Koга детето од Адам и од Бехати се појавува во Girls like you е најслатко нешто ever, а кај нас е непотизам, глупости и слично. Ај малце објективност, плеасе. И Адам ги викна другарките во спотот, па пак ја слушате таа песна Убава е песната, не е нешто на газ да паднеш, ама воопшто не е лоша. Како што сме се брукале со Лисја есенски, Мартин Вучиќ и останати компири од костумчиња на сцена, ова е сосема солидно. Плус Тамара има одличен вокал, нема да фалшира гарант. За шминката и јас се согласувам, јас би одела без грам шминка на ваков спот со ваква порака. Солидна е песната, комотно може да се влезе во финале, во споредба со други никакви што секако ќе се протнат, подобри сме.
И Џенифер Лопез ја стави својата ќерка во спот, за метафорично да се прикаже приказната од каде почнала, низ се што поминала за да стигне до тука Не гледам нешто кој знае што лошо во тоа, барем јас лично Сите своите деца би ги ставиле
Во спотот има луѓе, кои јас ги познавам.... мислам.. не од телевизија де... И сигурно, илијадници луѓе во МК, се знаат со жените од спотот на некој начин. Уелкам ту Уинтрфел... Сите-со сите сме роднини и пријатели. Не реметете со глупа'ви муабе'ти!
Песната ме изненади, не дека е совршено добра ама легнува. Спотот исто. За ќерка и претеравте и тоа жени кои постојано пишуваат за своите деца, нормално. Како тоа сега ви смета и ја ругате стално Тамара што става сториња од ќерка и ја ставила во спотот? И јас го ставам претежно син ми во сториња. Тамара не ми е омилена, ама песнава и спотот се добри. Исто и со ќерката во спотот. Вишок е Тијана само.
Ама не за сторињата. Претерува со тоа што го влечка девојчето по емисии и секаде. Ама ете 21ви век, изгледа треба да се помириме и со тоа. Остави го детето нека си има детство, има време кога да стане популарна и да се занимава со шоубиз ако сака. И јас го помислив ова
Tell them е нештo кaкo Tell him oд Селин Диoн и Бaрбaрa Стрејсенд. Впрoчем целa песнa пoтсеќa нa стaрите бaлaди oд Витни и Мaрaјa Кери, хелoу, кaсниме "мaлку".
Ок.. јас не следам вести од шоу-бизнисот... Ваљда вие поќе знајте. Да не прочитав на темава дека ќерка и' е на спотот, појма ќе немав.. Аман мори па ти.. Ние со се' касниме, па за една музика...
Вајлд сеа да беше обратно, ќе ми речеше: е како не следиш вести од шоу бизнисот а коментираш за Тамара? ... ама ајде мила си ми
Абе не мора да им ги следам приватните животи, за да знам дали ми е уба песна или филм или уатевр Нели?
Ја стварно не знам што ми стана, ама песнава почна многу да ми се свиѓа. Најверојатно бев разочаран оти имав многу повисоки очекувања првично. А можеби е од оние песни шо мораш да ги слушаш повеќе пати и со секое слушање подобра да е, не знам, само знам дека ми е на repeat сеа. За Хана... Песната е посветена за ќерка и, и се обраќа на ќерка и, нормално е дека ќе ја стави во спотот. Безброј светски ѕвезди го прават истото, особено во песни со вакви пораки, не знам зошто галамите толку. Најважно е што има диверзитет на жени, не се сите „ист калап“ манекенки или модели или не знам што. Последно дознав дека и транс жена имало (не забележав сам а 5 пати го глеав спотот). Јасно дека можела и некоја „обична“ жена да стави што нема некоја успешна кариера ама во секој случај никој (бар од странците) не ни знае која жена што е во спотот, така да тоа не менува многу на значење за нив, а нели гласачи се тие, а не ние. Изненаден сум што скоро сите коментари од странците се позитивни, ама покрај сите пофалби и позитивни коментари сепак нема да сме македонци ако не наиде некој ваков: Искрено, не ја сфаќам побудата за да напишеш вакво нешто. Калиопи кога беше, иако ми беше преодвратна и уште ми е, ја поддржував и пак да оди пак ќе ја поддржувам пошо сепак нашата земја ја претставува и ептен мило ќе ми е ако успее, ваљда нема да се пењавам по коментари против неа.
Зошто дозволиле вакви во спот да ги стават? Сите во спотот изгледаат бар 10 години постари, со уништени кожи и исфрлано лице! Шминката е катастрофална, ич не ме итересира дали Шурбе шминкал или не знам кој. Утка е!
Среќен 8ми март е песнава. )))) Тијана коа ја видов ми се стемни ) немам проблеми со ќерката. Допрва ќе ја гледаме и неа)) Спотот ми се свиѓа, не ми се свиѓа што е прилично напудрена.Песната е ок. Не ми вау. Шо ќе направиме...ваљда ништо. Увек имаме проблем со озвучувањето на сцена. Се надевам некоја асална гардероба и кореографија ќе има. Бар убаво ќе си поминат сите...фамилијата. мајка,ќерка, тетка... ) И нас нек не земат.
Шо ја тупите бе со глупости? Каков фамилијарен одмор? Сите изминати години ве немаше за делегацијата шо ја праќавме од 20 луѓе, сеа ви смета се'. Иначе, наводно намалена ќе е делегацијата годинава според изјави на шефот на истата за да се заштеди на пари кои ќе се пренаменат во сценскиот настап.