И мене не ми смета детето. Нека го има.Ама Тијана страшно ми штрчи во спотот. Нема ваљда и на сцена да се појави,
Немој ти мене "не кењај"! Внимавај на тоа речникот! И ти кењаше за песнава уште неизлезена имаше 100мислења за тоа колку уште неизлезена, ама си сеќавал дека ќе била добра бла бла, па никој тебе не ти пиша да не кењаш оти беше досаден!! Не сме сите воодушевени од Тамара како тебе, смири се и прифати го и нашето мислење.
Непотизам нешто? Од свои пари кога ќе си прави спот нека си ги става децата и цела рода. Сељачка работа.
99% од евровизиските фанови не се согласуваат со тебе. Повеќето девојки се од различна професија, различно тело. Има и трансродова личност. Само црнка фали Преемотивен е спотот за мене а и сите реакции до сега шо ги гледав на youtube го кажаа истото. Евровизија е место на кое сите испраќаат порака и секогаш се цени повеќе нешто што испраќа порака. Лани, Нета со Toy, полани дечкото од португалија, 2016 украина со порака. Пораката и дава тежина на песната.
Зошто морало најзини блиски да се во спотот? Зошто не друго детенце, други млади личности не нејзините најблиски? И да, страшно ме нервира кога упорно секаде ја пика ќерка и. Не е само она мајка, сите се горди на своите деца, ама осет бе луѓе!
Од секогаш Тамара и Тијана си се форсирале,и подржувале меѓу себе,искрено очекував на спотот да и има сите,цела фамилија.Песната ми се допаѓа,иако јас сум против идење на Евровизија,едноставно не ја гледам поентата на идењето,многу по паметно ке беше да се донираат парите,ама во оваа утепана држава,се гледа само да се краде и да се осиромашува овој народ напатен,и измачен.
Со свои пари ко ќе прават, они ќе бираат. Не иде! Ко ќе снимаат со свои пари, ако сакаат цела фамилија и комшилук нек го приберат. Досадни се и двете!
Песната може да си ја посвети за кого сака, но треба да има предвид дека си ја преставува својата Држава, со Државни пари. Колку е само идиотско што воопшто веќе не се ни гласа кој да не преставува. Ние народот сме овци, што разбираме. Си се договорат кој да ја преставува, која песна... Што и дали му се допаѓа тоа на овој народ, кој всушност и се тоа го плаќа не е важно.
Немој молим те ќе не стават на клада Повеќето девојки биле од различна професија, не слушаш... Оти само јавна фаца и дете на јавна фаца е професија изгледа. Пејачки и јутјуберки се 2/3 од поставата. Не, Тамара е најмалку крива. Веројатно било "соберете кој знаете и ќе правиме спот". Посветена на ќерка ѝ и во сопственост на ќерка ѝ се две различни работи, патем. Не, не ми смета ќерката на Тамара, не ми смета ни песната, ми смета што за да одбраните сопствени "прогресивни" идеали сте спремни да вреѓате до бескрај. Погрешен човек избрале за промоција на песната на форуми, недораснато лигле што уште цица од мајка му ќе не учи за емпауермент и фемизам. Ми се згади...
Евровизија е избор на песна а не пејач пред се, да се врати фестивалот скопски и народот да одбере песна!!!! Кој одлучува за тоа кој да оди??? Или колку си близок со власта од тоа зависи. Поголемиот број граѓани не ги интересира овој настан и треба да престанеме да одиме, ние сме сиромашна земја за ваков луксуз, се е тоа од наши пари со наши пари ќе одат и ќе се шетаат таму!!! Песната не е ништо посебно спотот катастрофа, собрани другарките нејзини и нели сестра и без нејзе не бива ништо, ако веќе го сакаа тој концепт можеше да има кастинг па да се одберат рандом ликови. А ако има она ваква порака и идеја од свои пари нека си финансира а не вака како кампања некоја!!!
Битно е странците што ќе кажат во коментари под видеото, прво нивни коментари се читаат па после се оформува мислење.
Има и трансџендер ако не се лажам Јованти, види на 1:05 после жената со хиџабот. Им фали само уште од различна раса, ама пак и тоа со сите можни категории на едно место многумина ги иритира, никако не е погодено во тој аспект... @staycalm чоек и мене ме нервираат некои од мрчаторите, посебно куин Бриџа (класика ), али ти стварно треба да stay calm малце. Премногу објаснуваш на сите, па и напаѓаш за ситници кои спаѓаат во вкус и мислење што не мора да е антифеминизам. Chill, може и да прескокнеш и заобиколиш понекогаш.
Сакаш да кажеш дека не сме доволно способни? Абе еднаш да пофалеше некого мајку му, да се нашалеше за нешто. Увек мрчиш. Еден убав збор, позитивна мисла, љубов. Не, а?
ЗаШо на мачка мајка му ја нема во спотот? Изгледа не се миришат со свекрвица . Тијана по кој пат ќе се шета со мои пари на Евровизија ?! Чинам по петти пат. Што е многу многу е . Аздисаа веќе. Сигурно и сами знаеле дека ова ќе има негативни критики и нема со воодушевување да биде прифатено од народот ,ама што ги е гајле сестрите ,нај-нај . Работава е најјачи сме ,пукнете . Ми се повраќа и од двете