Италија се врати на Евровизија во 2011 и е дел од големата петорка односно директно влегува во финале.
Истиов муабет за амбулантските возила беше правен претходно. Инаку не, Италија не е откажана, не знам од каде таа информација.
Тамара е убедливо најлош избор. Парите се од старт џабе фрлени. Цел народ да ти вика дека парите ни требаат за болни дечиња а неа мува да не ја лази е многу бедно. Прво треба да се направи кореографија за која нема пари па Тамара сигурно само ќе ги крева нозете ко на бурлеска и ќе ја тресе косата ко вошки да има. Второ била веќе еднаш никој не ја фермал и сега може да му се даде шанса на некој друг. Тамара е префорсирана и ич не вреди за да се шета на наш трошок. Да потсетам парите им требаат на болни дечиња.
На толку апели за тие пари да се купат 2целосно опремени амбулантски возила, мене срам ме фати, ама она изгледа од осет е оперирана мака нема и нема никаква изјава што мислење има во врска со таа тема.
"Здраво, Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!"), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“ За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа. За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси. Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца. Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка. Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа. Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А! СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри! Се гледаме во Тел Авив!" - вели Тамара. https://www.instagram.com/p/BuBQxWTAFbw/
Срамота е тоа што не ја одбраа Антонија Гиговска. Девојче на место, пее растура, една од ретките пејачки со квалитетни песни, и песните и се баш hearttouching има и потенцијал и се.. Но во нашава држава не се цени квалитет, одат некој безврска пејачки и се оди колку да се појде нема врска кој бил . Со кој мозок??. И онака нема да влеземе во финале, секоја година истиот циркус...
Тамара е еден од најдобрите вокали во Македонија. Предобар глас. Но не ми се допаѓа идејата да одиме повеќе на Евровизија. Само да се бламираме и да освојуваме пониско место, иако реално заслужуваме и повисоко, само ни фали малку кореографија и подобра сцена. Друга работа што ме иритира е што ќе настапуваме како Северна Македонија. Не сакам да одиме под тоа име, на кое јас, а и поголемиот дел од Македонците не се сложиле. Но тоа е што е.
Под името Македонија, името кое го бојкотирав, под кое сме сега и ќе бидеме во иднина. Заради Северна Македонија, јас нема да ја гледам Евровизијата. А Тамарчето нека си пее. Јас неа ја почитувам како пеачка, а како човрк нид по разно. Таа како човрк е и под Амди Бајрам.
Ок. Името Македонија за внатрешна употреба на неофицијални документи ни било достапно секогаш и уште ни е. Името Македонија за надворешна употреба а во случајов Евровизија, никогаш не било употребено. F.Y.R Macedonia сме од почеток на учество во Евровизија па се до 2018та година. За да избегнат проблеми, на Евровизија го користат СЕКОГАШ официјалното име на секоја држава. И не е само Евровизија. 99% од светските настани во кои е спомната Македонија е F.Y.R Macedonia.
Ќе пеела за ќерка и... Ние навикнати сме изгледа да се фрлаат пари за глупости а да се лечат луѓе со донација... е вакви нема да е биде никогаш...
Ке пее за керка и кога ке се финансира самата Се додека ја финансира државата ке пее за државата Кобила
Второ од назад. Не знам и јас не ја сакам веќе. Порано ми беше по приземна, харизматична и скромна девојка. Сеа некако со сила сака да биде интересна. За вокалот нема да коментирам, слободно можам да кажам дека е помеѓу подобрите во нашата земја.