Кај е Тамара таму е и Тијана и обратно, веќе досадни се тандем газ и гаќи Добра песна со убава порака многу по различна од многу тралалајки што се пееле до сега. Со среќа
Прашај ме... т.е. цитирај ме. Кој рече дека треба да ја направат драг квин и да ја изобличат? Само потенцирав дека требало да се потрудат секоја личност да ја претстават во светло како луѓето би препознале некои карактеристики. Како што на муслиманката и ставиле хиџаб за да ја издвојат и препознаат како таква, така и трансродовава требало да ја претстават на начин да биде препознаена, но да не се двои како пол од останатите. Таквите личности преку облеката и шминката го доживуваат комплетно женскиот свет. Всушност и самата таа изјави дека физичката појава и била најголема препрека и најтешко се прифатени како такви кога ќе се појават во јавност. Останатите немале потреба од јака шминка затоа што не се осудувани од општеството дека се шминкаат. Нејсе, многу замарање удривме околу спотов. Не дека ќе им значат критикиве или па ќе снимат нов ради нас. Кучињата лаат, караванот си врви е работава...
Не запамтив кој го пишал, не се трудев да се навраќам назад, а и не си единствената која спомна дека не се познавало дека е транстродово лице. Кој и онака си го носи секој ден, нели? Ако личи на женско, дали со повеќе шминка би ја познала дека е трансџендер?
Ајде,Тијана ѝ е сестра,сестринската поддршка е значајна. Ама,можеше други да најми наместо пријателките и познаничките. Нејсе... Песната има добра порака.
А кој тоа рече дека е лошо и дека треба да е изобличена? Трансџендер не е исто и е друга категорија, да беше исто ќе беше жена, а не транс. Доказ колку не е исто е и во тоа што дел приметиле и напраиле разлика, и веројатно сите ќе приметевме ако нејзината појава траеше подолго, иако има природен изглед и воопшто не е изобличена. Што е супер, и јас немам ништо против транс.
Мене муабетот највеќе ми беше што ја ставиле најкратко од сите а уствари девојката е активист и најверојатно највеќе се залага за жените, додека некои се повторуваат, едноставно 2 секунди се кои брзо минат без воопшто да ја забележиш, ко да се плашеле од критики ако познае некој која е (Ова е претпоставка само и не мора да значи дека е точно). Во секој случај за пофалба е тоа што вклучиле и трансродово лице.
Приметиле затоа што ја познале, не е личност што прв пат се појавува на телевизија. Не реков дека е лошо, реков дека е без веза на сила да ја правиме "препознатлива", кое едноставно, така изгледа. Да, има малку машки црти, ама ништо посебно различно од другите жени @staycalm не верувам дека е заради критики, едноставно морало да има повеќе време за "побитните личности". Најмногу време им е дадено на тие што се најслободни пред камера, на пеачките, јутјуберките, оние на кои што стварно требало да обрнат внимание се сите колку да помине ред ставени. Да можеле цело видое би го направиле за себепромоција, ама знаеле дека така ќе имаат многу критики, па гледале да вметнат по некои лице за диверзитет ваму-таму.
Многу ми е гајле, ни кој бил во спотот, ни кој ќе пеел, ни дека воопшто ќе сме настапувале на Евровизија ни ку*ац. Случајно наидов на темава.. не знам шо ме вркна на ваква површна тема да пишам.. ама ај.. Реков и чешит ќе потерам тро. Како сериозно ја имате сфатено работава, сенкир акцелератор ко во Церн, ќе градиме под Сујаклари! И вие ако снимате спот, сите до една, има да си го клајте детето во спотот! Глата ја сечам дека е така. И не! Не велам дека е во ред, туку.. ко шо реков.. дрн дупки ми е сето ова. Песната ко песна, арна е, и ајт сите
Песната не е мој стил на музика што ја слушам, а и ми звучи веќе многу познато и не ми е нешто посебно убава, ја слушнав еднаш и не ме ни привлече вторпат да ја пуштам. На Јана песната последниве 5-6год според мене беше најдобро нешто што го имавме ама во живо зафркнавме работа. Е сега може на Тамара дека и лежат вакви песни и има добар вокал, во живо можно е да има добар настап. Не ми се допаѓа што цела фамилија до 12то колено си ја собрала у спот, баш требало да се некои личности што не ги знае јавноста, поубаво ќе било. Секако нема да се пласираме у финале, јас не ни гледам ова веќе неколку години, освен по јт кога прелистувам песните што ќе се оваа година на Евровизија, за да најдам нешто за слушање. Не ќе е лошо следна година навистина да прекинеме да учествуваме на ова ама кој не слуша нас обичните смртници.
Да да, сигурно сите ја приметиле затоа што баш сите ја знаат. Важи. Иначе да, баш така напраи да звучиме, дека е нешто лошо, а во никој случај не е. Ниту пак некој рече дека треба намерно да се направи “претпознатлива”, кога тоа е нешто природно. Поентата на целиот спот е да се прати порака, и сосема логично е во таа смисла да се биде претпознатлив која е и што е. А за тоа како изгледа, и покрај машките црти, секоја чест.
Абе никој не е претпознатлив што е, тоа ми смета и мене во спотот, најмногу. Да, и јас би да биде спотот со повеќе анонумуси и да пише под секој што е. И до лекарки, и со професорки, и со домаќинки, и со студентки, и со самохрани родители и со пожарникарки, и да има као некоја порака, секоја на што е горда. Убаво звучи, нели? Вака никој не е препознатлив кој е. Ако е за трансџендер, да, Тијана повеќе личи на транс од девојката, ама ете, требало на некој друг начин да го решат тоа, а не "види, никој не знае што претставуваме ни една од девојките, оти сме еден куп јавни лица, ама ај ќе покажеме дека имаме едно трансродово, за да видат дека сме инклузивни". Не реков дека вие лошо рековте, туку дека не можеш само тоа лице да го издвоиш и да кажеш "Види, ова е трансродво лице, другито не е битно што се оти 4-5 од нив се пејачки". Сум за да се издвои дека е трансроводо, ама не на тој начин што само таа ќе биде издвоена. На начин на кој би можеле по нешто да се издвојат другите. Требало подобар избор на жени да направат, поголем диверзитет. И секоја да ја издвојат, да ја покажат што е, на било кој начин.
Скроз се сложувам тука. Може како почетна идеја звучело фино, ама реализацијата е недоречена. Тоа е што е. Да се надеваме на бољи сценски настап.
Песната е ОК како за Евровизија.Доколку изведбата и сценскиот настап се добри,може да оди понатаму. Лично не ми се допаѓа затоа што: -Не постои оригиналност независно дали се работи за композиција или изведба. Оригиналноста ми е битна.Делови од композицијата ми звучат на песната“I Want to Spend My Lifetime Loving You” во изведба на Marc Anthony и Tina Arena.Изведбата мириса на Мараја Кери. -Текстот е лоботомија.Дополнително,сакам текст и порака кои се однесуваат на општи феномени (без сегрегации),независно дали се работи за обединета Европа, љубов, омраза, слобода или човечки права. Пораката е секогаш посилна кога се однесува на целото. Критикиве на страна,штом Стојановска е во спотот,добар е.Ќе бидам субјективен,симпа ми е. She is so fine.
Абе џабе си вергламе тука. Требаше - не требаше.. небитни сме со аргументиве и бидна веќе. Прауд си е Тамара на ќерка и, сестра и и другарките и тоа е. Ќе видиме што ќе се деси во живо и ако и годинава не влеземе во финале и не направиме добар пласман (што е врло вероватно), мислам дека редно е веќе да бараме како народ да се прекине учество. Не е дека и за тоа некој ќе не слушне, како за се остало сме безгласни, ама крајно време е. Нема поента веќе да им правиме бесплатни екскурзии на едни те исти пејачи.
Џабе се лутите за фамилијава во спотов. Поминува оваа песна во финале. Поготово ако испее моќно на сцена,а може да испее .
Само уште Дарен и Мачка фалат... хахаха...ама сигг ќе се таму за подршка ... Песната не е лоша а ни тамара али немора каде она таму сестраи неккако боде у нерв на луѓево...