Тијана ми се допаѓа во спотов. Ми се допаѓа и моментот со девојчињата. Девојката со хиџаб, девојката со знаковниот јазик, девојката што ја пее Битола, Ана на нејзината прва сцена ме пресече. Ниту шминката не ми пречи, додека обработката би била поокеј и не би им се познавале сите детали на кожата. Замислата е супер, иако е веќе видена. Едноставно мислам дека спотот би можел да допринесе уште поголема емоција на самата песна. Последниот дел кога треба да е најмоќен, мене ми е мене ми е ептен слаб со Ивона и останатите. Не велам дека они се виновни, туку тој што стои зад тоа. Целокупен впечаток ми е - добар обид.
Мора да се направи место за тројца композитори и два текстописци, а како што се цените на картите годинава изгор и Тијана, Мачка па може и Боки 13 ќе бидат во делегација.
Го загледав сега видеово на една од јутјуберките која е во спотот на Тамара, вика "јас сум дел од спотот на Тамара, т.е. од проектот кој ќе го праќаме годинава на Евровизија". Да излезе на крај намалена делегација, само сите од спотот дел од сцена да и бидат
Рајт може и ти некому му си досаден, па не те коментира постојано. Де старци ти сметаат, де новопечени мајки. Има некој што не ти смета?!
Па не знам дали ви текнува ама во емисија кај Жаре кога беше гостинка, другарка и Катарина на видео и соопшти дека она, Боте и Бела (кои бај д веј се во спотов) ќе патувале со неа во Тел Авив за да ја поддржат. Мене ми смрди дека ќе летаат со државни парички, ова беше као оправдување за да не испадне многу голема делегацијата... кој ќе оправда толку карти, како што спомна некој погоре треба фамилијарно да се иде, мајка, татко, ќерка, тетка...
Епа за ова, треба да си водат есап надлежните. Или ако одат на државна сметка, нека не земат и нас. Ми текна еден виц: Оди македонска делегација во Кина. И Кинезиве.. домаќини, го прашуваат нашиот претставник: А каква е вашата земја? Кажете ни нешто за нејзе? Колку жители имате? Нашиов му одговара: 2 милиони сме. Кинезов: оооооо... па шо не дојдовте сите???
Дојдов само да пишам, дека денес прв пат ја чув песната, и мене ми се допадна. Буди добри емоции, сега како ќе се покаже таму е друга работа. Каква е Тамара тоа па и воопшто не ме интересира, но песната е супер, а и видеото беше сосема ок.
Кога веќе спомнуваш за емисијата, баш во таа емисија спомна дека они веќе си набавиле авионски карти шо значи не, не е од тие пари. Ти смрди тебе многу И као, кај е логиката на изјавата намалена е делегацијата за да се пренаменат парите на настап, а според твојата логика испаѓа уште поголема делегација ќе оди од претходно.
Тамара отсекогаш ми била антипатична ко личност, настрана одличниот вокал. Но, морам да признаам песнава е одлична. Кога прв пат ја слушнав се наежив а очите ми се наполнија со солзи. Преемотивна ми е.И денот кога ја објавија е баш погоден. Замислата на спотот ми се допаѓа, па и за Хана ќе речам оправдано е присуството. За некои други личности (ќерката на Коста Петров итн.) не би да коментирам. Се надевам и настапот ќе биде едноставен, и вокалните способности на Тамара ќе се искористат за добар пласман. Нешто како Шерифовиќ, моќна песна, одличен вокал и едноставен настап.
Тамарче и ние ќе бевме прауд на тебе ако се откажеше и парите ќе беа пренаменети за да се спаси живот на 3-4деца, па и повеќе бидејќи во последно време гледам потребни мали суми до 30.000еур макс, а не да ги лечиме со смс пораки. Ама ти одбра да ги игнорираш безбројните апели и одлучи дека ти е побитно да се прошеташ и промовираш.
Де бе не ќењајте. Откако ќе потврди држава учество, и да сака да се откаже пак ќе си плати ко да учествувала. Украина е прост пример за тоа, откажаа учество ама ќе си платат целосно исто ко да учествувале!
Мораше и ќерка и во спотот. Па и сестра и. не ме нервираа, ама сега претераа. Не ни отворив да го видам спотот кога ја видов најавата кој е во него. Ако Тијана ми е репер за "успешна"
Песната е досадна, различна од претходните што ги праќавме, ама многу досадна. Тамара веке претера со сестра и и керката, уште мажот, мајката, тетките фалат, до трето колено што да не. Ај бар ке си истераат фамилијарен одмор, ништо чудно мтв и другарките и да ги почести од државни пари секако. Идиотизам. Толку ли сме глупи како народ, што ни е?
Абе, кој сакате да ги клат во спотот? Нас? Нормално дека ќе клат луѓе шо се знат меѓу себе. Сенкир ова ЊуЈорк е, па има избор со аудиција
Песнава не ми е ништо посебно. Мелодија, текст, спот, ништо оригинално и ништо што веќе не е видено. Ама на страна тоа, делува и како ништо и да не е доработено. Тамара има јак вокал, кој во песнава воопшто не доаѓа до израз, можеби во живо ќе звучи поинаку. Се пее тоа па тоа, озбилно досадно и завлечено станува при крај, и за да навистина се испрати некаква порака во спотот фалат девојки од различна професија, раса и трансџендер. Спотот ми делува како цело време да се мачат да доловат некоја емотивност, ама слабо оди.. За шминката и за тоа колку Тамара напиња со ќерка и кај ќе стигне веќе сте кажале и не би да се повторувам. Не ми смета девојчето, напротив, напорна е што секаде сака да го наметне, па станува одбивно. (наметнувањето, не девојчето) Евровизија не ми е место за испраќање пораки, туку место за забава каде секоја земја би требало да си ја престави својата музичка култура на својот мајчин јазик. Ама тоа си е мое мислење. И да, не очекувам финале.
Па нека не клаат, што ни фали? Јас, ти @DAngel @Doozy @Ketchup @theowndemon @Florenсе @Someonespecial @Dust можам да се кладам дека иако немаме допирна точка со музика, имаме покреативни и по професионални вештини од цела нивна ебана продукција. Подобри кореографски и сценски елементи би имало сигурно од она што го праќаа досегашниве неколку години.