Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Дискусија во 'Музика' започната од didisi, 25 јануари 2019.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.894
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа што мрчи кога непотребно се форсираат сите категории, ама кога сакаш да пратиш порака за моќта на жените и нивната борба, да ја окуражиш што ќе рече, тогаш различностите од секаков вид се must.
    Е сеа, трансџендер не приметувам во спотот иако ми е изгледан неколку пати, моја грешка тука се извинувам.

    Е сега, лично мене макар и со истиот текст, далеку помоќно би ми било видео, покрај овие категории, жената да е претставена во повеќе светла, јасно ми е дека реално не може се во 3 мин да се опфати. Ама жена дома со семејство, жена во канцеларија, цвекарка, жена во униформа..жена што спие под мост.. наместо да е вака се напудрено, бледо, размавтано во времето и просторот, и никој освен нас не знае што тие жени работат.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    вака ли мори ти се бориш и правиш да влеземе у НАТО? Поддржувајќи врскаџиство, непотизам? :D и на крај у политичкине теми ќе им мрчиш на луѓето....ќе влеземе у нато коа ќе заслужиме, што ти направи да влеземе у нато, се откажа ли од врски, корупција :D реши се за шо се залагаш :P

    Таа со хиџабот, мислам една е ..е Мерсиха Смајловиќ ил така некако. Порано беше во Легис здружението,се занимаваше со бегалците. Правник мислам е. Само ко инфо.
     
    На Harper, WildMk и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Посветена на дете од 2, 3 години, колку и да има? О мој боже, уште некоја глупост да чујам...
     
  4. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    @Yowannty на 1:04 e трансџендер и активист во здруженија за правата на сексуалните работнички.
    Ете тоа е добар пример за личност што се бори за права и еднаквост, ама толку лошо е изведено се што не се ни приметува дека е транс. По мое, да беа сите без грам шминка, а само она нашминкана ќе се знаеше барем која е поентата...
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, sanja.burgundy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    25.144
    Пол:
    Машки
    Стварно не се приметува. Ја прв ќе бев шо ќе ја пофалев за транс личноста, ама додека не читнав на фб осуда дека има транс личност не ни видов дека има :) Плус ми се чини нејзе најмалце ја има во спотот. 2 секунди.
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.894
    Пол:
    Женски
    Да, конечно приметив откако специ ми пиша погоре. :o Да не прочитав овде, ама воопшто немаше да приметам.

    Како и да е, Тамара има чист, моќен вокал, останува да се истакне на сцена. А за настап во живо до сега сме биле тапа, може таму ќе изненадиме за промена, во што искрено се сомневам.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Колку хумани луѓе има оваа Македонија, не ми е јасно како се полни болниците со луѓе кои чекаат на листа, ради финансиски неможности.
    Ептен големи хуманисти испаѓате ако на интернет пренаменувате кои пари од кој проект, во кое хуманитарно да се пренасочат, што да ви кажам..|(
    Вие таквите, место што трошите време и куцате тука, земете телефонот во рацете и пишете бар една СМС порака, ако не сте во можност за повеќе - и донирајте.
    Така ќе блесне хуманото од вас, не со пишување по форуми и фб статии.
     
    Последна измена: 9 март 2019
    На CameliaMiller, Nigredo Odor, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Јас додека донирам и одвојувам од мојот скромен буџет 100,200,300ден и крпиме ден за ден бидејќи над 15.000еур имаме дадено за ин витра - некој со мои, твои 150.000еур пари ќе си шета и забавува со фамилијата.
    И не сум само јас има такви еден куп фамилии.

    И додека се дрзнуваш да коментираш за ние да донираме и ни се мешаш во нашиот буџет, се дрзнуваш и не исмејуваш дека даваме предлог каде да се распределат наши пари?
    Не е убаво...
    И следен пат тагни, не е убаво вака исто е како да му зборуваш на некој зад грб.
    Фмп.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.211
    Допаѓања:
    125.470
    Пол:
    Женски
    Песната е добра,видеото одговара на пораката,само сите ѝ се познати.Подобро ќе беше да имаше непознати жени во видеото.
    Пеењето на Тамара е солидно,но сепак останувам на ставот дека треба да се откажеме од Евровизија и дека парите можат многу попаметно да се потрошат.
     
    На antonelala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...Евровизија веќе е ЛГБТ манифестација, победуваат тие што се членови или тие што ги подржуваат, Евровизја не е место на музичката уметност!
    ...Тамара за да влезе во конкуренција треба да направи некоја егзебиција со ЛГБТ и сигурно тогаш ќе успее!

    [​IMG]

    инаку вака со цицките или потенцирање на облините ништо нема да направи на Евровизија 2019 год, таму не сакаат ниту песна ниту убавина а најмаку гласовни способности, таму сега се цени изместени работи !

    [​IMG]

    ...така да вака облечена со некој мушки костим и мушка фризура може да има некој успех ако пушти некој трач дека е заљубена на пример во некоја жена ненајдени скриени лезбејски апетити!

    [​IMG]

    ...или вака некој бакнеж да закачи на социјални мрежи ако сака успех некој во Евровизија 2019 год,...итн во таа насока за да ги добие симпатиите на ЛГБТ групацијата и тогаш може да се размислува дека ќе влезе во финале... !
    ...јеби га, жалосно ама вистинито!;(
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @bijonse Сликата и е од 2007 година, тоа е пред 12 светлосни години, а плус е на плажа. Стилот фала богу и се има променето и тоа кон подобро. Костимот и косата соберена во пунџа не се 'мушка' работа, туку безвременска класика. Третата слика не е ни од неа, туку само некоја твоја фантазија :D
    Ако ова е високо ниво на размислување, но тенк ју, ќе си седиме ние на дното :D
     
    На CameliaMiller, Harper, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    а бе вие не разбирате дека Евровизија веќе неколку години уназад ја контролира ЛГБТ организацијата? јас ставив фотка со цицки на Тамара каде е топ женска... но тоа не се цени сега демек згодна женска...ставив слика од Тамара во машки костим што би требало денес да примени ако сака да добие симпатии од ЛГБТ организацијата, па да ја стават во финалиот круг, а последната слика нормално дека е лезбејкса земена од НЕТ не е од Тамара која е во хетеробрачна заедница со бебче што значи нормална женска особа...мислам ејјј толку да не разбирате! за да има шанса Тамара во Евровизја 2019 год треба да биде или као лезбејка, као збунета за полот, као миленичка на ЛГБТ групацијата!
    ...не е важно ниту како изгледа ниту како пее, не знам зошто не ви е јасно? (facepalm)
     
    На galapce, Selest и Elenpelen им се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @bijonse Излези малку од кутијата, прошири видици, зошто такво размислување?
    Евровизијата е омилена меѓу ЛГБТ заедницата затоа што кога малку подобро ќе видиш така се пренесува порака дека убавината е во различноста, што е и впрочем мотото на Европската Унија "United in diversity". Како што културата и јазиците се различни, така е и сексуалната ориентација на поединецот различна од тој до него, па што има лошо во тоа? И така овие луѓе во реалноста се доста малтретирани и понижувани, а зошто? Затоа што мора некој да е хетеро, за да не биде осудуван? Нонсенс.
    А покрај тоа, Евровизијата е и дел од културата и уметноста, во чии основи баш тоа лежи, да се промовира толеранција, проширување на видиците, прифаќање и фактот дека постои разноликост :)

    Или ти постираш слики од 2007, затоа што уште живееш во тоа време? :)
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ја чув песната и искрено убава е, а и текстот:?:
    Ама само мене ли многу ми е слична по ритамот со Немаш ни благодарам од Тоше?:?:
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ич не ми е уба песната. А, пораката на спотот ми е супер, ама џабе спот, ако песната не ми е уба.
     
    На antonelala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...јас не размислувам, така е, јас само пренесувам... не знам што си дали женско или машко, но штом нема ништо лошо во ваква работа што до 1973 година се сметаше за ментална болест ти оправдувај јас осудувам! да не спомнувам како би ти било на свои деца вакви „различни видици“ да видиш мислам ејјј болна работа! ;(
    ...песната за Евровизија 2019 од Романија ја изгуби трката токму поради двајца хомосексуалци кои биле во комисија за гласање како странци од queers of Wiwibloggs, William Lee Adams и Deban Aderemi кои не дадоа глас на Лаура која требаше да победи само затоа што се бори за хетеросемејство и гласаше против хомосексуалците во секс референдумот во Романија!

    [​IMG]

    ...и ете од сега ќе ви кажам дека ќе победи преставникот транссексуалецот Bilal Hasani од Франција! :D

    [​IMG]
     
    Последна измена: 9 март 2019
    На galapce, Selest и Elenpelen им се допаѓа ова.
  17. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @bijonse Океј, згрешив, да се поправам, значи не било 2007 годината од која ни доаѓаш, туку 1973 :drunk:

    Во врска со моите деца, ќе се потрудам да им докажам дека заслужуваат слобода и да бидат среќни, како и секој друг на планетата.

    Воедно, сексуалната ориентација на личноста не означува ништо друго освен тоа што е. Не означува карактер, интелигенција, добрина и слично, па затоа да, е нешто сосема океј и нормално.
     
    На Purplelilac, Amellie13, staycalm и 6 други им се допаѓа ова.
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Ако имаше непознати манекенки ќе требаше да ги плаќаат, непотребно трошење. Вака цела фамилија за џабе ќе снима. Економичност на нивоУ:smirk:
     
    На Antebellum, princess5 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.096
    Пол:
    Женски
    А што го гледате ко е ЛГБТ шоу бе lepotitsi? Имате право и да го бојкотирате, слободно може да не пуштите телевизор, сонцето пак ќе огрее утре.

    Како да ви кажам, има луѓе кои постојат и се дел од таа ориентација, нема сигурно да се кријаат и да прекинат да си ги покажуваат талентите оти вие снегулки ќе се навредите.

    Гласајте си за ваш фаворит, ако е подобар од некој кој е геј, тогаш по правило треба да победи нели? Ама пустото интересно е, ве скокотка кога гледате две жени, а ваму фуром и конзервативност... Ве сфаќам до негде :D
     
    На CameliaMiller, m.i.g, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас дојдов да прашам зошто мислите дека е лошо што не се познавало дека е трансџендер девојката?
    Само доказ колку сме сите исти :) Баш напротив, зарем требало да ја изобличат за да ја познаете?
    А и оној предлогот со сите ненашминкани, а таа нашминкана поинтензивно, па не е драг квин.
    Кога кажавте која е, сфатив дека на Елена Ристеска ми заличела, она е со карминот што е размачкан :D
     
    На Purplelilac, Harper, Lolo5 и 7 други им се допаѓа ова.