Имам талент за пеење,но досега на никого не сум кажала и нема. Си пеам дома за душа и се восхитувам сама на себе. Но,не би сакала да пејам во јавност.Имам трема до некаде,а и не планирам пејачка да станам.
Па ваљда имам талент за пишување,ама само некои прозни текстови,поезија не ме бидува многу многу. Имам талент за танцување,ама по дома не во јавност И главниот талент-за јадење,пошто ептен треба да си талентиран секоја минута да јадеш се и свашта и да ги мешаш јадењата на 300 начини
Вака сега имам талент некој да паднам од стол од смеење ...арно ама уште поголем талент сум кога учам историја и кога треба да дојди тест пишам малку повеќе или пак кога испитува талент сум за пола саат раскажвање битката ова кралот она.... да пишам да,да само да си пуштам Реквием од Моцарт и состав на годината ...да си цртам,имам талент...добро сега понекогаш тато ќе ми речи:Пикасо не ти е равен!
Па имам талент за пишување ама само прозни текстови и за спорт, а малку и за цртање. А кога пеам никој не треба да ме слушне зошто опасно е по здравје Ќе го болат после со месеци и главата и ушите
Можам да се пофалам дека имам талент за цртање, а и многу ме релаксира и исполнува цртањето. Порано во основно, и до лани додека имавме ликовно, повеќе го развивав талентот, сега само во слободно време си црткам по нешто. А и за јазици имам талент, лесно ги сфаќам и брзо памтам вокабулар. Дома ме зафркаваат дека и од кинеска серија да погледам 2-3 епизоди, ќе научам по некој збор.
И јас имам талент за учење јазици. Многу брзо ги учам, убави акценти имам за сите и вокабуларот го памтам. Исто имам и многу добар талент за глумење и многу често ме зимаат да глумам на представите од школо. А за спиење и јадење, да не збориме, за тоа имам талент ипол.
Не сакам да се фалам - не ме сфаќајте така! Имам ОГРОМЕН талент за учење јазици + доловување акценти. Акцентот можам само по 2-3 слушнати реченици да го доловам доста успешно. Исто тако, ме бива и за пишување поезија. Имам учествувано на повеќе конкурси, од кои имам добиено доста награди. Математика и физика ми иде, само не можам да кажам дека сум некој „редок примерок“. Добра сум во логички задачи.
http://art.lookandlearn.com/index.php Еве една страна за конкурси по ликовно ако е некој заитересирана даваат и парична награда
Талентирано дете сум за пеење. Пеам од 3год. сега желбата ми станува се поголема се надевам дека ќе постигнам нешто во животот
Јас пишувам откако знам за себе и нормално сум се подобрила. Имам некои таленти за цртање ама мислам дека закржлавив на таа тема зошто одамна немам молив во рака фатено и последно кога цртав жена се направи чудовиште.
Ех да, и јас со јазиците Спојлер (само неможам сега да едитирам, незз оти не ми дава опција па затоа вака пишувам)