да си го покажам талентот во јавноста, сега само одам на училишниот хор ама пак ништо и од тоа што само на патронатот на училиштето пееме. Можеби е глупо ама секој си има свој талент и секој сака да си го покаже, некој успеваат некој не ама тоа е животот. Никогаш не се знае можеби ке ми се оствари сонот, некако има надеж во мене :D
     
  2. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    во нашава држава се ти е џабе .. :x
     
    На Kacjushka и Kristina.R им се допаѓа ова.
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Јас имам талент за балет тоа и самата го знам а и многу луѓе кои имаат познанство од балет ми имаат кажано дека сум талентирана.Кога имав 4-5 години требаше да почнам на балет таткоми се распрашуваше и најде добро балетско студио но беше во центар а немаше кој да ме носи на часови тоест терините не одговараа.Смените на мајками и таткоми секогаш ги преминуваат термините.Така си останав на празно.И сега по толку години обожавам да танцувам класичен балет.Имам 13 години и чуствувам голема празнина во мене што неможам да си ја исполнам желбата еден ден да станам професионална балерина, сакам са си порачам од али експрес балетанки за балет ама над 1000 денари се.Дома стојам на прсти си играм нешто и како мала тоа го правев ама џабе цело време се трудам од малечка кога ти треба учител.И да одам сега да се запишувам нема да ме примат со сигурност дека сум поголема нема сигурно со малишаните да бидам во група.Ако сум со врсниците јас ќе немам појма од одновни чекори и ставови.

    Не сум сигурна но што мислите дали да си ја пробувам среќата да се запишам некде ќе успеам ли дали ќе ме примат + не сум баш во форма со телово пополничка сум :|
     
  4. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    цц македонски идол еднуш напраја и сега ги нема повеќе |( зошто не се организираат вакви емисии со талент не ми е јасно .. во сите држави има секоја година . зошто кај нас неможе ? .. пари ли немаат што е работава? а и да направат никако не можат да погодат , тони михајловски го ставија тој што знае за музика ?? си се смее цело време и си прави шеги со тие што настапуваат каде работеле како живееле .. :^) значи никој ништо не знае да организира како што треба .. :x и немора да биде само за пеење , нека направат како што е america's got talent за секакви таленти.. ама нема кој , македонија има многу можности ама нема луѓе , нема со кого да се организира и да се направи нешто

    и уште нешто , ја земам пример групата Next Time , и многу други македонски пеачи, да беа тие во странство и истиве песни што се на македонски да беа на англиски , сите ќе ги сакавте ..
    на јутуб гледам коментари на некоја македонска песна дека била глупа и незнам каква , а да ја преведеме песнава на англиски хит ќе беше на секое радио , ја слушате Talk Dirty To me и викате дека Кеш Кеш е глупа , а ако ја преведеш ти е = same sh*t different country
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ова ќе те мотивира.
    https://www.youtube.com/watch?v=ZY0cdXr_1MA
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Јас имам предиспозиции за манекенка ама во мојот град тука нема некое студио или нешто а Скопје ми е далеку, така да...Освен тоа слушнав многу лоши приказни и искуства во врска со манекенската кариера и сите велат дека по добро е на да не започнам со тоа а и моите не дозволуваат. Инаку зад себе веќе имам мала кариера, имам снимено 2 реклами и 6 пати бев во една емисија за наградна игра(јас го влечев добитникот :lol: ) и бев во еден каталог(тоа беше претходната година) и го правев тоа онака, а сега ми дојде идеја кога можам веќе зошто да не го искористам тоа ама и онака во Македнија неможам да имам којзнае колку пари или слава. Да бев во странство се ќе беше поинаку...
     
  7. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Македонија за жал не е како другите земји..Во Х Фактор победија One Direction многу се познати ја добија наградата пари албум и се..А тука победи Даниел и шо ?!? :^)
     
  8. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    156
    Не победија, го освоија третото место, но сепак гледај каде стигнаа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Можеме да збориме што сакаме но човекот си победи и ако некој во Македонија не сака да го направи истото како и него.
    Во било која земја да си ако знаеш како и си упорен ќе успееш.
    И главното прашање што си постигнала ти?
    Ако можеш да научиш нешто од туѓите примери супер, со зборење ништо не правите.
     
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека барем во моето училиште не се избираа оние деца кои навистина имаа потенцијал за да одат на тој и тој натпревар туку се избираа деца на овој-оној или пак кога се бираше награда за проект добиваа истите тие деца и да, после тоа на секое можно поле беа форсирани од наставниците.Наместо децата кои беа талентирани и кои се би дале да одат на тие натпревари,одеа фруги.Ете, тука нема правда.За да искажеш дека имаш талент треба некој да те насочи кон тоа а не да ги затвора очите и да се прави како да незнае дека ти поседеуваш потенцијал за нешто.
    Второ дека нема можности-нема! Се согласувам потполно.Во нашава држава ретко се организираат некој натпревари за пеење или слично а и да се спроведат немаат добри организации.
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Никаде во светот нема правда,затоа не плачете и направете нешто околу тоа.
    Во другите земји да не е подобро?
    Можеби, но ајде пробај да видиме дали ќе те прифатат така лесно.
    Затоа кукање и жалење ништо не прави.
    Се сеќавам кога почнав јас, немав ништо.
    Требаше се сам, само мајка ми што ме финансираше за опрема.
    Друго се преку пријатели и молење и убедување.
    Да го убедиш човек да вежба и да стане од таа мрза е тешка работа.
    Се е тешко, да беше лесно сите ќе бевме некој и нешто.
    П.С погледнете ја на Арнолд Шварценегер па зборите.
    https://www.youtube.com/watch?v=wJPRj19OU-w
     
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Па талент за пеење имам ама моите пеење ова она сакаат докторка да бидам, или нешто професорка.
     
  13. nencunen

    nencunen Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски


    HOPE YOU LIKE IT :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека во која било држава сите таленти успеваат брзо и лесно, зависи од многу услови, фактори и околности, а првично е најбитен сопствениот интерес и инвестиција во себе, преку посета на одредени курсеви, семинари, обуки игн., од дома никој нема да го извади некого и да го обучува и промовира по светот.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.