Од тоа што го читав , мислам дека е поголем талентот во пишувањето и дека нетреба да се откажеш од ова туку повеќе да се концентрираш бидејќи иако прозата и поезијата полека исчезнува во срцата на многуте , сепак некои сеуште го читаат тоа и ги почитуваат правите автори cheers*
Пишување. Иако не бев свесна за тоа и покрај тврдењата на мојата наставничка по македонски јазик во основно и моите другарки,иако имаше моменти кога ќе застанев и си ја отворав душата на првото парче хартија кое ке ми се најдеше при рака.Па по исвесно време решив да ги прочитам своите "дела" и сватив дека стварно ме бивало И да,имам добиено 1 место на едно литературно читање по повод патрониот празник на училиштето
Талентот е дарба, ама ќе биде ништо ако не го надоградуваме и усовршуваме. Самата на себе никогаш не сум си го оценувала талентот, тоа го оставам на другите кои ќе можат пообјективно да ме оценат. Со оглед на мојата голема самокритичност, ми се чини дека никогаш не сум доволно добра во нешто и постојано се туркам напред. Би го издвоила пеењето, пишувањето, фотографирањето и цртањето. Пеењето можеби еден ден ќе ми станеше професија, ако ја искористев можноста кои ми ја пружија оние кои во мене препознале талент. Ама не повеќе. Сега ми е само хоби. Пишувањето ми служи како терапија. Преточување на сите тешки мисли и чувства што ме мачат. Така ги вадам од себе. А фотографирањето и цртањето ми се бегство од реалноста. Психички одмор кој прераснува во нешто продуктивно
Покрај прецизноста и гаѓањето-со кое спортски се занимавам. Би ги издвоила: кративноста,организацијата,нови идеи,ораторството...
Ќе бидам малце нескромна. Имам талент за глумење,веќе подолго време глумам,од кога знам за себе глумам,но почнав сега и аматерски,па напредувам на тоа поле. Имам талент и за фотографирање,а можеби и немам.Но,кога го правам ова се чуствувам исполнета и среќна. Понекогаш цртам,не сум многу успешна во ова поле,пишувам драмски текстови,поезија и проза. И на крај ќе го заборавев пеењето Немам посетувано музичко школо,ниту приватни часови.Но за тоа сум му благодарна на мојот професор што ми предаваше во основно.
Па...имам талент за пеење, свирење и се' поврзано со музика. Имам прилично добар слух па секогаш имав највисока оценка за погодување ноти, интервали, акорди итн. во нижото музичко училиште. Свирам пијано, но ме фаќа желба да научам и гитара. На хор не сум одела никогаш, а ме имаат викано повеќе пати. Едноставно не сакам, незнам зошто. Исто ме бива и за танцување посебно за играорна. Ја сакам и литературата па како помала учестував на разни конкурси, најчесто со поезија и имам земено повеќе награди. Сега повеќе пишувам проза, но не одам веќе на конкурси и не ги експонирам моите дела .Пишувам кога ќе ми дојде инспирација, неможам да седнам испланирано и да пишувам. П.С- За разлика од другите форумџики јас можам да ја кревам само десната веѓа, левата никако.
Не ми е некаков Вааау талент пеењето, но другарките во школо ми кажуваат дека знам... Незнам дали имам талент за пеење, уствари вадам малку поинаков звук кога пеам. Баба ми кажува слух сум имала. Сепак талент сум за спиење.
За Пеење не ме бива ама ич.. Ама за глумење ме бива.. Само не сум превзела ништо.. И за цртање по малце, и фотографирање
Имам талент за пеење и планирам да си го школувам гласот инаку повеќе ме бива за пеење класична музика