спорт на прво место , потоа пишување, фотографирање, креативност, танц ... Би сакала да имам талент за пеење , ама тоа е И да не си го заборавам талентот за спиење , можам да спијам со денови
Талент, па црткам, порано повеќе на модели се концентрирав, а сега на све и свашта што ќе ме бендиса, фотографирам (за жал со мобилниот, ама имам направено некои јакички слики и со него), имав направено некои скулпторски дела од глина, имам цртано со текстилни бои-кога имам инспирација, креативноста можам да ја терам во повеќе насоки. Посакував да научам некогаш да шијам, ама не научив... Сакав да свирам гитара, ама се осеќам некако како да ми е касно веќе допрва да учам, порано пеев, ама веќе не ме бива за тоа (само тивко сега...). И да-давам совети, корисни, а без пари! И плус, талент сум за одбирање на потешките патишта во животот!
Обожавам акти! Немам талент за цртање воопшто ама ги сакам сликите! Мојот талент е пишување! ПОЕЗИЈА!
^ Знам дека баба ми може да го превртува чудно јазикот. Јас ниту можам јазикот да го вртам, ниту ушите и никако не можам да кревам лева веѓа. Сум се мачела да успеам, ама не оди.
Јас можам да го превиткувам јазикот. Инаку ме бидува за пишување состави и фотографирање. Имам направено неколку одлични фотографии со обичен фотоапарат од 8 мегапиксели камера. Имам талент за играње, иако во последно време не играм многу, но сепак. И сакам да имам талент за пеење, ама за жал го немам. Пеам само по дома .
Уште од мала почнав да играм ракомет и многу добро ми одеше Ама, моите не ми дозволија професионално да се бавам со тоа, заради оценките во школо...Да беше поинаку сега ќе бев успешна ракометарка, претпоставувам, ама јас место тоа завршив факс Криво ми е многу Јас играм и денес понекогаш ракомет, ама онака рекреативно во слободно време кај Индира во школото
И јас сум тежок антиталент. Многу сакам да пеам ( кој пее зло не мисли ) Ама немам глас, шкрипало сум И да не биде без ништо имам талент да се нашминкам и скоцкам Поздравче
Ехх талент - штета што мислам дека сите мои таленти се неискористени - отсекогаш ме биваше за цртање па изложби ама само во основно (сега немам ликовно), пишување проза,поезија без проблем речиси во секое време и талент за сите спортови (штета што родителите никогаш не ми дозволија да тренирам нешто, секогаш имаше некоја пречка ) единствено за музика сум антиталент не ме бива ни за пеење ни за играње
јас антиталентче мајтап .. во осново знам дека пишев најубај состави ама сега професоркава не ми ни ги чита така 3ка ми пиши оти и се смеев( ити на првио час ама смешна беше шо да прам не сум крива ) и за цртање имам талентче мало порано ми пуштаја цртежи на конкурси сега овај професоро и не гледа баш во цртежите и најважно му е да имаме цртеж, ама зато јас на дел од редицата му цртам и да за пеење ја имав највиската оценка (4 оти за 5 ка требаше со ноти ) и бев од најдобрите 2 за друго не ми текнува
понекогаш сакам се да работам....сакам да цртам,да декорирам,да пеам, мајками е флизерка и мене ме фајка накај занаетот сакам флизури да правам ,сакам да спортувам...и друго..имам могу желби но се како ке замислам не испаѓа ..така да имам некој скријен талент а сакам да го откриам...Поздрав до сите...
И јас имам тален .. можам да спиам цел ден се шалам инаце имам тален знам убаво да танцувам и глуама увв како глумам тоа е чудо
здраво колешке И јас џоа ти, сакам многу да танцувам и глумам. Пишувам по нешто од страна на проза. Талент невиден за спортови-сите ги имам прошетано Талент за зацапување секогаш со погрешни фаци ги има повеќе да не набројувам
И мене сите ми викат какко глумица сум била...и нејкопат ке ми речат свари кафе и јас ке казам не мозам раката ме боли и они викат е глумицо...и јас се смејам а и за танцување ме бидува!!!!