Имаш ќ на тастатура? Ќе пее за кого сака. Претставник е на Македонија, може да го посвети пеењето на било кого.
Брее, па ај сите што ја претставуваат Евровизија нека пеат за некого. Глупости живи. А и се пос.а со ќерка и искрено. Ко божем само таа е мајка.
А што се крена толку фама за кого ќе пеела,настапот ќе си го посвети на кого сака. Да не треба у комитско да ја облечеме и со црешево топче да пука јер патриотка
Салвадор Собрал ја посвети победата на сестра му па и ја довлечка на сцена да пеат заедно, нема врска тоа на кого ќе го посвети настапот не кревајте фама за џабе.
Абе и ти може си за неа кобила, ама ете, не може да ти каже. Ако ја сметаш Тамара за нешто ниско, биди ниво повисоко од нејзе и не навредувај. Со навреди никаде нема да стигнеме.
Наместо навреди,народов треба да збере потписи и да упати апел до надлежните оваа година да не се оди на Евровизија и да бара од следната година само тој да бира претставник на Евровизија,а не некоја трчи-лажи-кради комисија(жири).
Па многумина од претставниците и пеат за некој сакан, дали дечко/девојка/сопруг(а), дали родител или некој друг близок. Нормално, љубовта е главна тема на музиката. Не знам како тоа мислите дека треба само за народот и државата да пее? ЛГБТ сентимент и шоу ви смета, сега и промовирање на дете/мајка однос од друга страна ви смета... уствари мислам дека на повеќето секаква тема би ви сметала кога е од наш претставник, дури и да е најдобрата универзална порака ко антитероризмот на Италијанците лани на пример. И мене ми се веќе банални мамички опседнати со мајчинството насекаде (и јавни личности и обични луѓе), ама ептен негативен став имате, чил.
И јавно треба да каже на крај за кого пее, како што имаше лани патетики со запросување сега нека има за бебиња. Догодина може претставникот јавно ќе и' се извини на свекрвата за кавгите по дома. Нека се лијат чувства, што има лошо во тоа?
Деновиве забележав дека само балканските држави нонстоп си ги хејтаат песните за Евровизија. Словенија, Романија, Македонија (уште неизлезена ја распнаа). Отварив Шпанија, Франција, Австралија, Англија..90% од сопствената држава беа со пофални коментари колку и да е лоша или добра песната, ние и на добро и на лошо, хејтај. Не велам дека треба да ги издигаме којзнае колку нашиве претставници или песни, факт е дека сме праќале лоши песни и добрите ги расипуваме со лоши настапи се уште, ама барем пред полуфиналето малку поскромно со острите коментари и критики по јутјуб видеа и слично, многу е грдо кога од страна гледаш како сопствените сограѓани ја хејтаат песната од сопствената земја.
Не знам зошто ама во последниве денови почна да ми се влева некоја надеж за песната на Тамара, дека ќе биде добра. Арно ама, повеќе од добра песна ќе ни треба, во појакото полуфинале сме пак.
И Тамара и Тијана се добри пејачки. Некои нивни песни често ги слушам. Ама,однесувањето не им чини,особено на Тамара.Не е само она мајка.Се занесува... Нема да се докажеме со праќање на едни те исти.Треба да се види разноликост,треба да се претстави квалитет. Нема да победиме поради фамозното Евровизиско на ти-дај ми гласови. И онака немаме ниту доволно голема сала,ниту финансии за да организираме Евровизија. Попаметно ќе биде да се побара откажување на учество барем годинава и парите да се вложат во спасување на нечиј живот,а за следната година пак народот да бира претставник. Само не треба молчење.Молчењето е штетно !
Било кој да е, не само Тамара, ќе го направи истото. Т.е. нема да го направи, нема да се откаже од Евровизија за да ги донираат парите на некои што им требаат. Просто таков ни е менталитетот. Добро е што на Бугарите им светна кликерот, а на нас никако. Тамата и Тијана имаат многу лош карактер, сум имал можност и во живо и на ТВ доста пати да ги видам што луѓе се. Но како вокал, Тамара е една од најдобрите во Македонија.
Не се замара ни народот како што гледаш. Сеедно им е на сите. Треба таа малце да се свести и да го направи тоа и после и народот да го следи нејзиниот пример. Народот чека некој да му покаже што да прави.
Уште го верглате истото за тоа шо пак неа? Знаете дека не сме единствена држава што по втор или трет пат праќа ист претставник? Унгарија и Русија годинава можда? (Иако Тамара прв пат оди како соло претставник). Карактер та карактер запнале, ко да нејзе според карактер ќе и даваат поени на евровизија бе. Значи, пакет од песна, глас и сценски настап е она што е важно за успех на евровизија. Некои си јавни фаци по инстаграм гледам многу хајп прават за песната, баш вчера прочитав стори од некој country менаџер на светски модни брендови као "ovo sve mozete slusati dok Tamara ne izbaci svoju stvar. Onda to necete prestati slusati. Vjerujte mi #droga". Се надевам стварно ќе е добра ко шо ја најавуваат.
Ама разликата помеѓу нас и другите држави е тоа што кај нас претставникот го бираат едни те исти пет души кои седат во фотелјите со години наназад, а не народот. И прво да ја чуеме песната, а после да ја пуштиме на Евровизија не е по ок? Вака сега се може да испадне....
Туѓиот двор не е битен. Не е само до карактерот. Не е во ред ни да бидат едни те исти. Фер е само ако е одлука на народот,а не на некои што лапаат народни пари.