Искрено немав видено други, не дека спотот не е убав, од прва ме бендиса, ама скроз ист ми се виде од видеото што го шернав, барем малце да го модифицирале ко веќе ја земале идејата. Да не ја тупам за спотот, се надевам со настапот во живо нема да укакат овојпат. Од песната како што кажав сум и те како задоволна.
Базирано од еурофанови по фб, ут и апликации сме некаде од 17то до 20то место од сите досегашни песни, шо е лошо највеќе оти има мноогу добри песни во второ полуфинале. Арно ама за среќа тоа не секогаш е точно, ако го земеме жирито во обзир
Јас пред да излезе спотот знаев дека ќе е нешо вакво, за да биде поемоционално ќе е close up, само мислев ќе е на повеќебојна позадина не сива. Не знам, може ја земале од таму идејата ама реално не е некоја оригинална идеја што не може да му текне на никој, минималистички спот е онака, шо не значи дека е лошо За настапот, сосема си во право. Spoiler: слични спотови
Хахахаха за жал ништо од тоа, никакви финансиски придонеси неам. Последниве 2 години ја следам многу, порано не сум ја следел до толку. Онака, забавно ми е
Мене ми се допаѓа песнава За разлика од тоа какви сме праќале на пример "100% те љубам", оваја песна е напреден левел. Само и ја за шминката морам да искоментирам што се сите како шлапнати со пивка паштета?
Немаат ставано post processing филтери за измазнување затоа, од блиску е и се познаваат пори, на сите е така во реален живот Пак ќе кажам, мислам дека Зоран Шурбески ја има шминкано, така да тешко он да напраи утка
Одлична балада. Колку и да ја хејтам Тамара ова е наша најдобра песна дефинитивно.Браво за Лазар Цветковски! Златно дете.
Елена Ристеска е тоа со размачканиот кармин? Шминката е претешка за снимки од блиску, нека е тој каков сака шминкер...
Веќе видено, веќе чуено е песнава. Не е дека е лоша, сме праќале и бетер песни, океј е, и Тамара е солиден вокал. Високо место не очекувајте, да не се лажеме далеку сме од спектакуларни за Европа. Може со ова нортов сеа ќе влеземе у финале да ни направат атер ама толку од нас за тие пари. Инаку се сложувам дека песнава потсетува на онаа од погоре, мене исто ми е слична и со Queen на Jessie J. Барем можеле да се потрудат ваков спот да направат кога веќе се насочиле кон минимализам. Spoiler А инаку од наша продукција многу повеќе ми се допаѓа Исти на Нокаут и Тони Зен. Многу по моќен текст ми има и подобро е изведен спотов. АМА вакви песни со пораки кампањи и слично не се баш за евровизија, што знам...
Песната ја слуснав добра е носи некава порака. Треба Тамара да ја испее емотивно за да допре, на рефрените повеќе да има глас и динамика, не да биде на дерење, и потивко на строфите, друг битен фактор добра добар сценски настап, ефекти на сцена за додатен ефект на песната. Се комплетно.
Мене ме изненади, ми се допаѓа. Можеби дека бев убедена оти ќе биде некое тешко клише (да не кажам тешка глупост), кога прочитав дека Коста Петров е напикан во екипчето што го калело текстот, па немав ни некакви очекувања реално, зашто ич не сум фан на ликот и делото негово. Нема врска, за тоа друг пат. Не е лоша, добар ритам и мелодија, одличен вокал, симпатичен спот и тоа е тоа. Баш ме интересира како ќе котира во мај, ќе видиме. Немам никакви претпоставки зашто навистина поим немам ниту какви се другите кандидати, ни ништо, не сум во тек.
@Mishela после 4-5 слушања сфатив дека е клише текстот, ама го игнорираш и не го ни приметуваш затоа што Тамара супер глас вади, и мелодијата е лесна. Текстот мене ми е... Онака, некомплетен, недовршен, и е клише. Среќа, се губи во целокупниот впечаток, па го подобрува некако. Прочитај го само текстот, и ќе сфатиш што зборам.
Да, да, приметив и затоа и не го спомнав текстот, туку само мелодијата и вокалот. Текстот е баш ставен во позадина покрај вокалот. Колку и да е иритантна или нападна Тамара како појава, има феноменален глас. Во живо претпоставувам дека ќе звучи супер. Стварно не е лошо, веќе не ни знам што сум очекувала штом вака позитивно ме изненади крајниот резултат.
Освен шо е репетитивен, од се ти најде текстот да кажуваш дека е клише. Ооооооооооооф. Жено, empowering текст е, шо сакаш да стават, шајки, перални и квантна физика? Повеќето странци кажуваат колку е empowering, убав и уше шо не и НАЈВАЖНО ја пренесува пораката и сите ја сфаќаат, и ќе се најде некој да лупне нешто вакво, ко и увек