И мене ми се допадна неочекувано. А и коментарите се одлични на спотот. И спотот не ми е лош искрено, прво тука читав и очекував полоши да се во шминката и општо цел спот.
@staycalm У реду е, не мора да реплицираш на секое мислење. Разбери дека секој има различен вкус и мислење за нештото, не мора за се да се контраш. Со тоа дека кампањи не се за на евровизија мислев баш на тоа дека премногу ги има последниве години. После Кончита и мега пропагандата нејзина, сите се стремат да излезат со некаква порака, хаштази, чуда... Сепак стојам на ставот дека џабе фрламе пари за оваа глупост и никогаш нема да победиме.
Као.. Нели е форум ова и постои копче одговори со причина? Мега пропаганда, пораки.. Ок, тралалајки ќе снимаат од сеа чим тебе не ти се свиѓа коа песна има значење. Плус, 2019 е, одјебете као со затуцаните мислења и се што не ви се допаѓа оти е различно да ви е пропаганда. За победување, нема да победиме секако.
И нормално никаде без Хана и Тијана. Песнава океј е, ама сè едно те исто пее после минута од песната.
Ај нема да коментирам ниту за песната, ниту за Тамара, но едно не ми е јасно... Оди да го претставува семејство и пријателите?? Самошо го гледав спотот и стварно нема смисла...
Оди со државни (народни) пари да ја претставува државава, а до пред некој месец го навредуваше јавно народот. Земаше пари со пеење за промена на име (се виде на референдумот колку народов сака промена). Видете кој се е само во спотот и ќе ви стане јасно. Евровизијата нема да ја гледам воопшто. Нит па од сега натака ќе ме интересира нешто за Евровизија/Политиковизија.
Многу е добра песната се надевам дека ќе помине во финале, и ќе има добар пласман. Инаку многу ме потсеќа на песната Rise like a Phoenix на победничката Кончита, тоа малку ми крши филм ама тоа е, тешко е да се биде оригинален
Тоа: “Girl“ сто пати ме нервира толку не оригинално. Инаку Тамара има многу добар глас ако пее така и во живо можеби и ќе влеземе во финале оваа година.
Добро бе зошто мора да се плука секогаш, ама секогаш по сè што е наше? Еве јас денес ја пуштив да ја слушнам песната и навистина е моќна, испраќа убава порака. Други песни со кои сме оделе на евровизија не ми се допаѓале толку колку оваа. И да додека нас сè нешто не ни чини и наоѓаме маани (типична македонска работа), има многу позитивни коментари од странство на кои им се допаднала нашата песна. Очекувам влез во финале. Редно е после толку години.
Скоро сите наши песни што сме ги праќале имаа позитивни странски коментари па не ни влегоа во финале така да тоа не е мерило за ништо Друго, песната се вика прауд. Прауд е да бидеш жена ама требало пораката да биде со жени што не се со кило пудра и шминка на лицето, требало да биде малце по со осет со понежна шминка. А тука гледам само маски и нејзина фамилија и пријатели во спотот. На што прауд? Па дури во еден спот за да биде една жена треба да се знаеш со пејачката и да имаш јаки врски? Спотов уште кога почна прво со неа, второ ја дават Хана, трета е Тијана и четврта е Ката другарка и... Уште одма ми се слоши, мизерија сме непотизам па дури и на еден спот. Прауд на Хана ли е? Што постигнала Хана уште не знае да збори? Требало поинаков концепт на успешни жени во сите полиња да има во спотот од домаќимќнкинки, учителки, докторки до жени војници ама тоа е...
Имаа сите позитивни коментари,да,се до првиот настап во живо каде потфрлија максимално и Јана и дуото од лани. Мене ми се допаѓа што нема филтери во спотот и што секоја линија и несовршеност на кожата се гледа. Тијана е вишок во спотот. Мислам дека годинава ќе влезе во финале. Песната има емоција и е моќна. Само да не биде и Тијана на сцена.
А има и вакви реакции. На крајот се е до личен вкус. Јас не ја сакам Тамара многу, ама исто реагирав на прво слушање.
Ало бе, Хана е тоа. Како што постигнала? Ете на спот ја тутна. Инаку да, во право си. Имаме жени во армијата, имаме единствена жена пожарникар во Македонија, имаме жени кои возат такси/автобус кои требаа да се најдат на спотот. Само требаа да ги исконтактираат, ама не Ханичка и другарице на спот. Нешто ми кажува дека и Хана ќе ја довлечка на сцена.