Веќе неколку години по ред,не гледам Евровизија,манифестацијава постои за перење пари,и давање бодови на држави кој се држат меѓу себе,а не на песни кој се стварно добри,од продуценска страна до изведувачи,па се до изведба,него све политички е веќе.
На Евровизија постои доза на пријателско-соседско гласање, но дека е се политичко воопшто не се сложувам. Погледнете ги само кладилниците, последниве години секогаш победува песната која се наоѓа прва на тие листи. За изборот и учеството на Тамара... мех... Од една страна сме сигурни дека вокално ќе звучиме одлично, но главниот проблем верувам и оваа година ќе биде сценскиот настап. Песната се надевам дека е навистина добра и дека ги нема избрано Роберт, Лазар и Дарко ради реда. Тамара, пак, се има изјаснато дека не сака да оди повторно на Евровизија, ама кога и се пружила шанса зашто да го пропушти Израел и прекрасниот Тел Авив. Во принцип сите наши пеачи имаат ваков коментар, а кога ќе ја добијат понудата од МТВ не размислуваат воопшто и одма прифаќаат. Тоа е од проста причина што тие две недели додека трае Евровизија ги третираат како ѕвезди. Такво нешто овде нема никогаш да доживеат. Од Балканот можеби нема, но од другите делови на Европа има многу артисти на кои Евровизија им била отскочна даска. Во врска со тоа кој треба да не претставува во скоро време, би ги издвоил Лозано (сам!!!), Дани, Александра Јанева. Прочитав доста ги спомнувате Дупер и Антониа Гиговска. Дечките се одлични, но мислам дека е прерано за нив, а за нас е подобро да не претставуваат попознати имиња. Во враска со буџетот што се издвојува, за наши стандарди е огромен, а за други држави е и смешен. МРТ тие пари попрво ќе ги украде одошто би ги донирал на некого. Вака барем знаеме за што се трошат државните пари.
Се согласувам со тебе, особено со болдираниот дел. Каков ego boost добиваат од тоа.. И доста интернационални фанови стекнуваат, еве Eye Cue да ги земеме за пример, иако беа лоши на сцена, стекнаа голем број светски фанови. Не верувам дека некој пеач од МКД би одбил Евровизија. За буџетот, навистина не е толку голем како што ни изгледа нас, споредбено со сите други држави. Проблемот е што ние сме прилично сиромашна држава и на тие пари гледаме да бидат искористени на „попаметен“ начин, а реално државата треба да одвои за донации, без разлика дали учествуваме на Евровизија или не. Вкупно 150.000 евра за детска и обична евровизија се премалку затоа што Евровизија е скап спорт, како што рече Тамара. За минатогодишната победничка, сигурен сум дека Израел има потрошено над 400.000 евра. Мислам дека нема да успееме и годинава, и реално ако веќе не не' бива за осмислување сцена/сценски настап, подобро е да се откажеме. Стварно се залудно дадени парите кога ниту една година не успеваме ни да влеземе во финале. Верувам дека нема да им недостигаме
Мислам дека сувишно е да се коментира како дури "малку" биле тие 150.000 евра, за држава во која ништо друго не е средено. Треба воопшто и да не се даваат и да се искористат помпаметно, наместо да коментираме дека со малкуте пари изгледаме смешно надвор или дека може треба да дадеме уште повеќе за да имаме убаво трето место.
Колку и да сум голем фан на Евровизија, ако и годинава не биде ништо, најдобро да се откажеме. Ја гарантирам дека нема да ги искористат тие пари за нешто добро, ама барем буџетот ќе е за 150к евра поголем.
@staycalm А ако биде? Наредната ќе дадеме повеќе? Не е поентата само тоа што не победуваме веќе цел век, туку и парите што можат поефективно да се искористат
Зависи што значи „ако биде“. Влез во финале и последно место не го гледам како успех воопшто. Секој си има свое мислење ама за мене поентата е заради тоа што никогаш немаме добра позиција, парите се залудно истрошени. Да можевме да кажеме дека сме пратиле квалитетни акти и сме добиле одредено висока позиција од тоа што сме трошеле пари па да речам ок не е залудно. Вака е глупо. Подобро ќе беше да се откажеме 3-4 години па после со нов тим да се вратиме и со поголем буџет, отколку секоја година минимален буџет и бескорисен трошок. А најжално е тоа што неколку години по ред праќаме одлични песни за Евровизија за на крај да се усерат со најглупа сцена и настап во живо. Мислам дека освен Русија лани и Сан Марино неколку години, никој друг немал полоши сценски настапи од нас. Пак ќе повторам, владата ТРЕБА да донира пари без разлика на (не)учеството на Евровизија, а и да се откажеме, истите нема да бидат пренаменети, гарант.
Тамара беше во емисијата од Жаре и ме разочара колку се лигавеше. Знам дека порано исто многу се лигавеше, ама мислев дега откако е сопруга, мајка, малку е променета, ама ете ништо. И самата си кажа дека сака на Евровизија да биде се како што треба, за осветлување, за не знам што, значи си сака убав буџет да се среди како треба. И однапред се гледа дека ќе ужива што ќе шета. А, под многу јасни врски сите знаат како баш е таа избрана, да сме начисто!
Вклучувам Јутуб Отварам еден на еден Терам рандом напред Слушам пет секунди "Да да тој фустан каде што не носев гаќи"... Гасам нет. Фрлам тел в соба, бегам во природа.
Факт е дека 150 000 илјади евра за наша држава не се воопшто малку. Овие пари треба да бидат сериозно разгледано од страна На Мтв, да се направи проценка за све што треба и да се каже јавно и транспарентно. Значи да кажат јавно како и зашто ги планираат средствата. Друга работа е штп треба песната да биде добра, но мора да се посвети внимание на сценскиот настап, сценските ефекти, сцената каква ке биде, осветлуванје, корерафија и стилот на облека и промоција на песната. Но обавезно за овие пари да се збори отчетно и траспарентно,во спротино ич да не се настапува.
Мое мислење, а се надевам и мислење на повеќето во оваа држава е дека доста е веќе, нема потреба од фрлање пари за Евровизија, и онака се знае дека не постигнуваме ништо посебно. Со тие пари мислам дека државава може да купи најмалку 4 -5 добро опремени амбулантски возила за Брза помош... Гледаме дека ни се случи несреќа, а повредените немаа со што да се транспортираат до болниците.. Впрочем Италија одамна е откажана, и не учевствува на евросонг, еве и Бугарија, а и други побогати од Македонија.