Единствените таленти за кои ме бидува и ги поседувам се, -глумење ,танцување стомачен танц, делење совети и ислушување како психијатар или психолог, и чување на деца другото потешко...
И јас понекогаш имам потреба да цртам, сликам, тетовирам... Како некоја мистериозна енергија да минувљ низ мене и ме тера да творам... Се прашувам дали е тоа талент. Талент, колку што разбирам јас, е нешто што со леснотија можеш да го направиш а и не можеш потоа да го ојасниш како си го направил истото. Нешто како ракотворба, оригинална, што другите и не можат баш да сватат како си го направил тоа и се обидуваат, ама не можат баш исто и им е чудно како можеш. Некои работи некои подобро ги изведуваат од останатите, некои ги бидува за математика, некои за ликовно, трети пак ги бидува за физичко но, тоа е друга тема, за интелигенција. Ете јас знам да свирам на гитара, сама се научив. Имам слух колку за толку. Во мои очи, некој колку и да се труди да научи не може оти нема осет за ритам. А, ги има и такви некадарни, што со малку труд успеваат да отпејат по нешто. Јас можам да отсвирам и да отпејам истовремено( иако не ме бидува за пеење ), а веројатно и на други полиња сум трескавична, само што сум се испробала.
Преубава боја на глас. Неспорно имаш талент. Пробај вибрато да скратиш. Нема потреба да го употребуваш пречесто, инаку немам замерка. Сопран 2?
Имам талент за пишување на литературни творби. Во основно и во средно пишував поезија, но со текот на времето загубив желба да пишувам интензивно и во континуитет. Сега ретко знам да напишам нешто за своја душа , колку да ми олесни на душата и да го ослободам умот. Инаку имам учествувано на натпревари и имам добивано награди и пофалници. Но со текот на времето разбрав дека хартијата трпи се и дека немам причина интензивно да пишувам .
Јас би рекла дека како помала немав некој голем талент за цртање, но многу се трудев и со многу напор достигнував до убави цртежи. Други таленти ми се глума, литературно читање, поезија, пишување, одбојка, трчање...