Песнава ке влезе во финале ако ја испее единствената претставничка на Малта,таа (ко) оперска певица што е Не знам зошто Хана е во спотот само.Премногу е мала и не е по своја волја таму,од каде потребата да и го гледа цела Европа детето.Многу непромислено и плитко ми е,наместо да си го “заштити” детето она во евровизиски спот го става
Песничкава за Евровизија ми звучи океј ( само немојте да ми се смеете сега ) , дури некако ме потсетува на песните на Адел , Шонтел , Сиа и сличните моќни пејачи . Гледав и неколку видеа од јутјубери , и мислам дека има потенцијал да се пласираме барем во финалето, а и според реакциите на јутјуберите , имаме големи шанси . Шо знам , мене ми звучи светски песната . Барем до сега не сме имале слична на оваа , со моќна порака, а богами и Тамара ги покажала вокалните способности ( бар за официјалното видео за Евровизија) . Останува да видиме што ќе се случи на теренот . Едит: И на Тоше , Life is a book . Сите други песни со кои сме претставувани на Евровизија , се смешен обид за светско а наше . П . С . И искрено се надевам дека нема да ја уништат со сценски изглед и настап.
Спотот како спот е добар, со емоции со сѐ. Претпоставувам дека жената со хиџаб е Мерсиха, жената на Јасмин Реџепи кој во 2009та за малку ќе беше убиен од израелски командоси кои упаднаа на турскиот хуманитарен брод Мави Мармарис. А сега таа, бар мислам дека е таа, учествува во спот чија песна треба да иде токму во Израел. Од друг агол гледано, песнава е сериозен кандидат за во финале.
Се повеќе и повеќе позитивни reviews има за песнава на јутјуб, се надевам сцената нема да ја утнат и годинава и конечно ќе влеземе у финале, ама многу треба да работат на тоа, за жал во второ полуфинале сме а второто е мноогу појако од првото..
Песната е добра, ми се допаѓа и знам дека Тамара би ја извела во нејзин стил со самоуверен и моќен настап. Само да не ја зезнат со дополнително "шминкање" на аранжманот демек за подобрувања некакви, ко шо знаеме да праиме пред конечното заминување на изборот. И секако сценскиот настап да остави впечаток, бидејќи е голем процент од целокупната изведба. Тоа... а да, и нека ја облечат нормално а не нешо као еве ќе експериментираме, ќе измислуваме топла вода
И јас сум за тоа да гледаат да биде добар сценскиот настап, сценските ефекти се тоа е плус. Баш затоа што други години не сме посветувале внимание на овие раб, а и те како се битни.
Eurovision 2014 Interview: Tamara Todevska (Macedonia 200 | wiwibloggs Wiwibloggs - клик ! ,,...What do you think of “Proud”? Are you proud of North Macedonia at Eurovision this year? Let us know in the comments below! ..,, основањето на сајтот од William Lee Adams и колегата Deban Aderemi се двајцата хомосексуалци! еве ги со минатогодишната победничка од Израел која со кокодакање како кокошка победи на Евровизија 2018 год, ама сепак јавно Netta ја добила наградата OUTtv по освојувањето на гласовите меѓу фановите на ЛГБТ натпреварот?? ...дали подршка на ЛГБТ групација ќе и донесе поени на Тамара Товдеска на Евровизија 2019 год - ќе видиме!
Се собале пријателки и роднини а вие тупите мозоци барајќи скриени пораки, кој лик што претставува во спотот?
Многу се занимавате со детали, спот ко спот очекувано дека ќе собере блиски, и друг да беше ќе го направеше, големо чудо, не дека некој гледа спотови. Песната е одлична, може и најдобра што сме ја пратиле до сега, као 10 години уназад идеме со некој лесен поп, ама ниедна од тие песни не останала во уво а па настапите се дам бетер, а освен Калиопи, Тоше и Каролина никој немал некои исклучителни вокални способности. Ако Тамара не го утне сценскиот настап и добро се покаже на претставувањето и интервјуата влага во финале сигурно (башка и ко северњаци некој бод плус)
Не го памтам него, тогаш сум се родиламада што нема он некој громогласен глас, иако таа песна е доста добра.
Е добро ама ја имаш слушано сигурно,и да од тоа што има пратено Македонија тие што ги кажа и Владета се за почит,се друго е како избегано од циркус и паднато на евровизиската сцена!
Песната е супер. Кога ја слушнав искрено се наежив. Не знам што ви смета толку. Не ја сакате Тамара може, ама факт е дека има предобри песни. Пр. Довидување таго и е предобра песна. За ќерка и и сестра и може мислите дека е претерано, ама многу познати пејачи си ставаат блиски луѓе на спот, плус Тијана е јавна личност, како и повеќето на спотот. Кажете ми спот кај што ставиле рандом луѓе. Еден негативен коментар на YouTube не видов од странци, се од наши... Едит: Видов коментар : Што направила Хана на 3 години за да е горда на неа. Срамота е ова да го кажете. Секој родител треба да е горд на своето дете се додека не почне со илегални активности.
Се согласувам скроз, инаку нам ни треба само добар сценски настап, години наназад сме имале добри песни ама настапите и облеката ужас! Good luck Tamara
Сценски треба да извадат жени, да биде едноставно а моќно и да импровизираат со светла. Аутфит колку поедноставем толку подобро, коа ќе ми текне Марија што носеше..