За жал и во ваквите музички натпреварувања не можеме да уживаме без да видиме како политиката меша прсти. Не е тоа што беше. Мислам дека не треба воопшто да учествуваме. Наместо да трошиме пари на вакви глупости можеби може многу поразумно да се искористат. Нејсе, кој и да го изберат да не претстатува, нашиот народ ќе плука. Никако не може да ни се погоди.
Харизмата предуслов за успех на Евровизија? Да не сте останале во таа Евровизија од 60тите? Многу харизма имаше онаа што кокодакаше лани, или Финците пред десетина години што ме фаќаше страв кога ги гледав. Се знае кој победува на Евровизија, кој ќе направи поголема будала од себе, чиј настап ќе има најмногу фама, дали е тоа маж со брада облечен како жена, потресни причи или исполитизирани настапи... само да не се лажеме со некаков си талент.
Подобро Тамара да нè претставува него Ај Кју или некои дечишта од моја генерација таму. Тамара веќе била има искуство знае како е, лани за Ај Кју зборевте не чинеле сега Тамара не чинела.Па кој чини?
Никој. Воопшто не треба да учествуваме на вакви претстави. Не знам зошто Тамара, која како што ја кажувате озбилна и со искуство се замара со вакви работи. Нема врска тоа, политиката е главен фактор. Евровизија одамна не е тоа што беше.
Наворучение: Само ако ги пратиме следниве: Дуо трио, Солзи и смеа, Вчерашни новости, Боки 13, Сергеј, Фифи, Или Драги Шпага, имаме шанси за првите 5места
Избрана на некој глуп избор што бираат кој сакаат, па и уште цело време истите. Уствари немаме ние ни кој да пратиме, џабе одиме само, се брукаме само пред светот.
Кој сака да се клади за пратечи вокал кој ќе биде?????? Мора и другата сестра да се изгребе нема смисла... Пак ќе повторам: СРАМОТА!!! Која јака врска ја имаат двеве алапачи не ми е јасно...
А што мислиш ти кој ќе биде пратечи вокал, па нормално сестра и Кога беше Тијана мислам дека и Тамара ја м'кнеше.
Тијана секако пратечки вокал. И така двете антипатични сестрички ќе се уфилмаат до крај. Пошо кога се заедно на сцена како кујнае што да се десило. Тамара 0 харизма,али ајде ќе си праќаме по неколку пати исти и така жалосна ни е музичкава сцена.
Цела фамилија нека одат, со деца, со се. Мене ми е сеедно кој ќе оди, секако нема да постигне ништо, само ми е криво што огромни пари се трошат секоја година, а мизерни сме на секое друго поле во државава.
Премногу сме полни омраза. Евровизијата како политичко сценарио се согласувам дека не заслужува да биде удостоено со наши кандидати, но се прашувам зошто има олку негативни зборови и критики за Тамара и Тијана? Жени кои имаат солидни вокали, искуство и чии песни до пред десет години, (пред да почнете да мразите се живо) повеќето од вас ги пеевте?! Кога веќе се решиле секоја година да праќаат учесници, според вас, кој заслужува да оди, Eye Cue, Паркети, Пеперминт? Знаете и сами дека последниве десет години Македонија речиси и да нема нова музичка група достојна и светски квалитетна. Јас пример сум за Ареа да оди. И онака успеаа да се состават после толку години, но други одлучуваат во наше име.. Чуден народ сме ние Македонците. Во состојба сме да правиме темане на сите други народи, само не на својот. Ситуацијата која ни се случува сега, претставува одраз на нашата суштина - простодушна малограѓанштина.
Зошто не ја пратат Александра Јанева? Девојката победина Макфест не знам која година. Баш убав глас и нов лик. Аман од сељанката Тамара... Нема ниту понашање ниту изгледа ко за на Евровизија. Наместа Тамара сите ќе нтреба да се издрогираме пред да појде таму... Срамота е ова веќе. И така сите знаеме дека идат на шетање барем друг некој да пратат.
^ Се соглаасувам потполно, кој и да беше избран ќе имаше хејт не разбирам зашто мора увек се што е наше да се хејта, Тамара е навистина солиден вокал, единствено што треба да се хејта е самата иницијатива да идеме на евровизија а не знам зашто увек се хејтаат изведувачите и Калиопи памтам ја хејтаа а жената е изванреден вокал.
Кога веќе знаеме дека нема ништо да направиме да пратиме некој друг. Аман од форсирање на едни те исти. Еве и го "професионалниот" настап минатиот пат:
Јас не знам зошто уште упорно одат на таа Евровизија кога нема шанси никогаш да победиме. Еве почнавме ни во финале да не влегуваме, досега требаа да се откажат.
Тамара пред 5 години кога сестра и Тијана не влезе во финале. Тамара по 5 години ја претставува Македонија на Евровизија.
Па не знам зошто не пријавуваат.И онака ниеднаш не сме направиле нешто.Само лажна надеж и силење ништо друго.