Имам талент за глумење. Значи ептен ме бива... А и ме бива за фаќање јаки пози, т.е. за сликање. Секогаш ваѓам добри слики. Ама со глежумата, сликањево ми е неспоредливо.
Иам талент за губење секакви ствари (у4ебници каа на пример) , и исто така иам гоооолем талент за доцнење на секакви места, тргнувајќи од школо па натаму....
имам талент за правење накит и брзо учам странски јазици исто имам голем талент и за спиење и за каснење секогаш секаде каснам
И јас имам талент.Можам да го трпам брат ми 24/7. Иначе имам талент за глумење, мајка ми ми вика дека ке станам глумица Имам талент и за шминкање знам убаво да шминкам иии тоа
За конкус имам освоено награда за песна, за Есента ли беше? Не се сеќавам. Иначе знам да прецртувам, а додека сама да си дадам замисла во главава и да ја преточам во цртеж не ми успева. Имам талент можеби за преточување на мислите во пенкалото, односно за раскази, текстови.. Пред некој ден ми падна на памет дека можам да напишам некоја кратка книга, колку за проба, не мора да ја издадам.Ама некако тешко ми оди со реализацијата .
Имам талент за пеење признат од повеќе музички образовани личности.. Меѓутоа нема леб од тоа и сега го правам само за своја душа (или на караоке) И имам талент за странски јазици. Затоа одлучив тоа да биде мојата идна професија
Талент за трошење пари не можам ни денар да заштедам Имам талент за странски јазици, тоа и го студирам, исто имам талент за комбинирање , знам да си играм со боите и најголем талент имам за анализирање на нештата
Ауу погодена ми е темата. Јас знам убаво да екнам на моменти,да пуштам глас ко сама да сум на светов,некад сум комбинација Цеца - Шакира али нема везе.Глас америка.. ај лов мајселф Имам широки познанства кај фотошоп али не сум којзнае што И ептенски ме бива за цртање и проза
хахахах невиден талент за мрза сум, мрзла невидена пишување на проза ии може да се испее некој глас не викам не
Ми викаат дека сум имала талент за пишување писателка ќе сум била. Убаво цртам, но сега немам баш и некоја желба,а порано многу сакав. За пеење да запеам јас прозорците одма дрш дрш не сум јас некој си талент за пеење голем,а пак порано многу сакав и сега си пеам во кабарето Под туш
Пеење и танцување. Пеам убаво само кога сакам, а некогаш буквално знам да се разгракам. Танцувањето ми е во гените пак, многу комплименти сум добила поради него. Мојата најголема страст во животот, нешто што ме исполнува до максимум. Патем, има и други работи. Преталентирана сум за организирање неуспешни забави, состаноци и слично, потоа комплицирање и на најобичните работи и од ништо да се направи нешто, секако проблем. Мислам дека треба да ми се додели не сребрена, туку златна папуча со дијамант кај палецот поради оваа моја способност, не го може тоа секој. А, од останатите, фини ствари за кои што би можело да се каже дека имам талент е внатрешно уредување на домот, готвење и пишување на песнички за братучедките кои ми се 3то одделение. Сега за сега, доволно е.
-Цртање ми беше на времето голем талент. Четка не сум фатила 4 години, ако не и повеќе така што одамна е загубено. Не целосно, но страв ми е да започнам пак бидејќи ќе се разочарам од тоа колку сум невешта сега. -Глума, о да! И те како добро глумам. -Пеење? -Не посакувате да ме чуете. Никако тоа исто како и танцувањето, освен бели денс. -Вештината со четки ајде ќе речам дека е приметлива, ако не на платно барем на лице. Си верувам дека пристојно си шминкам.