Мрч мрч. Композициски е солидна бе, не зезај. Околу текстот..бар има некаква порака Енџи. На скала од ,,I will dance alone" и ,,You should be proud no matter what'' мислам дека второво е подобро. Има поента - жена си и како таква треба да бидеш слободна за одлуките кои ги носиш. Сепак прашање на субјективност е веројатно. За музички вкусови не се дискутира, ама не знам што се фати @LivingGlam за текстописецот? Тоа не е толку важно ако е песната солидна, зарем не?
Затоа што е лажов. Солидна можеби за тебе, мене ми се здодевни вакви песни. Балада треба да е мнооогу моќна за да биде добра. Оваа не е. Сака да биде, ама не. Песна ко од Макфест 1992. Вкусови. И кој ги шлапал со толку пудра за спотот, жити се’?
Ај ќерката, а па Тијана мораше ли и таа да биде. Непотизми и во музикава веќе . Песната е добра,но не е за на Евровизија. Џабе пари ќе даваме.
Искрено јас сум позитивно изненадена. Очекувајќи нешто мех, се најдов наежена на сред песна и три пати ја преслушав. Одлична е, топ кулминира до сам крај и добра порака носи. И таман дојдов да фрлам некоја пофалба за песната и спотот, оп налетав на ова и многу се разочарав. Може ли еднаш барем оригиналност да покажеме? Очигледно не, ко по навика мора да си поткраднеме по некоја идеја. Од останатите песни немам многу слушнато, но од она што имам, Белгија ми остави најголем впечаток.
Ова беше мојот 'прв поглед' кон идејата за обединета Европа. Уште дете бев. Песни со пораки... со силни пораки, ми значат. Па колку и да се лито кажани пораките.
Не очекував балада, но песнава за на Евровизија мислам дека е сосема добра. Реално, добро поминуваат балади кои пренесуваат порака. На Кончита ви текнува? Rise like a phoenix ми беше баш досадна за разлика од оваа на Тамара, а сепак победи. Коментарите видете ги, на цел свет му се допаѓа, а ние баш прво маани бараме, ко за инает. Сепак, интерпретацијата е многу поважна, како ќе се покаже на сцена. Многу добри песни биле утнати на тој начин.
Според тоа со какви песни сме конкурирале оваа е солидна. Можеби не е ,,силна" балада но барем има порака. Се надевам ќе има убав настап.
Еве, на преслушана песна да се вратам. Добра е, солидна, ми се допаѓа. Не е толку лоша ко што мислев дека ќе излезе. Само некако ужасно познат ми е ритамот Или ми се чини И кој ги шминкаше, побогу со тортите на фаца... Коментарите на нет се "само со настапот да не утнат, како што секогаш прават". Ај ќе видиме
многу легнува некако Може ритамот е таков. Ама озбилно, многу, многу позната ми звучи. Премногу. Ако не е плагијат, тоа е добра работа
Е сега имаме сериозно добра песна мене ми е топ 10, само да не ја упропастат сцената и имаме влез во финале.
Секоја година има баладки на евровизија, просечни, потпросечни, ретко успеваат Во тој смисол и ја мислам дека поп/техно итн има поголеми шанси да успее.
Прекрасна песна и за дивно чудо, премногу добро и "лежи" на Тамара..прекрасно испеана каде што ги покажа сите свои гласовни способности...Ме погоди во срце и ме наежи музиката....Епа ако сега не се пласираме во првите 10 места, тогаш нека идат у курац сите