Ако имаш добар вокал и добра песна,сценскиот настап мање више и не е толку значаен,Марија беше пример за ова.
Читав коментари и јас и наидов на ова: се пресмеав пошо ми текна на коментарите од темава у секој случај, се надевам нема да ја довлечка сестра и на сцена пошо нели нема да има помошни вокали.
Не го гледам како изговор, ама годинава стварно треба нешто да изведеме прејако за да влеземе у финале. Во второ полуфинале уште пред да настапат гледам 8 земји кои сигурно ќе влезат во финале Најголемите фаворити се у второ, Албанија е единствена шо не пее на англиски а песната е гром, настапот сигурно ќе биде јак рачунај и албанија влегува и останува 1 место или да се деси чудо, некоја од тие 8 кои загарантирано влегуваат да не влезе па ние да влеземе
Така е,али не е пресудно. Марија излезе со 3,4 цури позади себе и издоминира пеејќи на српски .Немаше жонглери,кичерај па пак победи.
Во обложувалниците сме 22ро, ако доеме до кај 15то сигурно ќе влеземе у финале оти ќе гласаат луѓе за нас чим веќе се кладат
Јасно, ама се зависи и од колку јака година е во прашање. За да не се гледа толку на настапот треба да е песниште во прашање. Плус, евровизија е ова, настапот многу значи, ќе влезевме и ние у финале да не го сјебевме настапот лани и полани.
Во последниве години и те како се гледа настапот, а не толку песната и вокалот.. Да не се лажеме, изминативе години сите странски коментари беа за тоа, супер песни ама настап и сцена 0 затоа и не влегуваме во финале, а не пак нешто повеќе.
Мене тралалајкава ми е досадна.Ете,не ми се допаѓа,а и далеку е од мојот стил на музика.Како и да е,нека си победи.Тоа што секаде си пика другарици,сестрици,комшики тоа е друг муабет.Дали ќе беше поинтересно да стават обични луѓе во спотот?Да.Но,ете,нема.Убава е замислата,а и светско изгледа и видеото и мелодијата и гласот.Текстот е мех,ама ете фаците оти ние си ги знаеме можеби затоа толку ни сметаат. Ете,не знам.
Не ништо посебно, лошички бевме вокално споредбено со студио верзијата Работата е шо тоа немаше да е толкав проблем за неквалификација да имавме асален сценски настап, тоа ги вади мноогу натпреварувачи
Се чудам. Пуштаме песни за кои однапред знаеме дека се лоши и дека немаат шанси за победа. Незнам како мислиме да победиме на европско натпреварување, кога уште од старт се мести прво тука кај нас. Мислам дека на Тамара треба да и биде срам да оди повторно, откако претходно веќе еднаш била и не претставила катастрофално ( претпоследно место) Кога веќе не посрамоти, остави сега прилика за друг да му се сневиди. Малку ли и беше еднаш Спотот исто не ми се допаѓа. Лоша шминка, и мајтапење на луѓево особено сестриве Тијана и Тамара. Роднини еден куп, што ми е ептен непрофесионално. Тимов исто смешен. Роберт Билбилов колку што знам човеков не е некој докажан композитор кој направил некоја добра песна досега, па да му се даде таква шанса. Просечен пејач и толку. Коста Петров ??? Чекај Авторот од "Се гледаме на врвот" или грешка сум? Ако е така од каде па човеков за Евровизија?? Како и да е Петров си ја ставил и жена му во тимот. И што има овде професионално? Тато мести работа, за двете дади ако може да ги подбутне на 7-8 дена шетање до Израел. Ќе си го земе веројатно и мажот на државна сметка, па и детето да види како е, И Тијана веројатно исто. И овие исто со нив, А резултат никаков. Мене како целокупен проект ми е комплетно промашување. Оценка 2/10 Ќе почекам да видам како ќе изгледа сето тоа на сцена и дали ќе менуваат нешто, но мислам дека се ќе си биде вака многу лошо.
Секоја година пред да почне настанот има добри коментари од странци и секогаш испаѓа да сме последни или во последните на полуфиналните вечери . Јана имаше добра, певлива песна, отиде таму со ехото дека е трудна, се омажи, триста чуда направи освен тоа што требаше - добро да не претстави. Лани од стајлинг па до сценски настап и пеење, катастрофа. Годинава ќе видиме иако мислам дека пак нема ништо да направиме, има некоја мала надеж во мене само поради вокалните способности на Тамара. Спотот нема да го коментирам, се сте кажале .
Голема грешка ќе и биде ако и сестра и Тијана ја стави во билокаква улога Досадни се веќе кога се заедно, окапавме од слушање фалби и возвишувања и изливи на сестринска љубов.
Па според виолончелото што се слуша во песната, многу јасна е улогата на Тијана на сцена. Ептен провидно. Сите облечени во црно, Тијана со челото, и некои други жени се шеткаат на сцена. На крај се појавува Хана. Се надевам се лажам. Пак ја слушнав песната, истиот впечаток го имам. Досадна ми е.
Тоа и кас сакав да пишам, ќерка му во спот на другарка и Како и да е дечки, нас ни се може “фаци”, таму кога ги гледаат никој не ги знае и се анонимуси
Сестриве секогаш биле опортунисти, сакаат да си искористат муфте патување и ВИП третман. Ај што ми се тотално антипатични, туку и песнава и спотот ми се како веќе слушнато и видено - нема грам оригиналност.
Какво претпоследно место? Кога е тоа? Ја ко шо знам 10то место биле во полуфинале од телевоутинг арно ама жирито избрало друга држава да влезе (такво било правилото тогаш, жирито го бирало 10тиот) Според логикава сите освен една од државите не треба да учествуваат пошо само еден победник може да има. Комплетно промашување, 2/10 било бе. Пхахахахах 7/10 е песнава со спотот, не пријатели, и цела фамилија да ја збереше квалитетот на песната, текстот и пораката немаше да се намали.
Се појавува Хана и Тамара и пее на неа директно колку е горда, полна со емоции, додека таму публиката плаче, ние дома плачеме и сите плачат.