Сите ми велат дека имам талент и чувство за уметност од сите области.. За јазици, ликовна и музичка уметност. Пред да почнам да го изучувам како предмет во училиште, англискиот го имав скоро совладано од гледање филмови, а со шпанските серии го научив и шпанскиот Пишувам понекогаш поезија и проза. Во основно секоја година земав награди по ликовна и литературна уметност. Моите никогаш не ме пуштиле во приватно музичко училиште, иако многу сакав да свирам на клавир, а подоцна покажував интерес и за виолина. Дома имам клавир и знам да свирам по слух, свирам дури и песни кои прв пат ги слушам. А ноти не знам баш да читам. Во основно и средно бев член на училишниот хор, пеев сопран. Исто така, од мала сум покажувала глумечки способности, сум се пресолекувала многу пати во денот и сум ги глумела цртаните филмови на Дизни што беа актуелни додека растев, а моите дома седеле и ме гледале Имам одено на драмска секција и имам глумено во 2 драми-една кога имав 8 години и една во трета година средно. Ми велат дека сум била добар имитатор
Имам талент...Луѓето кои ме познаваат ми велат дека го имам најголемиот талент што една жена може да го има. А тој талент е - Да бидам добар учител на животот кој го имам.
јасс имам талент за глума обожавам да глумам исто така и за пишување проза ме бива , за гимнастика и за модерен балет а за друго ништо (пеење,цртање-антиталент ) аа и да не заборавам и јас го имам талентот за кревање на левата веѓа
Јас ќе си кажам искрено за АНТИТАЛЕНТКИТЕ што ги имам за колешки ....двете кога ќе запеат фалшираат до безсвест, а пустите обожаваат да подпевнуваат. ...ама луѓе тоа е страшно за човек школуван во музичко училиште [/color]
многу убаво кажано : ) ти завидувам! Имам талент за јазици, танц (хип-хоп ), глумење и пеење. Сепак, мислам дека имам уште некои неоткриени таленти..
талент имам значително за пеење,глумење и цртане(ама не ликови, шаркање повеќе) За пеење размислувам и тоа да бидам еден ден многу ме влечи исто и накај глумата .. ама архитектурата пак не ми се остава размислував и да се пријавам на ја имам талент.. смејте се ајде! п.с. мацуш и јас имам талент за кревање на левата веѓа
Сега во моментов размислувам на оваа тема Поточно се прашувам, дали беше правилен мојот потег, кога упишав да студирам биохемија Се прашувам , вредеше ли толкава жртва, толку време, напор, нервози, макотрпно учење итн...за денес да бидам ова што сум... Искрено солзи ми навираат во очи Утре имам закажано службен состанок на Институт за судска медицина...И, како ќе го поднесам тоа, најискрено не знам Секогаш јас го извлекувам подебелиот крај(од толку вработени, мене ми нареди директорот да одам таму )... До сега бев оффтопик, ама да се вклучам во темава - на моите родители само едно нема да им простам, а тоа е што ми забранија професионално да тренирам ракомет, иако уште од дете имав невиден талент за тоа...Тоа е уште една моја жртва за моето образование Периодов сликам една прекрасна слика со темперни бои и многу убаво се осеќам дури го правам тоа(за момент заборавам на хируршките ракавици, белиот мантил, мирисот на формалин во лабораторија итн....) Не се каам што сум биолог, ама многу ми е тешко за некои работи
Наводно имам талент голем за глума и за имитирање, којзнае. Ама за еден талент кој го имав ми е криво што не го искористив, а тоа е танцувањето. Од мали години моите заебележаа дека имам голем талент за танцување па ме запишаа на балет, и ме фалеа таму дека сум добра, ама нели, од балет не се живее па прекинав со професионално тренирање. Сега тренирам чат пат за да си ја исполнам душата А за друго не знам дали имам талент, единствено во пмс да се налутам експресно во рок од 2 секунди
Имам талент за музика. Ама надарена сум и за инатење, па не ги послушав моите кога ми викаа дека треба да се запишам нижо музичко, да свирам пијано. Бев на тестирање кај професори и ми кажаа дека жално ќе биде ако не се занимавам со музика, ама едно ептен бев срамежлива, а друго мразам јавни настапи. Единствено за тоа се покајав во животот Кој знае, сега може ќе свирев со Симон Се надевам дека годинава ќе најдам време за часови пијано и соло пеење, барем малку да си ја ублажам маката. А ќе продолжам со пеење на собиранки со другарите, досега не се пожалиле на болка во ушите Мислам дека заради мојата музикалност многу лесно и брзо учам јазици, па не за џабе сум филолог И го имам талентот за подигање на левата веѓа , ама само левата. Да ме убиеш со десната не можам.
Немој да секираш воопшто , секој си носи некаков талент во себе Тоа е само трошка од она што е волјата ..Талентот е само 10%, 90% е работа и волја.. само што е предност пред другите, ама ако се нема волја и ако не се работи редовно, талентираните се губат во споредба со оние работливите!!! Сигурно и ти имаш талент за нешто , млада си имаш само 13 години ..со времето ќе откриеш за што те бидува најмногу и самата ќе добиеш желба да се испробаш во тоа поле
I have no special talent. I am only passionately curious. Пааа ме бива за шминкање, креативна сум и секогаш имам нови и оригинални идеи, многу филозофирам и имам скриен драмски талент
имам талент за пеење и секој тоа ми го кажал,но најголемн агрешка е на моите родители кои уште од мала не ме пуштија да одам на музичко,зошто тоа не било професија за мене со која ќе профитирам и затоа се запишав друг факултет ама сакам да пеааааааааааааааааааааааам најмногу од се,и пеам тоа ми е хоби и неостварена желба.......
ЦРТАМ! Цртам портрети, природа, апстракции, само со актови се немам зафатено, но планирам за брзо време да почнам да се усовршувам на тој план.. Имам продадено неколку дела но не би се одлучила да студирам уметност, повеќе ме привлекува архитектурата...